Црвена лисица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Лисица
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Chordata
Класа: Mammalia
Ред: Carnivora
Фамилија: Canidae
Племе: Vulpini
Род: Vulpes
Вид: V. vulpes
Биномен назив
Vulpes vulpes
(Linnaeus, 1758)
Распространетост на црвената лисица. Местата од каде потекнува во темно портокалова, а местата каде е донесена во светло портокалова боја.
Синоними

Vulpes fulva, Vulpes fulvus

Црвената лисица е најпозната од сите видови на лисици. Taa е најраспространета не само од сите видови на лисици туку и од сите останати копнени месојадци. Како што кажува нејзиното име крзното по боја најчесто и е црвено-кафено. Постојат околу 40 подвидови на лисици.

Генерално, секоја лисица е самотник и живее на своја територија. Единствено во зима се здружува со друга лисица, додека во текот на летото самостојно се храни.

Изглед[уреди]

Vulpes vulpes- Черепот

Крзното од горната страна на црвената лисица најчесто е со црвена боја, а од долната бело, меѓутоа тоновите на бојата и се менуваат во зависност од подрачјето кое го населуваат, па според тоа, бојата на горниот дел од телото и варира од црвенкасто-жолта до темно црвено-кафејава и може да биде ишарано со црвени, кафени, црни и бели влакна, а долниот дел од чисто бела па до сива боја. Долните делови од нозете и се црни. Очите на лисицата и се со златно-жолта боја и имаат карактеристични вертикално издолжени зеници слични како на мачката. Имаат одличен вид и многу се вешти, а опашката им овозможува рамнотежа при изведувањато на акробатски скокови. Силните нозе им овозможуваат да трчаат со брзина од 70 км/час така што можат успешно да ловат или да му побегнат на предаторот.

Во текот на есента и на зимата, на лисицата и расте повеќе крзно одколку вообичаено. Тоа е т.н. “зимско крзно“ кое ја штити лисицата од студот, а кое го губи на почетокот на пролетта кога тоа повторно станува кратко во летниот период.

Исхрана[уреди]

Се хранат претежно со разни глодари, глувци, зајци, инсекти, риби, но и со сите видови на други мали животни, билки како и со лешеви. Покрај тоа честа ловина им се и јајца од гнезда на птици кои се гнездат на земја како кокошки, еребици, фазани и др. Ретко уловуваат и младо срнче, а уште поретко прасе од дива свиња, додека некој влекач или водоземец ќе го изеде само во крајна нужда. Тиа знаат да влезат и во кокошарник и да украдат по некоја кокошка. Во зависност од годишното време лисиците се хранат и со зрели бобинки како и со равно овошје. Во потрага по храна лисиците ги јадат и животните кои настрадуваат во сообраќајот.

Црвените лисици се животни кои се активни во приквечерината, додека оние кои живеат во урбаните краеви се ноќни животни. Секоја лисица лови сама. Ако улови повеќе храна одколку што може да изеде, вишокот на храна го закопува и го јаде подоцна.

Подвидови[уреди]

  • Vulpes vulpes abietorum
  • (Vulpes vulpes aeygpticus – синоним на V v niloticus)
  • Vulpes vulpes alascensis
  • Vulpes vulpes alpherakyi
  • (Vulpes vulpes alticola – синоним на V v kurdistanica)
  • Vulpes vulpes anatolica
  • Арапска црвена лисица Vulpes vulpes arabica
  • Vulpes vulpes atlantica
  • Vulpes vulpes bangsi
  • Vulpes vulpes barbara
  • Vulpes vulpes beringiana
  • Vulpes vulpes cascadensis
  • Vulpes vulpes caucasica
  • Vulpes vulpes crucigera
  • Vulpes vulpes daurica
  • Vulpes vulpes deletrix
  • (Vulpes vulpes diluta – синоним на V v crucigera)
  • Vulpes vulpes dolichocrania
  • Vulpes vulpes dorsalis
  • Vulpes vulpes flavescens
  • Vulpes vulpes fulvus
  • Vulpes vulpes griffithi
  • Vulpes vulpes harrimani
  • Vulpes vulpes hoole
  • Vulpes vulpes ichnusae
  • Vulpes vulpes indutus
  • Vulpes vulpes jakutensis
  • Vulpes vulpes japonica
  • Vulpes vulpes karagan
  • Vulpes vulpes kenaiensis
  • (Vulpes vulpes krimeamontana – синоним на V v stepensis)
  • Vulpes vulpes kurdistanica
  • Vulpes vulpes macroura
  • Vulpes vulpes montana
  • Vulpes vulpes necator
  • Vulpes vulpes niloticus
  • Vulpes vulpes ochroxanta
  • Vulpes vulpes palaestina
  • Vulpes vulpes peculiosa
  • Vulpes vulpes pusilla
  • Vulpes vulpes regalis
  • Vulpes vulpes rubricosa
  • Vulpes vulpes schrencki
  • (Vulpes vulpes septentrionalis – синоним на V v vulpes)
  • Vulpes vulpes silacea
  • Vulpes vulpes splendidissima
  • Vulpes vulpes stepensis
  • Vulpes vulpes tobolica
  • Vulpes vulpes tschiliensis
  • (Vulpes vulpes vulpecula – синоним на V v nilotica)
  • Vulpes vulpes vulpes
  • (Vulpes vulpes waddelli – синоним на V v montana)

Распространетост[уреди]

Северна Америка, Европа, Азија и Северна Африка.

Наводи[уреди]

  1. Macdonald, D.W. & Reynolds, J.C. (2008). „Vulpes vulpes“. Црвен список на МСЗП - загрозени видови во 2008 година. МСЗП 2008. Вчитано на 2006-08-09. Database entry includes justification for why this species is of least concern