Викивидови
Екранска снимка на почетната страница на Викивидови на 7 декември 2008 |
|
| URL | species.wikimedia.org |
|---|---|
| Комерцијално? | Не |
| Тип | Именик на видови |
| Регистрација | По избор |
| Сопственик | Фондација Викимедија |
| Создавач | Бенедикт Мандл (предложил во 2004); Џими Велс и заедницата на Викимедија |
| Пуштено | август 2004 |
Викивидови (англ. Wikispecies) е мрежен проект на основа на вики со поддршка од Фондацијата Викимедија. Има за цел да создаде опширен слободен каталог на сите видови и е наменет пред сè за научници наместо за пошироката јавност. Џими Велс, почесен претседател на Фондацијата Викимедија, изјавил дека уредниците не мора да ги поднесуваат нивните дипломи, но дека придонесите треба прво да поминат стручен преглед.[1][2] Викивидовите се лиценцирани со ГНУ-овата лиценца за слободна документација и CC-BY-SA 3.0.
Проектот е започнат во август 2004 со покана за учество до биолози ширум светот,[3] и досега има прераснато во поголем систем врз основа на Линеевата таксономија со врски до статии за поединечни видови Википедија, воспоставени во април 2005.[2]
На 10 октомври 2006, проектот надминал 75.000 статии, а на 20 мај 2007 надминал 100.000 статии со вкупно 5.495 регистрирани корисници. на 8 септември 2008 Викивидовите броеле 150.000 статии и вкупно 9.224 регистрирани корисници.
Содржина |
[уреди] Правила
Викивидовите имаат оневозможено локални подигања и наложува употреба на слики исклучиво од Заедничката Ризница. Не се дозволува употреба на содржини кои не се слободно лиценцирани.
[уреди] Поврзано
- Каталог на живиот свет
- Енциклопедија на живиот свет
- Проект Дрво на животот
- Список на интернет-енциклопедии
[уреди] Наводи
- ↑ „Повик за сите таксономи“. „Science“ 307 (5712): 1021. 2005. doi:. http://www.sciencemag.org/cgi/reprint/307/5712/1021d.pdf. (англиски)
- ↑ 2,0 2,1 „Викивидови“, „American Scientist Online“, 25 април 2005. (англиски)
- ↑ Марк Пеплоу (2005). „Списокот на видови достигна половина милион“. „Nature“. doi:. (англиски)
[уреди] Надворешни врски
- Викивидови на македонски (македонски)
- Викивидови на англиски (англиски)
- Повелба на Викивидовите, напишана од Џими Велс (англиски)
| Проекти на Викимедија фондација | |
|---|---|
| Викикниги (Викијуниор) • Викиверзитет • Заедничка Ризница • Викиречник • Викивести • Википедија • Викицитат • Викиизвор • Викивидови • Мета-вики • Викимедиин инкубатор |

