Црвен список на МСЗП

Од Википедија — слободната енциклопедија
Процент од видови од неколку групи наведени како      критични,      загрозени или      ранливи на Црвениот список на МСЗП од 2007 г.

Црвениот список на МСЗП, создаден во 1948, е најопсежниот попис на заштитниот статус на растителните и животниски видови во светот. Меѓународниот сојуз за заштита на природата (МСЗП или IUCN) е главниот светски орган на заштниот статус на видовите. Разни земји и организации имаат свои регионални црвени листи, кои го проценуваат ризикот од изумирање на видовите присутни во извесна политичка целина.

Црвениот список на МСЗП се темели на прецизни критериуми за утврдување на ризикот од изумирање на илјадници видови и подвидови. Ови критериуми се однесуваат на сите видови, во сите земји во светот. Спискот има за цел да им укажува на јавноста и државните институции за загрозеноста на видовите, како и да ѝ помогне на меѓународната заедница со намалувањето на стапката на изумирање на видовите.

Главни проценители на состојбата на видовите се BirdLife International, Зоолошкиот институт (научноинстражното одделение на Лондонското зоолошко друштво), Светскиот центар за надзор на заштитата на природата, и многу други стручни групи во рамките на Комисијата за опстанок на видовите (КОВ или SSC). Овие организации се одговорни за речиси половина од видовите на списокот.

Црвениот список на МСЗП нашироко се смета за најобјективен и најмеродавен систем на класификација на видовите на кои им се заканува изумирање.[1]

МСЗП настојува да врши проценки на сите видови на секои 5 години (или барем на секои 10). Ова се врши по пат на рецензија преку стручните групи, кои се органи на МСЗП надлежни за поединечен вид, групи на видови, или поединечни географски подрачја, или пак во случај на BirdLife International, целата класа на (Птици).[2]

Категории[уреди | уреди извор]

Икони за категории на Црвениот список
Преглед на категориите на Црвениот список од 2006 г.

Видовите се класификуваат во девет групи, врз основа на кртериуми како стапка на намалување, големина на популацијата, ареал, и степен на дистрибуција и фрагментација на популацијата.

Според службената терминологија, поимот „загрозен“ е група од три категории: „критично загрозен“, „загрозен“ и „ранлив“.

Категории и критериуми од 1994[уреди | уреди извор]

Икони за категории на Црвениот список
Категории на Црвениот список од 1994 г. (верзија 2.3), кои се користат за видови непрегледани од 2001 наваму.

Стариот систем од 1994 има само една категорија за „ниж ризик“ кои ги содржи следниве категории:

Со промените на системот во 2001, „речиси загрозен“ и „најмала загриженост“ станале посебни категории, а категоријата „зависен од заштита“ е исфрлена од употреба заради нејзиното припојување кон категоријата „речиси загрозен“.

Можеби изумрен вид[уреди | уреди извор]

Birdlife International (надлежни за птици во МСЗП)[4] користат дополнителна категорија „Можеби изумрен“ (PE)[5] Birdlife International препорачуваат оваа категорија да стане официјална.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Птици на Црвениот список на МСЗП“. BirdLife International. Архивирано од изворникот на 2013-10-14. Посетено на 1 февруари 2007. (англиски)
  2. „Основање на органи на Црвениот список“. Програм КОВ за Црвениот список на МСЗП. Архивирано од изворникот на 2006-10-26. Посетено на 12 ноември 2006. (англиски)
  3. За Црвениот список на МСЗП Архивирано на 24 јули 2010 г. (англиски)
  4. „Птици на Црвениот список на МСЗП“. BirdLife International. Архивирано од изворникот на 2013-10-14. Посетено на 27 јануари 2007. (англиски)
  5. С. Х. М. Батчарт и др. „На заминување или отиден: дефинирање на „можеби изумрен" вид за да се добие поверодостојна слика за неодамнешна изумрените видови“ (PDF). Билтен на Британскиот орнитолошки клуб. 2006 126A. Архивирано од изворникот (pdf) на 2012-09-27. Посетено на 2010-01-28. (англиски)

Литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]