Истанбул

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Истанбул
İstanbul (Истанбул)
Најпознатите места во градот
Најпознатите места во градот
Mестоположба
Mестоположбата на Истанбул
Координати

Erioll world.svg 41°01′224″N, 28°58′33″E

Часовен појас
- лето
UTC+2
UTC+3
Општи податоци
Име
- изворно
- други имиња


Истанбул
  İstanbul (Истанбул)
турски: İstanbul
грчки: Κωνσταντινούπολις (Константинуполис)
латински: Constantinopolis (Константинополис)
Прво доселување 667 п.н.е.
Основан Мегарски колонии
Византиом
Стари имиња Византион
Нов Рим
Константинопол
Цариград или Стамбол
Повикувачки број (+90) 212 (Европска страна)
(+90) 216 (Азиска страна)
Портал Istanbul Portal
Управа
Земја  Турција
Покраина Истанбул
Градоначалник Кадир Топбаш (Партија на правдата и развојот)
Географија
Површина 1.830,92 km²
Клима умерена, океанска и суптропска
Население
Население 13.854.740[1][2] (2012)
Густина 6.211 ж./km²

Истанбул (турски: İstanbul; низ историјата познат и како Византион, старогрчки: Βυζάντιον, латински: BYZANTIVM; Константинопол, старогрчки: Κωνσταντινούπολις; Цариград, старословенски: Цѣсарьградъ) е најголемиот град во Турција и еден од најголемите градови во светот, со население од 13.854.740[3] жители. Истанбул, исто така е велеград, како и голем финансиски и културен центар во Турција и светот. Градот се наоѓа во истоимената покраина.[4] Градот е расположен на Босфорот, на границата помеѓу заливот Златен Рог и Мраморно Море, во северозападниот дел на земјата. Истанбул е единствената метропола во светот која се наоѓа на два континента: европски (Тракија) и азиски односно Анадолија.

Во својата долга историја, Истанбул служел како главен град на Римска Империја (330-395), на Источното римско (византиско) царство (395-1204 и 1261-1453), на Латинска империја (1204-1261), и Отоманска Империја (1453-1922). Градот беше избран за Европска престолнина на културата за 2010 година. Историските области на Истанбул се вклучени во Списокот на светско културно и природно наследство на УНЕСКО во 1985 година.[5]

Имиња на градот[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Имиња на Истанбул.

Во текот на својата историја, градот името на градот бил на неколку пати менувано.

  • Византион бил основан во 667 п.н.е. од страна на мегарските колонисти. Така бил наречен според нивниот владетел Бизас[6]. Од ова име подоцна произлегло и името на Византиската империја. За многу краток период градот го носел и името август Антонија кое било дадено од страна на императорот Септимиј Север во чест на неговиот син Антониј.
  • Нов Рим, градот своето име го добил по изборот за нова престолнина на Византија од страна на Константин I во околу 330 година[7] Alma Roma Ἄλμα Ῥώμα, Βυζαντιάς Ῥώμη, ἑῴα Ῥώμη 'Eastern Rome', Roma Constantinopolitana.[6]:354 Но ова име не се задржало многу во употреба. Самото име било користено во времето на Големата шизма.
  • Цариград e традиционалното словенско име на градот и како такво се среќава во сите словенски јазици. Во превод Цариград означува „град на царевите“. Ова име било користено и од страна на подчинетите Грци во Османлиската империја како и Стинполи („шетање во град“). Многу популарно име бил и Стамбол во времето на Османлиската империја.
  • Истанбул е име кое градот го добил по 28 март 1930 година и превратот во Турција. Самиот збор Истанбул означува „кон градот“[9].

Историја[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на Истанбул.

Рана историја[уреди]

Истанбул
Istanbul - Süleymaniye camii dal Corno d'oro - Foto G. Dall'Orto 28-5-2006.jpg

Оваа статија е дел од серијалот:
Политика на Истанбул



Во 2008 година, за време на градежните изградби на Истанбулското метро и тунелот „Мармарај“, односно на деловите на поранешниот Константинопол, била пронајдена непозната неолитска населба која датира од околу 6500 п.н.е.[10][11][12][13] Првата колонизација на околината околу денешниот град и во Анадолија била во времето на енеолитот, односно во периодот помеѓу 5500-3500 п.н.е. Прва населба која била населена е денешниот Кадиќој (Халкедон), од страна на Фенекијците. За основањето на градот постојат повеќе легенди. Според една, Бизас или Визас од Мегара, град блиску до Атина го основал градот. Тој со својата флота од неговиот град испловил кон североисток по Егејското море. Тој го прашал оракулот во Делфи каде точно да го основа својот нов град, а оракулот кажал: „кај слепците“. Тој точно не разбрал што всушност значело тоа. Но кога пристигнал на бреговите од Мала Азија на Босфорот, разбрал што значело истото. На брегот постоел грчки град по име Халкедон. Визас сметал дека жителите на градот се слепи бидејќи не гледале со каква земја располагаат само на неколку метри од другата страна на Босфорот. Така, тој таму го основал градот, и го нарекол по себе си Византион. Градот многу бргу станал основен трговски град поради својата географска положба и единствениот пат кој водел кон Црно Море. Покасно, Византион го презел Халкедон.

По нападот на Песцениј Нигер против победничкиот Римски император Септимиј Север, градот бил под опсада од страна на Римјаните и претрпел голема штета во 196 година. Византион бил обновен од страна на Север и брзо ги повратил својот претходен просперитет. За многу краток период градот го носел и името Август Антонија кое било дадено од страна на императорот Септимиј Север во чест на неговиот син Антониј.[14]

Византиска империја[уреди]

Локацијата на Византион најмногу му го привлекла вниманието на Константин I Велики во 324. Во текот на 3 век, Римската империја била опфатена со голема криза. Во тогашни услови, старата престолнина Рим немала услови да опстојува како таква во такви услови. Императорот Диоклецијан тоа многу добро го разбрал, и затоа во негово време тој со својата империја раководел од Никомидија во Мала Азија. Неговиот наследник, Константин I Велики бил прв император кој барал простор за изградба на новата престолнина. Според него, таа требало да се изгради на Босфорот, на местото каде се наоѓал античкиот грчки град Византион. Ова било местото кое Европа ја делел од Азија. Изградбата на новата престолнина започнала во 324 година. Лично Константин бил оној кој го направил планот на градските ѕидини. По само шест години, на 11 мај 330 година бил официјално основан градот под името Константинопол, градот на Константин. Од тогаш, тој исто така бил нарекуван и Нов Рим. Покасно, градот од страна на Словените бил наречен Цариград.

Поради добрата стратегиска и географска положба на градот, Константинопол станал огромен град за тоа време, скоро половина милион жители. Тој бил изграден во римски дух и традиција. За разлика од стариот Рим, новиот Рим бил не само римски туку и христијански. Во него биле изградени големи дворци, амфитеатри, аквадукти и христијански храмови. Една од најпознатата градба од раната историја на Константинопол е црквата Аја Софија, која била седиште на Цариградската Патријаршија, како духовен водач на православните христијани. Денеска, истата се наоѓа во населбата Фенер во Истанбул[15].

Историски територии на Истанбул*
Светско наследство на УНЕСКО
Држава  Турција
Тип Културни
Критериуми I, II, III, IV
Навод 356
Регион** Европа и Азија
Записно минато
Запис 1985  (9 заседание)
* Име според официјален запис на списокот.
** Регион според класификацијата на УНЕСКО.

Латинска империја[уреди]

Во 1204, односно во текот на Четвртата крстоносна војна, во походот кон Ерусалим, крстоносците го зазеле Константинопол.[16] Како една од причините за напаѓање на градот од страна на крстоносците била нивната финансиска зависност од Венеција, чии флоти требало да бидат транспортирани до бреговите на Светата земја. Поради недостаток на финансиски средства, крстоносците биле принудени од страна на Енрико Дандоло за напад кон градот, претходно зазимајќи го Задар. По преземањето на градот, бил ставен на еден начин крај на Византија. Од нејзините територии биле создадени три империи: Никејска империја, Трапезундска империја и Епирско деспотство. Во времето на Латинската империја, Константинопол бил изложен на постојано ограбување од страна на крстоносците. Голем број на реликви, мошти на светци и предмети од религиозно значење биле пренесени на запад во Европа. Во 1261 година, градот повторно бил заземен од страна на Византија во времето на Михаил VIII Палеолог.

Османлиска империја[уреди]

Во последните децении на Византиската империја, градот заедно со империјата западнале во голема финансиска криза. Долго време, градот постоел само како град-држава, кој бил опколен од Османлиската империја. Војската која го бранела Константинопол била мала. Имала околу 7000 луѓе под оружје од кои околу 2000 биле странци. Во моментот кога започнала османлиската опсада, заедно со бегалците од околината, популацијата изнесувала околу 50.000 луѓе[17].

На почетокот на опсадата, Мехмед II ги испратил неговите најдобри единици да ги редуцираат преостанатите упоришта на Византијците кои се наоѓале надвор од градот. Тврдината Терапија на Босфор и малиот замок во селото Студиус, во близина на Мраморното море, биле заземени за само неколку дена. Островот на принцовите, во Мраморното море, бил заземен од страна на флотата на адмиралот Балтоглу.[18] Во ноќта на 28 април бил направен напор да се уништат отоманските бродови кои веќе се наоѓале во Златниот рог, но Османлиите биле предупредени за нападот и ги присилиле христијаните, кои претрпеле големи загуби, да се повлечат. Од тогаш одбраната на градот била преморана да ги брани и ѕидините кои гледаат на страната на Златниот рог. Со тоа одбраната на останатите ѕидини била ослабена. Згора на тоа, непристапноста на морето значела и неможност за лесно доаѓање до храна. Па така храната започнала да претставува проблем во градот. Сега надежта на бранителите била свртена кон Венеција и кон вербата дека нивните браќа од Западот нема да ги остават сами во оваа битка и дека ќе ја испратат ветената помош.

На 3 мај Константин XI испратил еден мал венециски брод кој, носејќи турско знаме, успеал неприметно да излезе од градот. Бродот се вратил во градот на 23 мај, повторно успевајќи да ја надмудри турската морнарица, но вестите кои со себе ги носел не биле добри. По три недели потрага немало никакви знаци дека помошта пристигнува – „одбраната на градот е оставена сама на себе“. На секој морнар поединечно Константин XI му заблагодарил лично. Тие можеле да отпловат на сигурно, но решиле да се вратат во градот каде ги чекала скоро сигурна смрт. На 28 мај додека отоманската армија за подготвувала за последниот напад, во градот биле одржани религиозни обреди од големи размери. Истата вечер, во црквата Света Софија, во атмосфера на исчекување се одржала и последната заедничка религиозна церемонија православните и католички христијани.[19] Османлиската војска брзо напредувала низ широките улици на градот. Минувајќи низ градот војската поминала и покрај црквата на Светите Апостоли во која Мехмед имал намера да постави нов патријарх со чија помош ќе можел полесно да ги контролира своите христијански поданици. Минувајќи низ улиците на градот војската конечно се собрала на плоштадот Августеум кој се наоѓал пред црквата Света Софија во која голема толпа од луѓе, во потрага по заштита од Бога, цврсто ги држела бронзените врати од внатрешната страна. Откако османлиите успеале да ја отворат вратата луѓето кои биле затекнати во црквата биле одвоени според нивната цена на пазарот на робје. Имало и силувања велат некои историчари.[20] Војниците се бореле и меѓу себе за да приграбат материјални добра. Според венецискиот хирург Nicolo Barbaro „во текот на целиот ден турците вршеле колеж над христијанското население во градот“.[21] На крајот Мехмед II наредил да престане дивеењето и ги испратил своите трупи надвор од ѕидините на градот.[22][23]

Градот во времето на Османлискиот период

Република Турција[уреди]

Кога Република Турција била основана во 1923 година од страна на Мустафа Кемал Ататурк, главниот град бил преместен од Истанбул во Анкара. Во раните години на републиката, Истанбул имал прилив на мал капитал. Сепак, почнувајќи од крајот на 1940-тите и почетокот на 1950-тите, Истанбул станал подложен на големи структурни промени, како на нови јавни плоштади (како на пример Плоштад Таксим), булевари и авении по целиот град. Понекогаш за нивна сметка биле срушувани и многу стари градби. Почнувајќи од 1970, населението на Истанбул започнало нагло да се зголемува, главно поради миграцијата на населението од Анадолија, со цел да најдат вработување во новоизградените фабрики. Овој ненадеен висок раст на населението во градот предизвикало голема побарувачка за домување, и голем дел од тогашните села или шуми станале дел од градот. Нелегалното градење, придонеле 65% од зградите во Истанбул да бидат изградени без соодветно планирање.[24] Загриженоста на ова се зголемила по земјотресот во Измит на 17 август 1999 година[25] и големите поплави од 9 септември 2009 година.[26]

Географија[уреди]

Локација[уреди]

Местоположбата на градот помеѓу Босфорот

Истанбул се наоѓа на северо-западниот дел во Турција. Градот го опфаќа јужниот дел на Босфорот, на границата помеѓу заливот Златен Рог и Мраморно Море, во северозападниот дел на земјата. Истанбул е единствената метропола во светот која се наоѓа на два континента: европски (Тракија) и азиски односно Анадолија. Градот покрива површина од 1.830,92 квадратни километри (707 sq mi), а покраината Истанбул пак опфаќа 5.196 km².

Геологија[уреди]

Истанбул се наоѓа во близина на Анадолската линија, која пак се протега од северна Анадолија до Мраморно Море. Околу овој регион се притиснати две тектонски плочи од Африка и Евроазија. Оваа крива линија е одговорна за неколку смртоносни земјотреси во регионот во текот на историјата. Во 1509 година катастрофален земјотрес предизвикал цунами кој избил над ѕидините на градот, уништувајќи повеќе од 100 џамии и убивајќи повеќе од 10.000 луѓе. Во 1766 Ејуп Султановата џамија во голема мера била уништена. Во 1894 година земјотресот предизвикал колапс на многу делови на Големата чаршија. Во катастрофалниот земјотрес на 17 август 1999 година, со епицентар во близина на Измит, починале 18.000 луѓе.[27] Сеизмолозите предвидуваат уште еден земјотрес, кој според евентуалното мерење бил требало да се случи пред 2025 година и истиот би требало да биде со силина од седум степени.[28]

Флора[уреди]

Истанбул, кој се наоѓа во Мраморниот регион има умерена клима. Но, поради својата географска положба и географска должина, има и „транзиционална клима“, која клима ги опфаќа океанската клима преку Црното Море, континенталната клима преку Балканскиот полуостров и суптропска сува клима на југозападниот дел од градот. Благодарение на постојаната влажна клима во Истанбул, во овој регион се сконцентрирани палеарктиските растенија, особено во северните области во близина на црноморското крајбрежје. Зголемување на медитеранската флора е забележана во потоплите подрачја јужно од градот, особено на Принцевските Острови, единственото место во Истанбул со претежно медитеранска вегетација.

Истанбул претставува вистинска и доминантна биома, главно поради умерените широколистни и мешани шуми, од каде започнуваат Балканските мешани шуми кои пак главно припаѓаат на Европско-Сибирскиот екорегион на Палеарктиската Екозона. Според турската Генерална дирекција за шумарство, 44% од покраината на Истанбул е покриена со шуми.

Доминантен вид на дрво е дабот, и истиот се среќава во три вида: обичниот даб, кињак и уУнгарскиот даб. Ориенталната бука е забележана во северните области во близина на брегот на Црното Море. Други вообичаени видови дрвја кои живеат во оваа област се: габер, костен, див костен, питом костен, бела топола, платан, црна евла, леска, чинар, клен и тн.

Со околу 2.500 различни природни растителни видови, Истанбул еденод ретките градови во Европа кој има толку голем број на растенија. Ова значи дека Истанбул е дом на повеќе од една четвртина или на околу 10.000 видови растенија кои растат во Турција. Некои од нив се ендемични растенија, со други зборови, тие живеат само во Истанбул и никаде на друго место во целиот свет.[29]

Фауна[уреди]

Истанбул има релативно богата фауна. На шумското пристаниште има 18 видови цицачи и над 71 видови птици. Постои и забрана за лов на истите. Во шумите најчестите цицачи се дива свиња, сив волк, златен чакал, црвена лисица, елен, елен лопатар и срна. Црвената верверица е населена само европскиот дел на Истанбул и Турција, каде Босфорот ја одбележува границата на нивните живеалишта во опсег.[30]

Доминантната видови птици во градот се галебот и чавката, кои практично го формираат делот од градскиот пејзаж. Други вообичаени видови птици се градскиот гулаб, гугутка и врабец.

Истанбул има посебно голема популација на мачки скитници и кучиња.

Клима[уреди]

Градот покриен со снег

Истанбул има умерена клима, но се наоѓа во рамките на климатската транзициска зона[31] помеѓу океанска и суптропска клима. Во летото времето во Истанбул е жешко и влажно, температурата во месеците јуни и септември во средна вредност изнесува 28 °C (82 °F). Во текот на зимата, климата е студена, влажна и со чести снежни врнежи. Средната температура се движи околу 5 °C (41 °F). Просечната годишна влажност изнесува 79%.[32] Просечни годишни врнежи изнесуваат 844 мм.[33] Во летните периоди не постои вистинска летна суша бидејќи дождот се појават во текот на целата година, кое означува дека и климата не е медитеранска. Снежните врнежи се доста застапени во периодот од декември до март, и најчесто траат од една недела до две, со исклучоци. Градот е исто така доста ветровит, со просечна брзина од 17 km / h (11 mph).[34][35]

Во текот на историјата, најниската температура која била измерена некогаш е −16,1 °C, на 9 февруари 1927 година. Од друга страна пак, највисоката температура која некогаш била измерена е 40,5 °C, на 12 јули 2000 година. На 9 септември 2009 година, во месноста Санаториум бил измерен најголемиот деноноќен врнеш во историјата на градот, од 342 минути без престан.

Клима на {{{Место}}}
Показател Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек

Градски пејсаж[уреди]

Границите на градот во 1922 година
Поглед кон најпознатиот дел од градот

Истанбул има 39 населби (2009), од кои 27 се во градот Истанбул, кои сите заедно го формираат Големиот Истанбул, или Општина Истанбул. Истанбулските окрузи се поделени во три главни области:

  • Историскиот полуостров на стариот Истанбул, кој отприлика датира од времето на Цариград во 15 век. Стариот град се состои од населбите Еминону и Фатих. Оваа област се наоѓа на јужниот дел од бреговите на Златниот Рог, што ја одделува од стариот градски центар на севрен и современите делови и градби од европска земја. Историскиот полуостров завршува со Теодосиевите ѕидови на запад. Полуостровот е опкружен од страна на Мраморно Море на југ и на влезот на Босфорот на исток.
  • Северно од Златниот Рог се наоѓаат историските населби Бејоглу и Бешикташ, во кои се наоѓа последната палата на султанот. Овде се наоѓаат и поранешните села Ортаќој и Бебек, односно по должината на бреговите на Босфорот. Од двете страни на Босфорот, азиски и европски, се наоѓаат богатите истанбулски луксузни градби, наречени Гали кои биле користени како летни резиденции.
  • Населбите Ускудар (древен Крисополис) и Кадиќој (древен Халкедон), кои се наоѓаат на азиската страна, во почетокот егзистрале како оделни градови и истите во текот на историјата биле заземени од страна на византиските императори или османлиските султани. Денес, на азиската страна од градот има изградено голем број на современи станбени области и бизнис области, и овој дел е дом на околу една третина од населението во Истанбул.



Урбанизам[уреди]

Поврзано: Листа на урбански центри во Истанбул

Урбанистичкиот план на Истанбул постојано се менува. Во грчкиот, римскиот и византискиот период, градот во голема мера бил сконцентриран на историскиот полуостров во Константинопол. Кулата Галата (исто така позната и како Пера, во денешно време Бегоглу) била сместена на север, Крисополис (Ускудар) и Халкедон (Кадиќој) на исток, преку Босфорот. Во античко време, сите овие градови биле независни едни од други, односно оделени во целина. Денешниот град Истанбул може да се смета како метрополитска област на стариот Константинопол, кој ја опфаќа секоја населба околу оригиналниот град, кој со своето проширување во текот на 19 век, сите овие области биле приклучени кон градот.

До почетокот на 19 век, градските ѕидини на Галата, средновековната џеновска цитадела, користеле за одбрана на градот. Овие џеновски тврдини (од кои само Кулата Галата и мал дел од ѕидовите околу него се задржани до ден денес), во голема мера биле срушени во почетокот на 1800-тите, преку кои бил направен патот за проширување на север од градот, кон денешните населби Бешикташ, Шишли, Нишанташи и други.

Во последниве децении биле изградени многу високи градби околу градот, кое придонело до брз пораст на населението. Околните градови биле апсорбирани во Истанбул, од кое се заклучува дека градот бил проширен и од неговата надворешна страна. Највисоките многукатни згради, канцелариски и станбени објекти најчесто се наоѓаат во северните области, односно во европскиот дел на градот, особено во бизнис центрите на Левент, Маслак, и Мецидиекој, која се наоѓа помеѓу Босфорскиот мост и Мостот Фатих Султан Мехмет. Левент и Етилер исто така имаат голем број на трговски центри, како Канјон, Метросити, Акмеркез и.т.н. Седиштето на најголемите турски компании и банки исто така се наоѓаат во овие области.

Почнувајќи од втората половина на 20 век, азиската страна на Истанбул, која првично била мирно место каде се наоѓале летните резиденции и домот, опкружени со борова шума, доживеала голема урбанистичка промена. Изградбата на долгата и широка улица Багдат, заедно со голем број на продавници и ресторани, придонеле многу за почетната урбана експанзија во регионот. Фактот што овие области биле главно празни до 1960-тите, веќе во следните години се обезбедило можност за развој на подобра инфраструктура и урбанистички план, во споредба со повеќето други населени места во градот. Но, вистинското проширување на азиската страна дошло најмногу со отворањето на патот кон Анкара, продолжување на Е5 автопатот, кој се наоѓа на север од улицата Багдат, паралелно на железничката линија. Друг важен фактор кој го предизвикал неодамнешниот пораст на азискиот дел од градот била миграцијата од Анадолија. Денес, повеќе од 1/3 од жителите на градот живеат во азиската страна на Истанбул.

Како резултат на експоненцијалниот раст на градот во текот на втората половина на 20 век, значителен дел од периферијата на градот се состои од т.н. ѓечекондус, турски збор за градба создаден во 1940 година што значи „изграден преку ноќ“ и се однесуваат на нелегално изградените објекти. Во моментов, овие градби постепено се рушат и истите се заменуваат со модерни архитектурни легални објекти.

Архитектура[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Архитектура на Истанбул.

Низ својата долга историја, Истанбул има добиено репутација како еден од најголемиот центар од најразновидни архитектонски стилови. Како резултат на тоа, постојат многу историски џамии, цркви, синагоги, дворци, замоци и кули. Некои од овие историски градби, денеска го претставуваат срцето на градот и истите се најголемите туристички атракции на современа Турција.[36]

Античка Грција и Рим[уреди]

Познатата Леандерска кула, е еден од симболите на Истанбул. Кулата била изградена во времето на Алкивиад во 408 п.н.е. целта на изградбата била поголема контрола на движењата на персиските бродови во теснецот.[37] Тогаш кулата била лоцирана помеѓу античките градови Византион и Ускудар. Кулата подоцна била проширена и изградена како тврдина од страна на византискиот император Алексеј I Комнин во околу 1110 година, а истата била обновувана и на неколку пати за нијанса изменувана од страна на отоманските Турци, позначајно во 1509 и 1763.[38] Кулата со векови се користела како светилник. Денеска, во внатрешноста на кулата има кафуле и ресторан, со одличен поглед кон поранешната римска, византиска и отоманска престолнина.[39]

Еден од најзначајните споменици на Римската архитектура во градот е Колоната на Константин (турски: Çemberlitaş), која била изградена во 330 година од страна на Константин I Велики за одбележување на новиот главен град на Римската империја.[40]

Другите градби кои потекнуваат од римскиот период се аквадуктот Валент, Готската колона, Големата палата во Константинопол која претставувала голема империјална палата во југоисточниот дел на денешниот Стар Истанбул (односно населбата Фатих) и истата служела како главна резиденција на византиските императори во периодот од 330-1081 година, Хиподромот во Константинопол кој бил изграден во 3 век за време на владеењето на Септимиј Север и.т.н.

Изградба на Цариградските ѕидини започнале да се градаат во времето на Константин Велики[41], чија цел била одбрана на Новиот Рим од непријателот. Ѕидините на градот биле продолжени и обновени во времето на византискиот император Теодосиј II, кој ги обновил по земјотресот во 447 година, и како такви во голема мера се задржиле до денес. Колоната на Маркијан (турски: Kıztaşı) била изградена од страна на императорот Маркијан (450-457).

Византиска уметност[уреди]

Поврзано: Византиска архитектура
Поврзано: Список на византиски споменици во Истанбул
Црквата посветена на Света Ирина датира од 4 век, и била првата црква која била изградена од Константин по преместувањето на престолнината

Раната византиската архитектура се карактеризира со класичните римски модели на арки и куполи. Како една од првите цркви кои биле изградени во новата престолнина на Источното римско царство била црквата Света Ирина во 4 век односно во времето на Константин I Велики. Од раната византиска архитектура, освен црквата Света Ирина, се одвојуваат и црквата Мала Света Софија и црквата Голема Света Софија кои датираат од 6 век во времето на Јустинијан I. Црквата Аја Софија била најголемата градба во тоа време. При осветувањето на црквата на 27 декември 537 година, се вели дека Јустинијан ги изрекол следните зборови: „Соломоне, јас те надминав“, мислејќи на Храмот на Соломон во Ерусалим.

Црквата Света Софија, која подоцна била претворена во џамија, била изградена во времето на Јустинијан

Според археолошките ископувања во Големата палата во Константинопол, која се наоѓала веднаш до Аја Софија, биле пронајдени голем број на мозаици и ѕидни декорации, кои денеска се прикажани во Музејот на Мозаикот од Големата палата. Во близина на оваа локација се наоѓала и кулата Магнаура, врз која сѐ уште се вршат археолошки ископувања[42]. Големата палата била изградена во времето на Константин Велики, но истата градба на неколку пати била проширувана, а најголемото свое проширување го имала во времето на Јустинијан. Палатата Букелеон, алтернативно позната како Палата на Хормизд, била изградена во времето на Теодосиј II во 5 век, а во времето на Теофил во текот на 9 век била проширена, а во текот на 10 век во времето на Никифор II Фока биле изградени ѕидините околу големата палата, и самиот Букелеон бил сместен во дворскиот комплекс.[43] На источниот дел од големата палата се наоѓал Хиподромот, кој исто така бил поврзан директно со Големата палата.[44][45]

На местото на денешната Света Софија, црква постоела уште од времето на императорот Константин I, која била започната да се гради уште во 325 година. Но црквата горела до темел два пати, вториот пат од пожарите за време на Бунтот Ника во времето на Јустинијан I во 532 година. Целата внатрешност на црквата била украсена или со злато или со некој скап вид на мермер. Многу од мермерните плочи биле донесени од стари храмови од античките градови во Мала Азија. Во август 553 и на 14 декември 557 година, два земјотреси во Константинопол предизвикале пукнатини на главната купола и на источниот свод. По уште еден земјотрес на 7 мај 558 година, главната купола целосно се урнала. Јустинијан веднаш наредил да се направат поправки, кои се завршени дури во 562 година. По завршувањето на поправките, била повторно осветена од патријархот Евтихиј на 23 декември 562 година. Одтогаш, црквата го има денешниот изглед. Внатрешните мозаици биле направени во времето на Јустин II (565578). Црквата Мала Света Софија, која според податоците била меѓу првите цркви во градот, била земена како модел при изградбата на црквата Света Софија.

Во раната византиска архитектура, исто така се издвојува и градбата цистерна Базилика, која во времето на Византија, оваа подземна цистерна го снабдувала Константинопол со вода. Се наоѓа помеѓу поранешниот Хиподром и Аја Софија, а позната е по своите столбови. Цистерната е долга 146 метри, широка 65 метри и зазема површина од 9.800 m². Во текот на 462 година бил изграден и манастирот посветен на Свети Јован Крстител, кој денеска се наоѓа под урнатини и рушевини.

Можеби една од најстарите византиски градби бил затворот Анемас[46], изграден во времето на Ираклиј I (610-641). Градбата се наоѓала во ѕидините на Влахерна, на западниот крај на Константинопол, во близина на ѕидовите на Теодосиј II. Името „Анемас“ доаѓа од Михаел Анемас, византиски војник кој се обидел да убие императорот во 1107, но бил фатен и затворен на ова место. Палатата на Константин Порфирогенит (турски: Tekfur Sarayı) е единствената градба која е зачувана до денеска од Влахерна, и истата датира од периодот на Четвртата крстоносна војна. Палатата Букелеон била примарна за престој на латинските императори во Константинопол во периодот од 1204 до 1261 година.

По повторното зазимање на Константинопол на сметка на крстоносците во 1261 година, византиските императори Големата палата ја посретнале речиси целосно напуштена. Главната византиска резиденција била преместена во Букелеон, која се наоѓала во западниот дел на градот. Најважните цркви, кои биле изградени по византиското повторно заземање на Константинопол во 1261 година се: манастирот Богородица Памакаристос и црквата Исус Спасител. Исто така во овој период, Џеновската популација во 1348 година ја обновила Кулата Галата, која се наоѓа во областа Галата, северно од Златниот Рог. Тогаш кулата била наречена Christea Turris (односно Кулата на Христос). Од овој период датира и замокот Јорос.

Османлиска архитектура[уреди]

Поврзано: Османлиска архитектура
Топкапи Сарај била резиденција на османлиските султани

Во текот на османлискиот период во градот биле изградени безбројни објекти од најразличен карактер. Во 1394 година, во Анадолија (време кога градот сѐ уште не бил под власта на Османлиите) бил изграден Анадолски Хисар на азиската страна од денешниот град (тогаш област) и Румелихисар на европската страна во 1452 година, на само една година пред освојувањето на Константинопол од страна на Османлиите. Основната цел на овие замоци, кои биле опкружени со најразлично оружје, била да се блокира поморскиот сообраќај на Босфорот и да се спречи пристигнувањето на бродови од џеновските колонии преку црноморското пристаниште на денешните украински градови Кафа, Синоп, и Амарса кои доаѓале за да им помогнат на Османлиите во турската опсада на градот[47]. Првата џамија која била изградена на европска страна во Константинопол била во внатрешноста на Румелихисар во 1452 година.

По отоманското освојување на градот, султанот Мехмед II наредил да се изготви голем план за промена на архитектурниот изглед на градот. Во ова време започнале да се градат Топкапи Сарај, Голема чаршија, златната порта (главна порта за влез во градот).


Првата џамија која била изградена во градот од страна на Османлиите била Ејуп Султан џамија во околу 1459 година. Џамијата била изградена на местото на гробот на Ајуб Абу ал-Ансари, придружник на пророкот Мухамед кој загинал надвор од земјата во 669 година[48], во текот на првите престрелки во опсадата на Константинопол од страна на Арапите чија цел била да го преземе градот. Првата царска џамија во внатрешноста на градските ѕидини била Фатих џамија (1470) која е изградена на местото на Црквата на Светите апостоли, важна византиска црквата во времето на Константин Велики. Многу други царски односно султански џамии биле изградени во следните векови, како на пример познатата Сулејманова џамија (1557), која била посветена на Сулејман Величенствениот и дизајнирана од страна на османлискиот голем архитект Синан, Султан Ахмедовата Џамија (1616) која исто така е позната како Сината џамија поради сините плочки кои стојат во нејзината внатрешност. Таа е првата џамија во Османлиската империја, која има 6 минариња. Во 1597 година била изградена и третата т.н. султанска џамија, наречена џамија Јени.

Во текот на 18 век и 19 век, отоманските традиционални архитектонски стилови постепено започнале да се заменуваат со европски стилови, како на пример во барокски стил бил изграден ентериетор на Палата Ајналикавак (1677-1679) и Нуруосманлиската џамија (1748-1755, првата барокна џамија во градот, исто така позната по својата барокна фонтана). Во текот на 18 век, во Топкапи Сарај бил додаден женскиот харем, исто така во стил на барокот. По танзиматските реформи кои ефективно го започнале процесот на европизација на империјата во 1839 година, новите палати и џамии биле градени во стил на Неокласика, Барок и Рококо. Од ова време датираат палатите Долмабахче и Бејлербејски дворец, како и Џамија Ортаќој.[49] Најпознати градби од 20 век кои биле изградени во денешниот Истанбул се: Палата Јилдиз, Палата Хедив и.т.н.

Администрација[уреди]

Поврзано: Список на градоначалници на Истанбул


Моменталниот градоначалник на Истанбул е Кадир Топбаш, кој служи како префект на градот.[50] Гувернатор на целата покраина Истанбул е Муамер Ѓулер[51].

Метрополитскиот совет е одговорен за сите органи на локалната власт кога станува збор за донесување на одлуки.[52] Структурата на т.н. метрополска влада се дели на три главни органи: Градоначалник (кој се избира на секои пет години), Општински совет, кое претставува тело кое ги донесува одлуките заедно со градоначалникот на градот и градоначалниците на сите населби на градот, и Извршен комитет. Исто така постојат три вида на локални власти: општински, покраински и административни. Помеѓу локалните власти, општините добиваат поголема важност.

Општинската зграда на Истанбул се наоѓа во населбата Фатих, чија изградба започнала на 17 декември 1953 година и била завршена и отворена на 26 мај 1960 година. Зградата наскоро ќе биде срушена и заменета со нов објект[53].

Демографија[уреди]

Поврзано: Демографија на Истанбул

Населението на метрополата во периодот од 1985 до 2005 година се зголемило дури три пати. Околу 70% од цело население на градот живеее во европскиот дел и околу 30% во азискиот дел. Поради високата невработеност во југоисточниот дел на Турција, многу луѓе од регионот, мигрирале кон Истанбул, каде што тие самите ја основале периферијата на градот. Мигранти, главно од источна Анадолија пристигне во Истанбул очекувајќи подобрување на условите за живот и нивно вработување. Но, истото на крај завршило со многу мал успех.

Градот денеска има население од 11.372.613 жители според последниот попис кој бил направен во 2007 година[2], е еден од најголемите градови во светот денес. Стапката на пораст на населението во градот во моментов е 3,45% годишно во просек, и истата главно се должи на приливот на луѓе од околните средини. Густина на население во Истанбул е 2.742 население на квадратен километар (1.700 по квадратни километри)[54] Поголемиот дел од населението на градот се етнички Турци. Курдите го сочинуваат најголемото етничко малцинство во градот. Постојат неколку милиони Курдски мигранти од разни села во Истанбул.[55]

Историски градот во текот на раниот Среден век, е најголемиот град во светот, и е еден од најзначајните градови во текот на поголемиот дел од својата историја (со исклучок на периодот на распадот на Источното римско царство, или Византија). Неговото геополитичко значење уште од античките времиња придонело претставниците на најразлични етнички групи од цела Европа, Азија и Африка да мигрираат во градот. Низ неговата историја, етничките Грци биле асимилирани или прогонети од градот.

Следниот преглед го покажува бројот на жители по години. Бројките во периодот од 1927-2000 се резултатите од пописите. Бројките од 2005 и 2006 година се базираат на компјутерски предвидувања.

Историска популација
Година Население
330 40.000
400 400.000
530 550.000
545 350.000
715 300.000
950 400.000
1200 150.000
1453 36.000
Година Население
1477 70.000[56]
1566 600.000
1817 500.000
1860 715.000
1885 873.570
1890 874.000
1897 1.059.000
1901 942.900
Година Население
1914 909.978
1927 680.857
1935 741.148
1940 793.949
1945 860.558
1950 983.041
1955 1.268.771
1960 1.466.535
Година Население
1965 1.742.978
1970 2.132.407
1975 2.547.364
1980 2.772.708
1985 5.475.982
1990 6.629.431
2000 8.803.468
2007 11.372.613
Istanbul-Population-Log.svg

Религија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Религија во Истанбул.
Џамијата Ортаќој во стил на необарокот

Урбаниот пејзаж на Истанбул е обликуван од големиот број на религиозни заедници. Исламот е најголема религија во градот. Освен исламската зедница, во градот опстојуваат и Православните христијани, Ерменските христијани, мал број на Евреи и Католици. Според пописот од 2000 година, во градот има 2691 активни џамии, 123 активни цркви и 26 активни синагоги, како и 109 муслимански гробишта и 57 немуслимански гробишта. Во некои окрузи на градот живеат поголем број на немуслиманско население, односно тие во овие окрузи се најголемо малцинство. Како пример за ова е Кумкапи каде живеат значителен број на етнички Ерменци, областа Балат во која живеат значителен број на еврејско население, Фенер каде живеат поголем број на православни христијани, и.т.н. Во некои региони, како на пример Кузгунчук, Ерменската црква е во непосредна близина со еврејската синагога, и од другата страна на патот пак се наоѓа Грчката православна црква и плус една џамија со неа.

Седиштето на Цариградскиот патријарх, Духовниот лидер на Грчката православна црква и првиот патријарх на Православните заедници во светот, се наоѓа во населбата Фенер. Исто така, со седиште во Истанбул се наоѓа и архиепископот на турската православна заедница, Ерменскиот архиепископ, и.т.н.

Муслиманите се најголемата религиозна група во Истанбул. Меѓу нив, сунитската форма е најзастапена, додека голем број на локални муслимани се Алевитите. Во 2007 година имало вкупно 2944 активни џамии во Истанбул.[57]

Во текот на својата историја, Истанбул бил седиште на исламскиот калифат, во периодот помеѓу 1517 и 1924 година, кога калифатот бил формално напуштен и сите негови ингиренции биле дадени на турскиот парламент. Во Турција и Истанбул е забрането носење шамии и слични религиски обележја на јавни места[58].

Внатрешноста на Црквата Свети Георги, седиште на Цариградската патријаршија

Градот е седиште на Вселенската патријаршија од 4 век, и продолжува да служи како седиште на некои православни цркви, како на пример Турската православна црква и Ерменската Патријаршија. Градот порано, исто така, бил седиште на Бугарската егзархија, која била создадена на 28 февруари 1870 година.[59][60]

Секојдневниот живот на христијаните, особено на Грците и Ерменците кои живеат во Истанбул, значително се променил по падот на империјата, чие губење на територии во полза на Грција започнало во 1820 и продолжило во следниот век. Меѓусебните конфликти помеѓу христијани и муслимани, својата кулминација ја достигнала во периодот меѓу 1912 и 1922 година, за време на Балканските војни, Првата светска војна и Турската војна за независност. Христијанското население се намалило од 450.000 на 240.000 во периодот помеѓу 1914 и 1927 година.[61] Денес, поголемиот дел од етничките Грци или Ерменци во Турција живеат во или во близина на градот Истанбул. Бројот на турските Ерменци во Истанбул денеска изнесува околу 45.000[62] (не вклучувајќи ги речиси 40.000 ерменски работници во Турција, кои дошле од Ерменија по 1991 година и главно живеат и работат во Истанбул)[63]; додека грчката заедница, која изнесувала 150.000 граѓани во 1924 година[64], во моментов изнесува околу 4.000 граѓани.[62] Постојат, исто така, 60.000 истанбулски Грци кои во моментов живеат во Грција, но сепак го имаат задржено турското државјанство.

Сефарадските Евреи живееле во градот за повеќе од 500 години. Тие побегнале од Пиринејскиот полуостров за време на Шпанската реконквиста од 1492, кога тие биле принудени да го прифатат христијанството по падот на Ал Андалуз. Тие биле прифатени од страна на османлискиот султан Бајазит II (1481-1512). Повеќе од 200.000 евреи се населиле прво во Тангер, Алжир, а подоцна во Солун и конечно во Истанбул. Султанот дал право над 93.000 Шпански Евреи да се засолнат во Отоманската империја. Уште една голема група на Евреи пак дошле од јужна Италија која била под контрола на Шпанија. Италијанската синагога, која се наоѓа во Галата, претставува верски храм на околу 20.000 еврејски верници. Во градот има околу 23 синагоги, а најпознати се: Синагога Нев Шалом, Синагога Ашкенази и други.

Економија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Економија на Истанбул.


Освен тоа што најголемиот град и поранешен главен на земјата, Истанбул отсекогаш бил центар на економскиот живот во Турција, поради неговата локација, како спој на меѓународните земјишта и морските трговски правци. Истанбул е исто така во Турција најголем индустриски центар. Градот зазема околу 20% од турскиот индустриски труд и придонесува за 38% од вкупниот процент на работнас сила. Истанбул и околината се познати по производство на памук, овошје, маслиново масло, свила, и тутун. Преработка на храна, производство на текстилни производи, нафтени деривати, гума, метал, кожа, хемикалии, фармацевтската индустрија, електроника, стакло, машини, автомобили, превозни средства, хартија и производи од хартија, и алкохолни пијалоци се меѓу главните индустриски производи. Според списание Форбс, во Истанбул живеат вкупно 35 милијардери, според податоци од март 2008 година, и според оваа категорија, градот се наоѓа на четвртото место во светот.[65]

Првично основана како Отоманска берза (турски: Dersaadet Tahvilat Borsası), во 1866 година, и реорганизирана на почетокот на 1986 година, Истанбулската берза (ISE) е единствената која тргува со хартии од вредност на пазарот на Турција.[66] Во текот на 19 век и почетокот на 20 век, улицата Банкалар Кадеси која се наоѓа во Галата, станала голем финансиски центар на Отоманската империја, каде што се наоѓало и седиштето на Отоманската Централна банка (се одржа како Банка-и Османи во 1856 година, а подоцна и реорганизирана како Банка-и Османи-и Шахане во 1863 година[67] и Отоманската берза од 1866 година.[68] Банкалар Кадеси продолжува да биде и денеска главната финансиска област во градот. Во почетокот на 1990-тите години, со развивањето на банкарските услуги, турските банки започнале свои филијали да отвараат и во други места на градот како Левент или Маслак[68] In 1995, the Istanbul Stock Exchange moved to its current building in the Istinye quarter.[69]

Податотека:Skyline of Maslak in Istanbul on June 23 2005.jpg
Маслак, еден од најголемите финансиски зони во градот

Денес, градот генерира 55% од турската трговија и 45% од трговијата на големопродажба, 21,2% од турскиот бруто национален производ. Истанбул придонесува 40% од вкупните даноци собрани во Турција и произведува 27,5% од турските национални производи. Во 2005 година, градот Истанбул, имал БДП од 133 милијарди долари.[70] Во 2005 година, вкупниот извоз на компаниите со седиште во Истанбул бил $41.397.000.000, а увозот бил во вредност од $69.883.000.000; и самите проценти на ниво на целата република зазимаат до 56,6% и 60,2%[71].

Истанбул е еден од најважните туристички места во Турција и светот. Постојат илјадници хотели и други туристички ориентирани индустрии во градот, проследени со големиот број на објекти што се од културен карактер. Во 2006 година вкупно 23.148.669 туристи ја посетиле Турција, од кои повеќето од нив во земјата влегле преку морските пристаништа или преку аеродромите на Истанбул и Анталија.[72] Вкупниот број на туристи кои што влегле низ аеродромот Истанбул Ататурк и Сабиха Ѓукчен во Истанбул достигнал 5.346.658.[73] Истанбул е исто така е град на светските големи конференциски дестинации и е се повеќе популарен избор за водечките светски меѓународни асоцијации.[74]

Јавни установи[уреди]

Образование[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Образование во Турција.
Истанбулскиот универзитет

Истанбул ги поседува некои од најдобрите институции на високото образование во Турција, вклучувајќи и повеќе од 20 јавни и приватни универзитети. Повеќето од реномираните универзитети се јавни, но во последниве години има, исто така, пораст на бројот на приватните универзитети. Истанбулскиот универзитет, кој бил основан во 1453 година, е најстарата образовна институција во градот[75], додека Техничкиот универзитет во Истанбул (1773) е третиот најстар технички универзитет во светот кој е посветен целосно на инженерските науки.[76] Други истакнати и познати државни универзитети во Истанбул се Универзитетот Богазичи, Универзитетот за ликовни уметности Мимар Синан, Техничкиот универзитет Јилдиз и Универзитетот Мармара. Најпознати приватни универзитети во градот се: Универзитет Коч, Универзитет Шабанџи Меркез, Трговски универзитет во Истанбул, Бакчешехир универзитет, Џедитепе универзитет, Кадир Дали универзитет, Догус универзитет и Билги универзитет.

Речиси на сите турски приватни средни училишта и универзитети во Истанбул се учи на англиски, германски или француски јазик како основен странски јазик. Галатасарај Лисеси, основан во 1481 година како Галата Сарај Ендеруну Хумајун, а подоцна познато и како Галатасарајска школа на владетели, е едно од најстарите турски средни училишта во Истанбул и втора најстара турска образовна институција во градот. Истанбул Лисеси, исто така, позната како Истанбул Еркек Лисеси (основана во 1884), со кратенка İEL, е едно од најстарите и меѓународно признато средно турско училиште кое се наоѓа во Истанбул. Гимназијата Кулели е единствената воена гимназија во Истанбул.

Анадолу Лиселери (Анадолски средни училишта) првично биле опремени за турските деца кои се враќале дома од странските земји, како на пример Ускудар Анадолу Лисеси, каде германскиот се изучува како странски јазик во основната и техничката настава. Ејуп Анадолу Лисеси е еден од првите шест специјални колеџи кој е основан во 1950-тите години низ целата територија на Турција. Исто така има и многу странски средни училишта во Истанбул, од кои повеќето биле основани во 19 век, со цел да се овозможи образование на странците кои живеат во Истанбул. По основањето на Република Турција, поголемиот број од овие училишта отишле под управа на турското Министерство за образование, но некои од нив се уште имаат значителна странска администрација, како на пример Лецело Италијано Статале И.М.И. (ÖZEL İtalyan Lisesi) кои се уште се смета за држава училиште од страна на Владата на Италија и продолжува да добива финансирање и наставници од Рим.[77] Исто така, во градотѕ постои и Колеџот Роберт, кој бил основан во 1863 година.

Во градот има голем број на библиотеки, кои содржат огромна колекција на историски документи од римскиот, византискиот и отоманскиот период, како и од другите цивилизации од минатото. Најважните библиотеки кои содржат историски документирани збирки се библиотеката во Топкапи Сарај, Библиотека на археолошкиот музеј, Библиотека на морнарскиот музеј, библиотека Бајазид, Сулејмановта библиотека, Истанбулска универзитетска библиотека, библиотека Фазил Ахмед Паша, библиотека Ататурк и.т.н.

Здраствени установи[уреди]

Поврзано: Листа на болници во Истанбул

Градот има голем број на јавни и приватни болници, клиники и лаборатории во рамките на неговите граници и бројни медицински центри за истражување. Голем дел од овие објекти се опремени со висока технологија, која придонесе за неодамнешниот пораст во „медицинскиот туризам“ во Истанбул[78], особено од западноевропските земји, како Велика Британија и Германија каде владите испраќаат пациенти со помали приходи во градот со поевтина услуга на високотехнолошки медицински третман и операција[79]. Истанбул во последните години станал глобална дестинација за очната хирургија и пластичната хирургија.

Помошни програми[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Комунални услуги во Истанбул.

Првиот водоводен систем во градот бил изграден уште при самото основање на Византион. Двата најголеми аквадукти изградени во римскиот период се Аквадукт Мазулкемер и Аквадукт Валент. Овие аквадукти се изградени со цел водата да биде пренослива и достапна за населението на целиот град[80]. По престигнувањето до центарот на градот, водата подоцна била носена во бројни цистерни. Најпознати цистерни на градот се: Цистерна Бинбирдирек и Цистерна Базилика. Во времето на Сулејман Величенствениот, султанот наредил големиот османлиски архитект Синан да изготви план за подобрување на условите за пренос на водата во веќе проширениот град. Синан конструирал водоводна мрежа во 1555 година.[80] Во подоцнежните години, со цел да се одговори на постојано зголемување на јавната побарувачка, водата од различните извори била канализирана во јавните чешми, со помош на мали снабдувачки линии. Пример за ова е денешната Германска фонтана во градот.

Денес, Истанбул има на располагање филтрирана хлорирана вода и канализацииски систем управуван од владината агенција İSKİ.[81] Исто така постојат и неколку организации, од приватниот сектор, кои дистрибуираат чиста вода за пиење. Дистрибуцијата на електричната енергија е овозможено преку државната електрана ТЕК. Првата фабрика за производство на електрична енергија во градот, Silahtarağa Termik Santrali, била основана во 1914 година и продолжила да снабдува со електрична енергија до 1983 година.[82]

Отоманското Министерството за пошта и телеграф било основано во градот на 23 октомври 1840.[83] Првата пошта во градот била Поштата Амир, која се наоѓа во близина на дворот на џамија Јени.[83] Во 1876 била основана прва меѓународна поштенска мрежа помеѓу Истанбул и териториите надвор од Османлиската империја[83]. Во 1901 година се извршил првиот трансфер на пари преку пошта и првата товарна услуга станала оперативна.[83] Самуел Морсе го добил првиот патент за телеграф во 1847 година, кој бил издаден од страна на султанот Абдул Меџит и кој лично го тестирал новиот изум.[84] По овој успешен тест, започнала да работи првата линија помеѓу Истанбул и Едрене, и тоа на 9 август 1847 година.[85] Во 1855 година била основана телеграфската администрација.[83] Во јули 1881 година било пуштено првото телефонско коло.[85]

Транспорт[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Јавен транспорт во Истанбул.

Аеродроми[уреди]

Истанбул има два меѓународни аеродроми. Поголемиот е аеродромот Истанбул Ататурк кој се наоѓа во областа Јешилкој на европската страна од градот, околу 24 километри (15 mi) западно од центарот на Истанбул. Со околу 26 милиони патници во 2008 година, аеродромот бил сместен во ТОП 40 аеродроми низ целиот свет. Помал аеродром е Аеродром Сабиха Гекчен, кој се наоѓа на азискиот дел од градот.

Навигација[уреди]

Commuter ferries have operated on the Bosphorus since 1837

Поморскиот транспорт е од витално значење за Истанбул, како град кој практично е опкружен со море од сите страни: од Мраморно Море, Златниот Рог, Босфорот и Црно Море. Многу жители на Истанбул живеат на азиската страна од градот, а работат на европската страна (или обратно). Голем број на жители на работа одат со ферибот на пример. Првите видови на фериботи во градот се појавиле во 1837 година, кои биле управувани од компании од приватниот сектор[86]. На 1 јануари 1851 година била основана компанијата Ширкет и Хариј од страна на Османлиската држава, која превезувала патници со фериботи[86]. Компанијата продолжила да работи во градот до распаѓањето на империјата, која по создавањето на републиката таа станала дел од Türkiye Denizcilik İşletmeleri (турска членка на морските линии)[86]. Во 2006 година, традиционалните истанбулски превози на фериботи биле превземени од страна на компанијата İstanbul Deniz Otobüsleri (Истанбулски морски автобуси)[86]. İstanbul Deniz Otobüsleri или ИДО била основана во 1987 година и главно се занимава со катамарани кои обично се движаат од европскиот кон азискио дел на градот и обратно, како и до Принцевските Острови и други дестинации на градот во Мраморно море. Пристаништето на Истанбул е едно од најважните во земјата. Старото пристаниште на Златниот Рог првенствено служело за лична навигација, додека Каракопското пристаниште (Галата) се користи од бродовите за крстарење.

Патишта[уреди]

Автопатот D.100 и европскиот Е80, се двата главни автопати кои ја поврзуваат Европа со Турција. Автопатот околу Истанбул е со развиена патна мрежа и истиот постојано се проширува. Магистралните патишта водат во Анкара на исток и Едрене на запад. Исто така, постојат два патни правци кои го заобиколуваат градот. Постариот автопат, О-1, најчесто се користи за внатрешен сообраќај; додека поновиот, О-2, најчесто се користи од страна на интерконтиненталниот или меѓуградскиот сообраќај.


Босфорскиот мост е приклучен на автопатот О-1, а Мостот Фатих Султан Мехмет на О-2, преку кои се воспоставува патна врска помеѓу европската и азиската страна на Босфорот. Јужниот и северниот дел на бреговите на Златниот Рог, и влезот на Босфорот на европската страна од градот, се поврзани преку мостот Галата, мостот Ататурк и мостот Халич.

Булеварот Бујукдер е главниот правец кој минува покрај големиот бизнис центар на регионите околу Левент и Маслак на европска страна, а исто така е достапна и преку мотро станиците во градот. Булеварот Бујукдер е поврзан со Булеварот Барбарос, преку кој се спушта кон пристаништто на Бешикташ.

Железници[уреди]

Во 1883 година, белгискиот претприемач, Georges Nagelmackers, започнал да ја гради железничката станица од Париз и Константинопол, која минувала низ Варна. Во 1889, железничка линија била завршена, и истата минувала низ Букурешт до Цариград. Маршутата била позната како „Ориент експрес“, опишана во делата на Агата Кристи и Грејм Грин.[87]

Денес, железничката станица Сиркечи (TCDD), која првично била отворена во 1890 година како Отомански железници, ја претставувала главната врска на турската железничката мрежа со остатокот на Европа. Во моментов, меѓународни врски се обезбедени од страна на линија помеѓу Истанбул и Солун, Грција, а Босфор Експрес служи за врска со Букурешт, Романија. Исто така има и линии за Софија, Белград, Будимпешта и.т.н.

Подалеку од Босфорот, железничката станица Хајдарпаша на азиската страна од градот, служи за железничко поврзување на градот со престолнината Анкара, и поретки други дестинации во Анадолија. Железничката мрежа на европските и азиските земји во моментов се поврзани со Босфорски ферибот и низ подводниот тунел „Мармарај“ пуштен во употреба на 29 октомври 2013 г.[88]

Трамвај[уреди]

Првиот трамвај во Истанбул бил изграден во 1869 година, на линијата Тофан-Ортаќој[89]. Во 1871 година биле пуштени линиите, Азапкапи- Галата; Аксарај- Једикул; Аксарај- Топкапи; и Еминону- Аксарај[89]. Други линии кои стапиле на служба во доциот 19 век се: Кадеси- Кабристан Сокаги - Тепебаши- Таксим- Пангалти- Шишли; Бајазит - Шахзадебаши; Фатих - Едирнекапи - Галатасарај - Тунелска линија; и Еминону- Бахчекапи[89]. Од 1939 година, трамвајот на градот е раководен од страна на компанијата İETT.[89] На 12 август, 1961 година, старите црвени трамваи на Истанбул биле отстранети од градот од европската страна, а на 14 ноември 1966 година, истото се случило и на азиската страна од градот.[89] На 1 ноември, 2003 година, била поставена трамвајска линија помеѓу анадолскиот дел од градот и Ејуп[90], чија маршута е долга 2,6 километри.[90] Патувањето трае 21 минути.[90]

Брз трамвај (T1) бил ставен во служба во 1992 година при воведувањето на новите меѓународни стандарди, и линијата минува од Сиркечи до Топкапи. Линијата била продолжена од едниот крај од Топкапи до Зејтинбурну во март 1994 година, а на другиот крај од Сиркечи до Еминону во април 1996 година. На 30 јануари 2005 година била продолжена од Еминону до Финдиклѕ, и преминот на Златниот Рог преку мостот Галата за прв пат по 44 години. Крајната линија била отворена во јуни 2006 година и тоа до Кабаташ. Линија има должина од 14 километри. Цело патување трае 42 минути. Дневниот транспортен капацитет е 155.000 патници. Износот на инвестицијата изнесува $ 110.000.000. Во септември 2006 година, во употреба била пуштена и втората трамвајска линија (T2), од Зејтинбурну до Багчилар.

Жичара[уреди]

Funikuler kabatas-taksim.jpg

Истанбул е поврзан со две подземни железнички жичари. Постарите на овие две е Тунел (1875). Во употреба бил пуштен на 17 јануари 1875[91]. Тунел 1875 е втората најстара подземна железничка линија во светот по лондонското метро кое датира од 1863 година и првата подземна урбана железничка линија во континентална Европа, иако првото целосно метро кое се состоело од повеќе подземни станици во континентална Европа била Линијата 1 во Будимпешта од 1896 година. Тунел (1875) е долг 573 метри, и се наоѓа на надморска височина од 60 m и го поврзува Каракој со станицата.[91] Оваа линија, со мали исклучоци, работи од самата нејзина изградба во 1875 година[91]. Два возови се движат по двете линии на секои 3,5 минути, а патувањето трае 1,5 минути.[91] Создавајќи 64.800 патувања, или вкупно 37.066 километри годишно, Тунел 1875 превезува 15.000 патници дневно.[91]

Втората жичница, наречена Кабаташ-Таксим, во употреба била пуштена на 29 јуни 2006 година, поврзувајќи го Кабаташ и Таксим.[92] Линијата е долга околу 600 метри. Дневно преку оваа линија се превезуваат 9.000 патници[92].

Метро[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Истанбулско метро.


Изградбата на Истанбулското метро (М2) започнала во 1992 година, а првиот дел од изградбата била завршена на 16 септември 2000 година, на релација Таксим и Левент[93]. Овој дел од линијата е долг 8,5 km (5,3 mi) и има шест станици.[93] Просечно, се транспортираат околу 130.000 патници дневно. На 30 јануари 2009 година, новиот проект бил даден на EUROTEM[94]. EUROTEM треба да изгради 92 нови вагони за линијата М2.[94][95] As of 30 јануари, 2009, a total of 34 train sets, each with 4 cars, were being used on the M2 line.[95] Според податоци од 30 јануари 2009 година, од вкупно 34 вагони, секој четврти бил користен од на линијата М2.

На нејзиниот северен дел, линијата продолжува од Левент кон Маслак и истата била отворена на 30 јануари, 2009.[96] На нејзиниот јужен де, линијата продолжува од Таксим до Јеникапи, преку Златниот Рог. Линијата била завршена до станицата во Шишан, исто така на 30 јануари 2009 година.[96]

Во моментов, на линијата М2 се работи на 10 места од европската страна на градот и на 16 нови станици од азиската страна. Патната мрежа помеѓу станицата Шипхан и станицата Ататурк Ото Санај во Маслак е долга 15,65 км (9,7 mi), а патувањето трае 21 минути.[97][98] Вкупната должина на европската страна на линијата М2 ќе достигне 18,36 км (11,4 mi), кога сите 16 места од Хаџиосман до Јеникапи ќе бидат завршени[93][94][99], не вклучувајќи го метрото на Златниот Рог кое е долго 936 метри[100], 0,6 километри долгиот тунел Такшим-Кабаташ[92], 0,6 километри долгиот тунел Јеникапи-Аксарај[94], и 13,6 километри долгиот тунел „Мармарај[101].

На азиската страна од градот, изградбата на 21,66 km (13,5 mi) долгата линија од линијата М2 во Ејуп до Картала продолжува, и истата ќе има вкупно 16 станици.[102] Овој тунел (Босфорски подморски тунел со железничка) ќе биде поврзан со метро линиите на азиските и европските делови на градот. Според плановите, целиот проект би требало да биде изграден најдоцна до 2012 година.

Лесен шински систем[уреди]

Истанбул LRT овозможува лесношински превоз кој се состои од 2 линии. Првата линија (М1) започнала со работа на 3 септември 1989 година помеѓу Аксарај и Карталтепе. Линијата во следните години била продолжена, а на 20 декември 2002 година бил приклучена до аеродромот Ататурк. Другата линија (T4) била отворена во 2007 година помеѓу Едринекапи и Мескид Селам. Постојат 36 станици, од кои 12 се подземни. Линијата е долга 32 километри. Линиите се целосно одвоени од другите видови на сообраќај.

Култура и современ живот[уреди]

Поврзано: Листа на музеи и споменици во Истанбул

Ликовна уметност[уреди]

Градот има долга историја во смисла на неговата богата социјална, културна и трговска активност. За време на сезонските фестивали, голем број на светски познати оркестри, коралски ансамбли, концерти и џез легенди учествуваат низ целиот град. Меѓународниот филмски фестивал е еден од најзначајните филмски фестивали во Европа.[103]

Денешниот Истанбул, најчесто е домаќин на изложби на познати турски и странски уметници. Музеите Пера и Сакип Шабанџи Меркез се домаќини на изложби од светски познати музичари и се едни од најважните приватни музеи во градот. Музејот Доганџај е првиот современ музеј на уметноста, и истиот бил основан од страна на Бурхан Доганџај. Музејот Рахми М. Коџ, кој се наоѓа на Златниот Рог, е индустриски музеј во кој се наоѓат историски експонати од индустриска опрема, како на пример автомобили и локомотиви од 1800-тите и раните 1900ти, како и бродови, подморници, авиони, и други слични машини од минатите епохи.

Истанбулскиот археолошки музеј, кој бил основан во 1881 година, е еден од најголемите музеи од ваков тип во светот. Музејот содржи повеќе од 1.000.000 археолошки парчиња од зоната на Медитеранот, Балканот, Блискиот Исток, Северна Африка и Централна Азија. Истанбулскиот мозаичен музеј содржи мозаици од римскиот и рановизантискиот период, како и орнаменти од Големата палата во Константинопол. Во близина се наоѓа и Музејот на турската и исламската уметност, кој содржи огромна колекција на предмети од различни цивилизации, пред се исламски. Музеот Садберк ханим содржи широк спектар на предмети, кои датираат од најраните цивилизации во Анадолија и од времето на Османлиите.[104]

Во ноември секоја година, палатата Јилдиз е домаќин на стари предмети и антиквитети од Ориентот и Западот.[105] Во чаршијата Мецидијекој Антикацилар во населбата Шишли се наоѓа најголемиот пазар на антиквитети во градот. Во Големата чаршија, која била изградена во периодот од 1455-1461 година од страна на султанот Мехмед II Освојувачот, исто така, има бројни продавници за антиквитети, заедно со продавници за продажба на накит, теписи и други елементи од уметноста. Историски и ретки книги се наоѓаат во Чаршија Шахафлар, која пак се наоѓа во близина на Бајазидскиот плоштад. Овој пазар е еден од најстарите книга-пазари во светот.

Во градот постојано се одржуваат и бројни концерти на многу локации, вклучувајќи и историски локалитети, како што се на пример црквата Света Ирина, Румелихисар, цариградските ѕидини, во дворот на Топкапи Сарај, и паркот Ѓулхан, потоа во културниот центар Ататурк, Кемалскиот центар, оперската куќа Суреја и други модерни театарски сали.

Одмор и рекреација[уреди]

Принцевските Острови се наоѓаат јужно од Истанбул, во Мраморно море

Традиционален плажни летувалишта постепено зпочнале да исчезнуваат, главно поради загадувањето на водата. Неодамна, повторно започнале да се градаат старите места во градот. Најпопуларните места за пливање и одмор во градот се наоѓаат во Бакирќој, Küçükçekmece, Сариер и на Босфорот. Надвор од градот, најпосетувани места се Мраморно Море, Принцевските Острови, Силиври и Тузла, како и Килјос и Шиле на Црното Море.

Принцеските Острови се група на острови во Мраморно Море, јужно од Картала и Пендик. Островите се наоѓаат од 19 километри (Проти) и 29 километри (Неандрос) југоисточно од Истанбул. Опфаќаат површина од 10 km², со највисока точка од 201 метар. На островите живеат околу 15.000 луѓе, но во текот на летните месеци, овој број е многу поголем. Пристапот до островите е многу едноставен, главно поради сталните бродови кои минуваат покрај секој остров. На островите е забрането употреба на моторно возило, а како основен вид на превозно средство се користи коњска кочија. На островите се наоѓаат неколку манастири, академијата за турската воена морнарица.

На 51 километри (31 mi) од Истанбул се наоѓа турското одморалиште на Црното море, градот Шиле. Килјос е мало мирно одморалиште кое се маоѓа недалеку од северниот дел на европскиот влез на Босфорот во Црното море. Местото има добри можности за пливање и последниве години меѓу жителите на Истанбул местото станало голема туристичка атракција.

Трговија[уреди]

Поврзано: Список на трговски центри во Истанбул
Големата чаршија е една од најголемите во светот

Во градот се наоѓаат бројни историски трговски центри, како што се Големата чаршија (1461), Чаршијата Махмутпаша (1462) и Египетската чаршија (1660) и.т.н. Првиот модерен трговски центар кој бил изграден во градот е Галерија Атакој (1987), а по неа биле изградени десетици други центри, од кои најпознати се Акмеркез (1993), Чевахир (2005), кој е најголемиот трговски центар во Европа и Канјон (2006).

Ноќен живот[уреди]

Во градот постојат голем број на ноќни клубови, барови, ресторани и.т.н. Ноќните клубови, ресторани и барови најпосетувани се во летните периоди. Областите околу Булевар Истиклал и Нишантаси ги нудат сите видови на кафулиња, ресторани, барови и клубови, како и уметнички галерии, театри и кина. Вавилон[106] и Пера Бејоглу се популарни ноќни клубови и во лето и во зима.

Најпопуларните летни ноќни клубови се наоѓаат на Босфорот. Најпознати се Sortie[107][108], Reina[109][110] и Anjelique[111] во подрачјето на Ортаќој. Q Jazz Bar во Ортаќој нуди жива џез музика.

Медија[уреди]

Првиот турски весник, Таквим Векажи, бил отпечатен на 1 август 1831 во Бабијали (реонот на Високата порта). Бабијали станал главниот центар за печатените медиуми. Исто така, во Истанбул се наоѓаат и голем број на домашни и странски списанија од најразлични сектори, како и секојдневни весници. Повеќето весници на национално ниво се наоѓаат во Истанбул, кои истоивремено излегуваат и во Анкара и Измир.[112] Најпознатите есници со седиште во Истанбул се: Хуриет, Милијет, Сабах, Радикал, Кумхуриет, Заман, Акшам, Буѓун, Стар, Дунја, Теркуман, Ватан, Пошта, Таквим, Вакит, Јени Шафак, Фанатик и.т.н. Исто така има и голем број локални и национални ТВ и радио станици, како: CNBC-e, CNN Türk, МТВ Türkiye, Турската Fox, НТВ, Канал Д, ATV, Стар ТВ, Cine5, Sky Турк, Канал 7, Канал Турк, Флеш ТВ и многу други. Во градот Истанбул, има над сто ФМ-радио станици.[113]

Спорт[уреди]

Поврзано: Список на спортски објекти во Истанбул


За време на римскиот и византискиот период, најважната спортска манифестација била трката на колесница. Турнирот се одржувал на Хиподромот на Константинопол, кој имал капацитет да прими повеќе од 100.000 гледачи.[114]

Фудбал[уреди]

Клуб Стадион Капацитет Основан
Бешикташ Стадион Инону 32.145 1903
Фенербахче Стадион Шукру Саракоглу 55.500 1907
Галатасарај Стадион Али Сами Јен 31.000 1905
И.Б.Б Олимписки стадион Ататурк 82.576 1990
Кашипаша Стадион Рецеп Тајип Ердоган 8.500 1921

Втора турска лига

Клуб Стадион Капацитет Основан
Карталспор Стадион Картал 15.000 1949

Втора лига

Клуб Стадион Капацитет Основан
Бејлербејспор Стадион Бејлербејспор 75 5.500 1903

Трета лига

Клуб Стадион Капацитет Основан
Ејупспор Стадион Ејуп 2.500 1919
Газиосманпашаспор Стадион Газиосманпашаспор 3.100 1963
Пендикспор Стадион Пендикспор 4.000 1950
Сариер Генчлик Клуб Стадион Јусуф Зија 10.000 1940
Алибегкојспор Стадион Алибегкојспор 3.500 1950
Бејкозспор Клуб Стадион Бејкозспор 2.500 1908

Кошарка[уреди]

Клуб Стадион Капацитет Основан
Бешикташ Беко кошаркарска лига Комплекс Акатлар Спор ве Култур 1903
Бегкосаспор Втора турска кошаркарска лига Рецеп Шахин Кјуктјурк Спор 1908
Фенербахче Беко кошаркарска лига Арена Абди Ипекчи 1907
Галатасарај Беко кошаркарска лига Арена Ајхан Шахенј Спор 1905
Текелспор Втора турска кошаркарска лига Арена Халдун Алагаш Спор 1941
ИТУ Втора турска кошаркарска лига Арена ИТУ 1953
Дарушсафака Беко кошаркарска лига Арена Ајхан Шахенк Спор 1914

Спортски манифестации[уреди]

Олимпискиот стадион Ататурк е најголемиот стадион во Истанбул и Турција, кој има добиено 5 ѕвездички од УЕФА. Стадионот бил домакин на финалето од Лигата на шампиони во фудбал во 2005 година.

Арената Синан Ердем е најголемата сала во Турција, со капацитет од 22.500 гледачи. Арената ќе биде домакин на финалето од ФИБА купот во 2010 година. Освен тоа, арената во 2012 година ќе биде домакин на Светското првенство во лека атлетика во 2012 година и Светското првенство во пливање во 2012 година.

Градот е домакин за Големата награда на Турција во спортот Формула 1, и Големата награда на Турција во спортот МотоГП, WTCC, ГП2 и.т.н.

Во градот во последните години се повеќе популарност добива голфот, аеробикот, бодибилдингот, фитнесот и.т.н.

Меѓународни релации[уреди]

Сестрински градови[уреди]

Ова е листа на сестринските градови на Истанбул[115][116]:


Континент Знаме Град Држава Година
Европа Грција Атина Грција
Азербејџан Баку Азербејџан
Германија Берлин[117] Германија
Шпанија Барселона[118] Шпанија
Унгарија Будимпешта Унгарија
Германија Келн Германија
Романија Букурешт Романија
Константа Романија
Албанија Драч Албанија
Италија Фиренца Италија
Русија Грозни[119] Русија
Велика Британија Лондон Велика Британија
Украина Одеса Украина
Бугарија Пловдив Бугарија
Чешка Прага Чешка република
Холандија Ротердам Холандија
Русија Санкт Петерсбург[120] Русија 1990
Босна и Херцеговина Сараево Босна и Херцеговина
Македонија Скопје[121] Македонија
Шведска Стокхолм Шведска
Франција Стразбур Франција
Италија Венеција Италија
Полска Варшава[122] Полска 1991
Азија Казахстан Алмата Казахстан
Јордан Аман Јордан
Либан Бејрут Либан
Јужна Кореја Пусан Јужна Кореја
Сирија Дамаск Сирија
ОАР Дубаи ОАЕ
Виетнам Хо Чи Мин Виетнам
Иран Исфахан Иран
Индонезија Џакарта Индонезија
Саудиска Арабија Џедах Саудиска Арабија
Малезија Џохор Бахру Малезија
Авганистан Кабул Авганистан
Русија Казан Русија
Пакистан Лахор Пакистан
Туркменистан Мери Туркменистан
Киргистан Ош Киргистан
Узбекистан Самарканд Узбекистан
Кина Шангај Кина
Јапонија Шимоносеки Јапонија
Индонезија Сурабаја Индонезија
Иран Табриз Иран
Кина Хи ан Кина
Америка Аргентина Буенос Аирес Аргентина
Венецуела Каракас Венецуела
Куба Хавана Куба
САД Хјустон САД
Мексико Мексико сити Мексико
Бразил Сао Пауло Бразил
Канада Торонто Канада
Африка Египет Каиро Египет
Алжир Константин Алжир
Судан Картум Судан
Мароко Рабат Мароко

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. [1]
  2. 2,0 2,1 Türkiye istatistik kurumu Address-based population survey 2007. Retrieved on 2008-03-19.
  3. [2]
  4. „Istanbul Metropolitan Municipality: Districts of Istanbul“. Ibb.gov.tr. http://www.ibb.gov.tr/en-US/Organization/AuthorityArea/Pages/Districts.aspx. конс. 28 мај 2009. 
  5. „UNESCO | Historic Areas of Istanbul“. Whc.unesco.org. http://whc.unesco.org/en/list/356. конс. 28 мај 2009. 
  6. 6,0 6,1 Georgacas, Demetrius John (1947). „The Names of Constantinople“. „Transactions and Proceedings of the American Philological Association“ 78: 347–367. doi:10.2307/283503. 
  7. According to the Reallexikon für Antike und Christentum, vol. 164 (Stuttgart 2005), column 442, there is no evidence for the tradition that Constantine officially dubbed the city „New Rome“ (Nova Roma or Nea Rhome). Commemorative coins that were issued during the 330s already refer to the city as Constantinopolis (see e.g. Michael Grant, The climax of Rome (London 1968), p. 133). It is possible that the emperor called the city „Second Rome“ (Deutera Rhome) by official decree, as reported by the 5th-century church historian Socrates of Constantinople.
  8. http://www.livius.org/cn-cs/constantinople/constantinople01.html
  9. „The Names of Istanbul“. Dünden bugüne İstanbul ansiklopedisi 5. (1994). Ciltli.
  10. BBC: „Istanbul's ancient past unearthed“ Published on 10 јануари, 2009. Retrieved on 11 јануари, 2009.
  11. „Hürriyet: Bu keşif tarihi değiştirir (2 октомври 2008)“. Hurriyet.com.tr. 23 мај 2009. http://www.hurriyet.com.tr/gundem/10027341.asp?gid=229&sz=32429. конс. 28 мај 2009. 
  12. „Hürriyet: Photos from the Neolithic site, circa 6500 BC“. Fotogaleri.hurriyet.com.tr. http://fotogaleri.hurriyet.com.tr/galeridetay.aspx?cid=16504&rid=2. конс. 28 мај 2009. 
  13. „Cultural Details of Istanbul“. Republic of Turkey, Minister of Culture and Tourism. http://kultur.gov.tr/EN/BelgeGoster.aspx?17A16AE30572D313A79D6F5E6C1B43FF6169B43EA8C08474. конс. 2 октомври 2007. 
  14. Istanbul“. Britannica Online. (September 2007). (конс. 27 септември 2007)
  15. Vailhé, S.. (1908). „Constantinople“. Catholic Encyclopedia 4. New York: Robert Appleton Company. (конс. 12 септември 2007)
  16. Phillips, Jonathan (2005). „The Fourth Crusade“. London: Pimlico. ISBN 1844130800. 
  17. D. Nicolle, Constantinople 1453: The end of Byzantium, 32
  18. Runciman 1965, pp. 96-97.
  19. Vasiliev 1952, pp. 651-652
  20. Norwich, John Julius (1997). „A Short History of Byzantium“. New York: Vintage Books. стр. 380. , „...the rape and pillage had already begun... ...by noon the streets were running with blood“
  21. The Siege of Constantinople (1453), according to Nicolo Barbaro
  22. Nicolle, David (2007). „The Fall of Constantinople: The Ottoman Conquest of Byzantium“. New York: Osprey Publishing. стр. 237, 238.  „In fact ordinary people were treated better by their Ottoman Conquerors than their ancestors had been by Crusaders back in 1204; only about 4,000 Greeks died in the siege.“ ... „Mehmet also ordered all looting to stop and sent his troops back outside the walls.“ In 1453, Constantinople contained approximately 50,000 people when the Ottoman Turks captured the city.
  23. The Fall of Constantinople, 1453
  24. Charles Correa. „Yüzde 65'i imarsız 'dünya şehri' (A world city with 65% illegal buildings)“. Cnn Turk. http://213.243.34.6/OZEL_DOSYALAR/haber_detay.asp?pid=1069&haberid=111712. конс. 18 јули 2005. 
  25. Ian Traynor. „A disaster waiting to happen - why a huge earthquake near Istanbul seems inevitable“. The Guardian. http://www.guardian.co.uk/turkey/story/0,,1968218,00.html#article_continue. конс. 27 септември 2007. 
  26. Today's Zaman
  27. „Heightened odds of large earthquakes near Istanbul: An interaction-based probability calculation“. Science. 2000. http://atlas.cc.itu.edu.tr/~barka/pubs/ist_haz/istanbul.html. 
  28. Quake increases risk for temblor in Istanbul“, MIT News Office, 25 септември 1999 (конс. 20 август 2006).
  29. „Monthly Magazine of Turkish Airlines SkyLife - April 2008 „Spring in Istanbul’s forests“ Article: Mehmet Tokcan Photo: AYKUT İnce“. Thy.com. http://www.thy.com/en-INT/corporate/skylife/article.aspx?mkl=760. конс. 28 мај 2009. 
  30. www.mymerhaba.com: Belgrade Forest
  31. „Climate change: impact on coastal habitation“ by edited meterorologist Dr. Doeke Eisma with particular reference on the transitional climate of Istanbul Chapter 8 „Impact of Climatic Change on Coastal Cities“ by Tjeerd Deelstra on page 174
  32. Statistics: Historical Weather Information for Istanbul
  33. „Yıllık Toplam Yağış Verileri - İstanbul (Data of total annual rainfall of Istanbul - Turkish State Meteorological Service DMI)“. http://www.meteor.gov.tr/veridegerlendirme/yillik-toplam-yagis-verileri.aspx?m=ISTANBUL. 
  34. Istanbul, Turkey Historical Weather Data with Monthly Details (Source: International Station Meteorological Climate Summary)
  35. „Istanbul climate and weather Turkey, Istanbul Rainfall Temperature Climate and Weather“. Wordtravels.com. 28 април 2009. http://www.wordtravels.com/Cities/Turkey/Istanbul/Climate/. конс. 5 мај 2009. 
  36. „Istanbul Metropolitan Municipality attends to Madrid-FITUR Tourism Fair“. http://www.ibb.gov.tr/en-US/Pages/Haber.aspx?NewsID=33. конс. 5 јули 2008. 
  37. Ana Britannica: Турско издание на Енциклопедија Британика
  38. Ana Britannica: Турско издание на Енциклопедија Британика
  39. Maiden's Tower official website: Photo gallery
  40. „Çemberlitas (Burnt Column), Istanbul“. TurkeyTravelPlanner.com. http://www.turkeytravelplanner.com/go/Istanbul/Sights/Beyazit/cemberlitas.html. конс. 15 мај 2008. 
  41. Bury, John Bagnell (1923). „History of the Later Roman Empire Vol. I“. Macmillan & Co., Ltd.. стр. 70. 
  42. „The Great Palace, Istanbul“. Emporis. http://www.emporis.com/en/wm/bu/?id=streetgreatpalace-istanbul-turkey. конс. 24 јуни 2009. 
  43. „Boukoleon Palace“. Byzantium 1200. http://www.byzantium1200.com/boucoleon.html. конс. 24 јуни 2009. 
  44. „Hippodrome“. Byzantium 1200. http://www.byzantium1200.com/hipodrom.html. конс. 24 јуни 2009. 
  45. „Hippodrome of Constantinople, Istanbul“. Emporis. http://www.emporis.com/en/wm/bu/?id=139338. конс. 24 јуни 2009. 
  46. „Anemas Dungeons“. Emporis. 15 јуни 2009. http://www.emporis.com/en/wm/ci/sh/?txt=istanbul%3Aanemas+dungeons. конс. 14 јули 2009. 
  47. Freely, John (2000). Blue Guide Istanbul. W. W. Norton & Company. ISBN 0-393-32014-6.
  48. Mansel, Phillip (1995). „Constantinople: City of the World's Desire, 1453-1924“. John Murray. стр. 28. 
  49. Kartın. F, 1974, Ortaköy Camii, Rölöve ve Restorasyon Dergisi, 1., Ankara, p. 87–89
  50. „Istanbul“. „Britannica“. 2008. http://www.britannica.com/EBchecked/topic/296962/Istanbul/12387/Administration-and-social-conditions. конс. 15 мај 2008. 
  51. „Istanbul“. „Governorship of Istanbul“. 2009. http://www.istanbul.gov.tr/Default.aspx?pid=115. конс. 8 април 2009. 
  52. „Council“. „İstanbul Büyükşehir Belediyesi“. 2008. http://www.ibb.gov.tr/en-US/Organization/belediyemeclisi/Pages/AnaSayfa.aspx. конс. 15 мај 2008. 
  53. „The new Istanbul Metropolitan Municipality City Hall, designed by Arolat Architects“. Atolyek.com. http://www.atolyek.com/calismalar.php?menu=yarismalar&proje=istanbul&dil=en. конс. 28 мај 2009. 
  54. „Presentation of Reference City: Istanbul“ (на Turkish). Urban Green Environment. http://www.urge-project.ufz.de/istanbul/general.htm. конс. 27 септември 2007. 
  55. The Kurdish question. Al–Ahram Weekly. 6–12 април 2006.
  56. Ortaylı, İlber. „İstanbul'dan Sayfalar, p. 286“. İstanbul: Alkım Yayınevi. ISBN 9944-148-01-6. 
  57. „Vatan - Diyanet: Türkiye’de 79 bin 096 cami var“. W9.gazetevatan.com. http://w9.gazetevatan.com/haberdetay.asp?Newsid=188144&Categoryid=1. конс. 6 јуни 2009. 
  58. „The Islamic veil across Europe“, British Broadcasting Corporation (17 ноември 2006). Retrieved on 13 декември 2006.
  59. „Bulgarian Orthodox Church“, Encyclopædia Britannica: „The struggle for an independent Bulgarian church, begun late in the 18th century, culminated in the establishment in 1870 of a Bulgarian exarchate.“ (англиски)
  60. L. S. Stavrianos, Traian Stoianovich, „The Balkans since 1453“, „Bulgarian Exarchate“, p. 371: „The first great victory for Bulgarian nationalism was the establishment in 1870 of a national church known as exarchate.“ (англиски)
  61. Globalization, Cosmopolitanism, and the Dönme in Ottoman Salonica and Turkish Istanbul. Marc Baer. University of California, Irvine.
  62. 62,0 62,1 Foreign Ministry: 89,000 minorities live in Turkey“, „Today's Zaman“, 15 декември 2008 (конс. 15 декември 2008).
  63. Armenians in Turkey“, The Economist, 16 ноември 2006 (конс. 28 мај 2009).
  64. Gilson, George. „Destroying a minority: Turkey’s attack on the Greeks“, book review of (Vryonis 2005), Athens News, 24 June 2005.
  65. Turkey’s new rich find the Midas touch“, The Sunday Times, 9 март 2008 (конс. 18 јуни 2009).
  66. „Istanbul Stock Exchange: History of the Istanbul Stock Exchange“. Imkb.gov.tr. http://www.imkb.gov.tr/genel/tarih.htm. конс. 14 јули 2009. 
  67. „Ottoman Bank Museum: History of the Ottoman Bank“. Obarsiv.com. http://www.obarsiv.com/ob-tarih.html. конс. 14 јули 2009. 
  68. 68,0 68,1 „Ottoman Bank Museum“. Ottoman Bank Museum. http://www.obmuze.com/eng/voyvoda.asp. конс. 18 јуни 2009. 
  69. „Istanbul Stock Exchange: „İMKB’nin Kuruluşundan İtibaren Önemli Gelişmeler“ (Timeline of important events since 1985)“. Imkb.gov.tr. 31 јули 2000. http://www.imkb.gov.tr/genel/gelismeler.htm. конс. 14 јули 2009. 
  70. PricewaterhouseCoopers: U.K. Economic Outlook and Global City GDP Ranking 2005–2020 Full Report (PDF)
  71. CNN Türk: Dış ticaretin lokomotifi İstanbul (Istanbul is the locomotive of foreign trade)
  72. „Hürriyet: 2006’da Türkiye’ye gelen turist başına harcama 728 dolara indi“. Hurriyet.com.tr. http://www.hurriyet.com.tr/ekonomi/5865839.asp?gid=52. конс. 28 мај 2009. 
  73. „Turist sayısı genelde düştü İstanbul'da arttı“. Sabah. http://www.sabah.com.tr/2007/01/09/gnd121.html. конс. 28 мај 2009. 
  74. „EIBTM 2007 - The Global Meetings & Incentive Exhibition for the MICE Industry“. Reed Exhibitions Limited (member of the Association of Event Organisers (AEO)). http://www.eibtm.com/app/homepage.cfm?linkid=23044&moduleid=3336&pram=364&K_NP_id=8324&LocParam=Y&appname=100486. конс. 11 март 2006. 
  75. İ.Ü. Bilgisayar Bilimleri. „History of Istanbul University (Turkish)“. Istanbul.edu.tr. http://www.istanbul.edu.tr/english/history.php. конс. 20 јуни 2009. 
  76. „World Oldest Universities“. Topuniversities.com. http://www.topuniversities.com/worlduniversityrankings/results/2007/overall_rankings/worlds_oldest_universities. конс. 20 јуни 2009. 
  77. „Official website of the Liceo Italiano Statale I.M.I. in Istanbul“. Liceoitaliano.net. http://www.liceoitaliano.net/. конс. 28 мај 2009. 
  78. Dış Ekonomik İlişkiler Kurulu (2006). „Emerging Turkey“. Oxford Business Group. стр. 176. ISBN 1902339479. http://books.google.com/books?id=A4zwKghEGHYC&pg=RA6-PA46&lpg=RA6-PA46&dq=. 
  79. Briggs, Helen. „Health - Personal story: IVF in Istanbul“, BBC News, 19 декември 2006 (конс. 28 мај 2009).
  80. 80,0 80,1 „İSKİ İstanbul Su ve Kanalizasyon İdaresi: Tarihce“. Istanbul water and sewerage administration (history). http://www.iski.gov.tr/en-US/arasayfalar.php?sayfa=0-1&dosya=tarihce_1.phtm. конс. 11 март 2006. 
  81. „İSKİ Administration“. Istanbul water and sewerage administration. http://www.iski.gov.tr/en-US/arasayfalar.php?sayfa=0-1&dosya=tarihce_2.phtm. конс. 11 март 2006. 
  82. Silahtarağa Santral becomes Santralistanbul Museum[мртва врска]
  83. 83,0 83,1 83,2 83,3 83,4 PTT Chronology[мртва врска]
  84. Istanbul City Guide: Beylerbeyi Palace[мртва врска]
  85. 85,0 85,1 Türk Telekom: History[мртва врска]
  86. 86,0 86,1 86,2 86,3 „Şirket-i Hayriye“. Şirket-i Hayriye. http://www.sirketihayriye.com/. конс. 18 јуни 2009. 
  87. Orient Express“. Britannica Online. (September 2007). (конс. 27 септември 2007)
  88. Истанбул го пушта во употреба тунелот под Босфор“, Макфакс (конс. 29 октомври 2013).
  89. 89,0 89,1 89,2 89,3 89,4 „İstanbul'da ulaşımın miladı“. İ.E.T.T.. http://www.iett.gov.tr/metin.php?no=45. конс. 18 јуни 2009. 
  90. 90,0 90,1 90,2 „Kadıköy-Moda Tramvayı 37 Yıl Sonra Yeniden“. İ.E.T.T.. http://www.istanbul.net.tr/istanbul_raylisistemler_nostaljiktramvay.asp. конс. 18 јуни 2009. 
  91. 91,0 91,1 91,2 91,3 91,4 „The Tunnel“. IETT. http://www.iett.gov.tr/en/section.php?sid=46. конс. 20 јуни 2009. 
  92. 92,0 92,1 92,2 „FUNİKÜLER SİSTEM Kabataş - Taksim“. İstanbul Ulaşım. http://www.istanbul.net.tr/istanbul_raylisistemler_funikuler_taksimkabatas.asp. конс. 20 јуни 2009. 
  93. 93,0 93,1 93,2 „Istanbul Metropolitan Municipality: Taksim - 4. Levent metro hattı“. Ibb.gov.tr. http://www.ibb.gov.tr/tr-TR/SubSites/raylisistemler/Pages/taksim-4Levent.aspx. конс. 21 јули 2009. 
  94. 94,0 94,1 94,2 94,3 „Istanbul Metropolitan Municipality: Taksim-Yenikapı Metro Hattı“. Ibb.gov.tr. 23 јануари 2002. http://www.ibb.gov.tr/tr-TR/SubSites/raylisistemler/Pages/taksimyenikapielektro.aspx. конс. 21 јули 2009. 
  95. 95,0 95,1 „İstanbul Ulaşım: Metro Şişhane'den Maslak'a uzandı“. Istanbululasim.com. 30 јануари 2009. http://www.istanbululasim.com/default.asp?ml_pn=1&menu_id=7&makale_tip=guncel&makale_id=00163.txt&modul_id=guncel. конс. 21 јули 2009. 
  96. 96,0 96,1 „Metro, Şişhane’den Maslak’a uzadı“. Istanbul Metropolitan Municipality. 30 јануари 2009. http://www.ibb.gov.tr/tr-TR/Haberler/Pages/BasinBultenleri.aspx?bbulteniID=5501. конс. 20 јули 2009. 
  97. „İstanbul Ulaşım: Şişhane - Atatürk Oto Sanayi (M2)“. Istanbululasim.com. http://www.istanbululasim.com/default.asp?menu_id=3&sayfa_id=1. конс. 21 јули 2009. 
  98. „İstanbul Ulaşım: Metro Şişhane'den Maslak'a uzadı“. Istanbululasim.com. 30 јануари 2009. http://www.istanbululasim.com/default.asp?ml_pn=1&menu_id=7&makale_tip=guncel&makale_id=00163.txt&modul_id=guncel. конс. 21 јули 2009. 
  99. „Istanbul Metropolitan Municipality: Taksim-Ayazağa-Hacıosman metro hattı“. Ibb.gov.tr. http://www.ibb.gov.tr/tr-TR/SubSites/raylisistemler/Pages/4Levent-ayazaga-haciosman.aspx. конс. 21 јули 2009. 
  100. „Istanbul Metropolitan Municipality: Golden Horn metro bridge“. Ibb.gov.tr. 19 декември 2008. http://www.ibb.gov.tr/tr-TR/SubSites/raylisistemler/Pages/halic_metro_ge%c3%a7i%c5%9f_insaati.aspx. конс. 21 јули 2009. 
  101. „Marmaray Railway Engineering Project, Istanbul, Turkey“. Railway Technology. http://www.railway-technology.com/projects/marmaray/. конс. 21 јули 2009. 
  102. „Istanbul Metropolitan Municipality: Kadıköy-Kartal Metro Hattı“. Ibb.gov.tr. 28 јануари 2005. http://www.ibb.gov.tr/tr-TR/SubSites/raylisistemler/Pages/kadikoy-kartal.aspx. конс. 21 јули 2009. 
  103. Istanbul Film Festival history, retrieved 10 јуни, 2009
  104. „Sadberk Hanım Museum official website“. © 2009 Büyükdere Piyasa Cad. No: 27–29 Sarıyer, İstanbul. http://www.sadberkhanimmuzesi.org.tr/english/main/frame_corporate.html. конс. 9 јуни 2009. 
  105. „İstanbul: Yıldız Palace“. http://www.pointsfromturkey.com/yildiz_palace.html/. конс. 9 јуни 2009. 
  106. „Official website of Babylon night club in Istanbul“. http://www.babylon.com.tr/english/BabylonNedir.aspx. конс. 24 јуни 2009. 
  107. „Official website of Sortie Beyoğlu and Sortie Ortaköy night clubs in Istanbul“. http://www.sortie.com.tr/. конс. 24 јуни 2009. 
  108. „Fashion TV Formula 1 Grand Prix Party at Sortie, Istanbul“. Fashion TV. 2007. http://www.youtube.com/watch?v=fRzOXHz4h1o. конс. 24 јуни 2009. 
  109. „Official website of Reina night club in Ortaköy, Istanbul“. http://www.reina.com.tr/. конс. 24 јуни 2009. 
  110. „Formula 1 Party at Reina, Istanbul“. F1 TV. 2006. http://www.youtube.com/watch?v=lk8p-uL6TDQ. конс. 24 јуни 2009. 
  111. „Official website of Istanbul Doors - Anjelique night club in Istanbul“. http://www.istanbuldoors.com/en/. конс. 24 јуни 2009. 
  112. „CIA — The World Factbook“. CIA. https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/geos/tu.html. конс. 11 март 2006. 
  113. „Predavatel Europa - Radio Stations in Istanbul“. Predavatel.com. http://www.predavatel.com/tr/istanbul.htm. конс. 28 мај 2009. 
  114. Sarah Guberti Bassett (1991). „The Antiquities in the Hippodrome of Constantinople“. „Dumbarton Oaks Papers“ 45: 87. doi:10.2307/1291694. http://links.jstor.org/sici?sici=0070-7546%281991%2945%3C87%3ATAITHO%3E2.0.CO%3B2-P&size=LARGE&origin=JSTOR-enlargePage. 
  115. „Sister Cities of Istanbul“. http://www.greatistanbul.com/sister_cities.htm. конс. 8 септември 2007. 
  116. Erdem, Selim Efe. „İstanbul'a 49 kardeş“, Radikal, 3 ноември 2003. (на Turkish) „49 sister cities in 2003“
  117. „Berlin's international city relations“. Berlin Mayor's Office. http://www.berlin.de/rbmskzl/staedteverbindungen/index.en.html. конс. 1 јули 2009. 
  118. „Barcelona internacional - Ciutats agermanades“ (на Spanish). © 2006-2009 Ajuntament de Barcelona. http://w3.bcn.es/XMLServeis/XMLHomeLinkPl/0,4022,229724149_257215678_1,00.html. конс. 13 јули 2009. 
  119. „Chechnya rebuilds from Turkey“. Newsreal. http://www.salon.com/news/news961108.html. конс. 1 ноември 2008. 
  120. „Saint Petersburg in figures - International and Interregional Ties“. Saint Petersburg City Government. http://eng.gov.spb.ru/figures/ities. конс. 23 ноември 2008. 
  121. „Official portal of City of Skopje - Skopje Sister Cities“. © 2006–2009 City of Skopje. http://www.skopje.gov.mk/EN/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=69. конс. 14 јули 2009. 
  122. „Miasta partnerskie Warszawy“. „um.warszawa.pl“. Biuro Promocji Miasta. 4 мај 2005. http://um.warszawa.pl/v_syrenka/new/index.php?dzial=aktualnosci&ak_id=3284&kat=11. конс. 29 август 2008. 

Надворешни врски[уреди]

Портал „Истанбул


Ова е избрана статија. Стиснете тука за повеќе информации.
Статијата „Истанбул“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).