Министерство за земјоделство на САД
| Министерство за земјоделство на САД | |
|---|---|
| United States Department of Agriculture | |
| Печат на министерството | |
| Лого на министерството | |
| Зданието на министерството | |
| Податоци за органот | |
| Основан | 15 мај 1862 како министерство: 15 февруари 1889 |
| Претходник | Земјоделско одделение |
| Држава | Федерална влада на САД |
| Седиште | Зграда „Џејми Л. Витен“ 1301 Independence Avenue, Вашингтон |
| Кадар | 105.778 |
| Годишен буџет | $132,3 млрд |
| Раководители | Том Вилсек, Секретар за земјоделство Кетлин Мериган, Заменик-секретар за земјоделство |
| Ограноци | во текстот. |
| Портал | |
| usda.gov | |
Министерството за земјоделство на САД (англ. United States Department of Agriculture, USDA) е министерство на САД одговорно за осмислување и извршување на државната политика во полето на земјоделство, сточарство и храната. Има за цел да ги задоволи потребите на земјоделците и сточарите, да ја унапредува земјоделската трговија и производство, да држи контрола на безбедноста на храната, да ги штити природните ресурси, да се грижи за руралните заедници и да се бори против неухранетоста и гладот во САД и во странство.
На чело на министерството стои министерот за земјоделство (наречен „Секретар за земјоделство“), кој е член на кабинетот. Функцијата моментално ја извршува Том Вилсек.
Миинистерството оди потекло од службата за земјоделски работи основана 1862, која добила статус на министерство дури во 1889 г. Денес има 105.778 вработени[1] и годишен буџет од 132,3 милијарди долари.[2]
Содржина |
Одделенија и служби [уреди]
- Секретар (министер) за земјоделство
- Заменик-секретар (заменик-министер) за земјоделство
- Потсекретар за фармерски и странско земјоделство
- Служба за регулатива и запазување
- Служба за странско земјоделство
- Служба за управување со ризици
- Здружение за стоково кредитирање
- Федерално здружение за земјоделско осигурување
- Потсекретар за природни ресурси и животна средина
- Шумарска служба на САД
- Служба за заштита на природните ресурси
- Потсекретар за рурален развој
- Служба за рурално домување
- Служба за рурална инфраструктура
- Рурална деловно-кооперативна служба
- Потсекретар за храна, исхрана и потрошувачки услуги
- Служба за храна и исхрана
- Центар за политика и застапништво на исхраната
- Потсекретар за безбедност на храната
- Инспекторат за безбедност на храната
- Потсекретар за научна работа, образование и економија
- Служба за земјоделска научна работа
- Служба за заедничка државна научна работа, образование и надоградба
- Служба за економско истражување
- Национална земјоделска библиотека
- Национална земјоделска статистичка служба
- Потсекретар за пласман и регулативни програми
- Служба за земјоделски пласман
- Здравствен инспекторат за животни и растенија
- Управа за инспекција на жито, пакување и складишта
- Потсекретар за фармерски и странско земјоделство
- Заменик-секретар (заменик-министер) за земјоделство
Поврзано [уреди]
Наводи [уреди]
Надворешни врски [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Министерство за земјоделство на САД“ |
- Министерство за земјоделство на САД (англиски)
- Национална база на хранливи состојки (англиски)