Црква „Света Ирина “ - Истанбул

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Црквата Света Ирина
Aya İrini
Αγία Ειρήνη
Hagia Eirene Constantinople July 2007 002.jpg
Основни податоци
Место Истанбул, Турција
Координати
Религија Христијанство
Осветен 4 век
Архитектонски опис
Архитектонски тип црква, музеј
Завршено 1846
Карактеристики

Црквата Света Ирина (турски: Aya İrini) е поранешен христијански храм, денеска претворен во музеј, кој се наоѓа во Истанбул, Турција. Денешниот музеј се наоѓа во дворот на Топкапи Сарај. Била изградена во 4 век во времето на Константин I Велики.

Се смета дека оваа црква била првата која била изградена во Византија. Во 532 година за време на нередите во Ника, таа била запалена, но многу брзо повторно била обновена од страна на Јустинијан I. По падот на Константинопол, најверојатно поради блискоста си со Света Софија и Султанахмедовата џамија, таа не била претворена во џамија но била користена како магацин за оружје. Од 1846 година била претворена во музеј.

Историја[уреди]

Денешниот објект се наоѓа на местото каде некогаш се наоѓал хрмот на Афродита (откриен во 1946 година) и овој христијански храм се смета за првата црква која била изградена во Константинопол. Константин I наредил да се изгради овој храм во 4 век. Во црквата се наоѓа саркофаг кој според легендата припаѓа на Константин Велики. Според истражувањата, првата црква се состоела од главна купола, чиј дијаметар изнесувал 16,5 метри.

Во оваа црква, до изградбата на катедралниот храм Света Софија во 360 година, се наоѓало седиштето на Вселенската патријаршија. Бо 381 година во Света Ирина се одржал Вториот вселенски собор.

Во 397 година, патријархот Нектариј ја преместил патријаршијата во Света Ирина поради пожарот кој избил во Света Софија. Во 404 година, Света Софија изгорела целосно и седиштето на патријаршијата повторно било префрлено овде до 415 година, кога Света Софија била целосно изградена.

Во времето на бунтот Ника во 532 година, Света Ирина била опожарена, но императорот Јустинијан I ја реновирал веднаш по ова. Прокопиј Кесариски запишал дека величењето на новата црква ги засенувале сите останати во градот. Во неа се служеле литургии од патријархот и затоа црквата често се нарекувала патријаршиска.

Црквата била повторно опожарена во 564 година. Во 740 година, Света Ирина пострадала од земјотрес, по кое следувала реставрација и по кое обновување го добила денешниот вид.

По зазимањето на градот од страна на Османлиите во 1453 година, поради блискоста со Света Софија и Сината џамија, црквата не била претворена во џамија како многу други, туку била користена како касарна од јаничарскиот корпус до 18 век.

Во 1846 година била претворена во Археолошки музеј, а во периодот од 1869 до 1875 била Императорски музеј, а од 1908 Воен музеј.

Денеска, музејот служи главно како концертна сала за класична музика. Од 1980 година, секое лето се проведуваат поголемиот дел од концертите на Истанбулскиот меѓународен музички фестивал.

НАдворешни врски[уреди]