Музеј Сак'п Сабанџ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Музеј Сакап Сабанџ
Sakıp Sabancı Müzesi
Карта
Општи податоци
ГрадИстанбул
ЗемјаТурција

Музејот Сакап Сабанџ (турски: Sakıp Sabancı Müzesi) се наоѓа во Истанбул, Турција. Музејот е посветен на исламската калиграфија, религиозни и некои државни документи како и фотографии од османлиската ера. Музејот бил основан од страна на Сакип Шабанџи Меркез, и официјално бил отворен во јуни 2002 година.

Историската зграда припаѓала на неколку високо рангирани семејства, на египетски гувернери, од 1848 до 1884 година, кога била купена од страна на Отоманскиот трезор по наредба на султанот Абдул Хамид II и даден како подарок на кралот Никола I од Црна Гора. Зградата во следните 30 години служела како царска резиденција и амбасадата на Црна Гора. Во 1913 година, објектот станал дом на внуката на Султан Мехмед V. По основањето на Турската Република, принцот Мехмед Али Хасан, внук на Исмаил Паша, ја купил тогаш напуштената куќа и ја реновирал.

Во 1951 година, Хачи Омер Шабанџи, татко на Сакип Шабанџи Меркез и основач на Шабанџи Меркез групацијата, го купил овој дворец и главно го користел како летна резиденција. Во внатрешноста на дворот тој поставил статуа на коњ, кој ја добил на некој тендер. Куќата станала популарно позната како Атли Коск. Тој и неговото семејство живееле во дворецот сè до неговата смрт во 1966 година.

Освен постојаните изложби, музејот исто така е домаќин на домашните и странските привремени изложби од различни културни настани. Неодамна, во музејот биле изложени дела од Пабло Пикасо и Огист Роден. Изложбата на Пикасо била посетена од страна на 250.000 луѓе.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Sakıp Sabancı Museum Web Site - Past Exhibitions - Picasso in Istanbul“. Архивирано од изворникот на 2010-06-11. Посетено на 2010-01-03.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]