Обединет таксономски информативен систем

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Лого на ITIS

Обединетиот таксономски информативен систем (англ. Integrated Taxonomic Information System, крат. ITIS) е соработна организација[1] која има за цел да составува и одржува доследни и доверливи инфомации за таксономијата биолошките видови. ITIS е основан во 1996 како група на владата на САД составена од неколку федерални установи, но денес е меѓународна организација со учество на министерства од Канада и Мексико. Во базата учествува голема заедница на таксономски стручњаци. Кадарот што ги обработува содржините е сместен во Смитсоновиот природонаучен музеј во Вашингтон, а информатичките работи ги врши Геолошкиот топографски институт во Денвер. Организацијата главно се задржува на северноамериканските видови, но соработува со групи од други земји и меѓународни установи со цел да се добие на што поголема покриеност.[2]

Членки[уреди]

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „Меморандум за спогодба“. Обединет таксономски информативен систем. http://www.itis.gov/mou.html. конс. 4 април 2008.  (англиски)
  2. Кут, Лони Д. и др. (февруари 2008). „Надгледување на меѓународната трговија со диви животни и растенија со шифрирани податоци за видови“. Conservation Biology. doi:10.1111/j.1523-1739.2007.00857.x. http://www.blackwell-synergy.com/doi/abs/10.1111/j.1523-1739.2007.00857.x. конс. 9 мај 2007.  (англиски)

Надворешни врски[уреди]