Ѓулхан (парк)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Паркот Ѓулхан во Истанбул
Паркот Ѓулхан погледнат од Топкапи Сарај
Готскиот столб во паркот

Паркот Ѓулхан (турски: Gülhane Park, во превод “куќа на цвеќето“) е историски градски парк во кој се наоѓа во областа Еминоину во Истанбул, Турција, во непосредна близина на Топкапи Сарај. Овој парк воедно е и најстариот парк во градот.

Паркот некогаш бил дел од надворешната градина на Топкапи Сарај и претежно се состоел од забел. Дел од паркот за јавноста бил отворен во 1912 година. Во паркот имало отворено неколку кафулиња, ресторани и зоолошка градина. Првата статуа на Ататурк била подигната токму во овој парк во 1926 година.

Паркот бил подлежен на реновирање во последните неколку години. Била отстранета зоолошката градина. Некои од дрвјата во паркот датираат од 1800-тите години. Овде се наоѓа и музејот на историјата, науката и технологијата на исламот, оворен во мај 2008 гоdина од страна на турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган.[1]

Видете исто[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „Turkish PM inaugurates museum in istanbul“. World Bulletin. 24 мај 2008. http://www.worldbulletin.net/news_detail.php?id=22750. конс. 28 јуни 2009. 

Литература[уреди]

  • Necipoğlu, Gülru (1991). „Architecture, ceremonial, and power: The Topkapi Palace in the fifteenth and sixteenth centuries“. Cambridge, Massachusetts: The MIT Press. стр. 336 pages. ISBN 0-262-14050-0. 
  • Fanny Davis. Palace of Topkapi in Istanbul. 1970. ASIN B000NP64Z2

Надворешни врски[уреди]