Англиски јазик
Од Википедија, слободна енциклопедија
| Англиски English |
||
|---|---|---|
| Изговор: | /ˈɪŋɡlɪʃ/ (Инглиш)[1] | |
| Зборуван во: | Наведени во статијата | |
| Вкупно зборувачи: | Прв јазик: 309[2] – 380 милиони[3] Втор јазик: 199[4] – 600 милиони[5] Вкупно: 1,8 милијарди[6] |
|
| Ранглиста: | 3 (мајчин)[7][8] Вкупно: 1 или 2 [9] |
|
| Јазично семејство: | Индоевропски Германски Западногермански Англофризиски Англиски |
|
| Писмо: | Латиница (англиска варијанта) | |
| Официјален статус | ||
| Официјален јазик во: | 53 земји |
|
| Регулиран од: | ||
| Јазични кодови | ||
| ISO 639-1: | en | |
| ISO 639-2: | eng | |
| ISO 639-3: | eng | |
|
|
||
Англискиот јазик (англ. English language) е западногермански јазик со потекло од Англија, и мајчин јазик на најголемиот број на луѓе во Австралија, Ирска, Канада, Комонвелтските Кариби, Нов Зеланд, Обединетото Кралство и САД (групно наречени Англосфера). Во голема мера се користи како втор јазик и како официјален јазик низ светот, особено во земјите од Комонвелтот како Индија, Јужна Африка, Пакистан и Шри Ланка и од многу меѓународни организации.
Современиот англиски јазик може да се рече дека е лингва франка.[10][11] Англискиот е доминантен меѓународен јазик во комуникациите, науката, деловното работење, воздухопловството, медиумите и дипломатијата.[3] Влијанието на Британската империја е главната причина за првичното проширување на јазикот далеку од Британските Острови.[12] По Втората Светска војна, растечкото економско и културно влијание на САД значително го има забрзано ова ширење на јазикот.
Познавање на англискиот јазик се бара во работењето на извесни полиња, професии и занимања. Како резултат на ова најмалку една милијарда луѓе зборуваат англиски барем основно. Англискиот е еден од шесте официјални јазици на Обединетите Нации.
Содржина |
[уреди] Историја
Англискиот е англофризиски јазик. Германофоните од северозападна Германија (Саксонци и Англи) и Јитланд (Јити) ја зазеле денешна источна Англија околу V век. Спорно е дали староанглискиот јазик се раширил со поместувањето на првобитното население, или пак локалните келти полека го прифатиле јазикот и културата на новата владеачка класа, или пак комбинација од двете (видете Подримска Британија).
Овие германски дијалекти подоцна се соединиле (останале географски варијации) и го формирале староанглискиот јазик. Староанглискиот грубо наликува на некои крајбрежни дијалекти во денешна северозападна Германија и Холандија (т.е. Фризија). Низ историјата пишаниот староанглиски, ја задржал својата синтетичка структура поблиска до протоиндоевропскиот, во голема мера прифаќајќи западносаксонски пишани обичаи, додека говорниот староанглиски станувал сѐ повеќе аналитички по природа, јубејќи го посложениот падежен систем, користејќи повеќе предлози и фиксен зборовен ред за искажување на саканото. Ова се гледа во средноанглискиот период, кога книжевноста се пишувала сѐ повеќе на народен (говорен) начин, по губењето на статусот на староанглискиот како јазик на благородништвото. Се претпоставува дека раниот развој на јазикот бил под влијание на келтски слој.[13][14] Подоцна бил под влијание и на сродниот северногермански јазик старонордискиот, користен од викинзите кои се населиле главно на северното и источното крајбрежје, па до Лондон, област позната како Данелаг.
Норманското освојување во 1066 извршило длабоко влијание врз еволуцијата на јазикот. Во следните 300 години норманите се користеле со англонормански јазик, кој бил близок на старофранцускиот, како јазик на дворот,правото и управувањето. Во XIV век англонорманските заемки придодале 10,000 збора кон англискиот, од кои 75% се користат и денес. Ова се многу зборови во правните и административни сфери, но и обични зборови за храна, како овчешко (mutton)[15] и говедско (beef)[16].Благодарение на овие нормански влијанија јазикот се претворил во денес наречениот средноанглиски јазик. Подоцна, за време на Англиската ренесанса, во јазикот влегле и многу, директно земени латински и старогрчки зборови.
За време на XV век, средноанглискиот јазик се преобразил заради Големото преместување на самогласките, ширењето на престижниот југоисточно-основан дијалект на дворот, управата и академскиот живот, и стандардизирачкиот ефект на печатењето. Раносовремениот англиски датира од Елизабетанскиот период.
[уреди] Географска распределеност
- Видете исто така: Листа на земји по број на говорници на англиски јазик
Над 380 милиони луѓе зборуваат англиски како мајчин јазик. Со овој број на говорници на англиски како мајчин јазик, англискиот е на трето место по мандаринскиот кинески и шпанскиот.[7][8] Меѓутоа ако ги земеме говорниците на англиски како мајчин и како немајчин јазик, добиваме дека англискиот е најзборуван јазик во светот, или можеби втор ако ги собереме сите кинески јазици, зависно од тоа дали ги сметаме за „јазици“ или „дијалекти“.[9][17] Проценките во кои се вклучени говорниците на англиски како втор јазик варираат во голема мера - од 470 милиони до над милијарда, зависно од тоа како ја дефинираме писменоста или „владеењето“ на јазикот.[18][19] Некои велат дека оние кои го зборуваат англискиот како втор јазик се три пати побројни од оние на кои им е мајчин.[20]
Земјите со најголем број на говорници на англиски како мајчин јазик се (во надолен ред): САД (215 милиони),[21] Обединетото Кралство (58 милиони),[22] Канада (17.7 милиони),[23] Австралија (15 милиони),[24] Ирска (3.8 милиони),[22] Јужна Африка (3.7 милиони),[25] и Нов Зеланд (3.0-3.7 милиони).[26] Земјите како Јамајка и Нигерија исто така имаат милиони автохтони говорници на дијалектни континууми, од креолските јазици на англиска основа, па до постандардизирана верзија на англискиот. Од земјите каде англискиот се зборува како втор јазик, највеќе вакви говорници има Индија ('индиски англиски јазик') и воопшто земено Индија има повеќе куѓе кои зборуваат/разбираат англиски од било која друга земја во светот.[27] По Индија доаѓа Кина.[28]
| Земја | Говорници од раѓање | |
|---|---|---|
| 1 | 214,809,000[21] | |
| 2 | 58,200,000[22] | |
| 3 | 17,694,830[23] | |
| 4 | 15,013,965[24] | |
| 5 | 4,200,000+ (прибл.)[22] | |
| 6 | 3,673,203[25] | |
| 7 | 3,500,000+ (прибл.)[26] | |
| 8 | 665,087[29] |
Англискиот е главен јазик во следниве:Австралија, Американски Девствени Острови , Ангвила, Антигва и Барбуда, Барбадос, Бахами, Белизе, Бермуда, Британска индоокеанска територија, Британски Девствени Острови, Гвајана, Гернзи, Гибралтар, Гренада, Доминика, Ирска, Јамајка, Јужна Џорџија и Јужни Сендвички Острови, Кајмански Острови, Канада, Мански Остров, Монсерат, Науру, Нов Зеланд, Обединето Кралство, Питкернски Острови, САД, Света Елена, Света Луција, Свети Винсент и Гренадини, Свети Китис и Невис, Сингапур, Тринидад и Тобаго, Туркс и Кајкос, Фоклендски Острови и Џерзи
Во многу други земји, каде англискиот не е најзборуван јазик, тој сепак е официјален. Тие земји се: Боцвана, Гамбија, Гана, Замбија, Зимбабве, Индија, Камерун, Кенија, Кирибати, Лесото, Либерија, Мадагаскар, Малта, Маршалови Острови, Намибија, Нигерија, Пакистан, Папуа Нова Гвинеја, Порторико, Руанда, Самоа, Свазиленд, Сиера Леоне, Сингапур, Соломонови Острови, Танзанија, Уганда, Федерални Микронезиски Држави, Филипини, Фиџи, Хонг Конг, Шри Ланка. Англискиот е и еден од 11-те рамнправни официјални јазици во Јужна Африка („јужноафрички англиски“). Важен јазик е и во неколку поранешни колонии или моментални зависни територии на Обединетото Кралство и САД, како во Хонг Конг и Маврициус.
Англискиот не е официјален јазик ниту во САД ниту во Обединетото Кралство.[30][31] Иако федералната влада на САД нема официјални јазици, англискиот има добиено глас за официјален јазик во 30 од 50 држави.[32]
[уреди] Англискиот како глобален јазик
Поради тоа што англискиот се зборува така нашироко, често се нарекува глобален јазик, лингва франка на совремието.[11] Додека тој не е официјален јазик во многу земји, денес е јазикот кој најчесто се учи како втор јазик во светот. По меѓународен договор е официјалниот јазик на воздушните и поморски комуникации, како и еден од официјалните јазици на Европската Унија, Обединетите Нации, и речиси сите меѓународни спортски организации, меѓу кои и Меѓународниот олимписки комитет.
Англискиот е најизучуван како странски јазик во Европската Унија (од 89% од учениците), по кој следат францускиот (32%), германскиот (18%) и шпанскиот (8%).[33] ВО ЕУ голем дел од населението вели дека може барем донекаде да разговара на англиски. Голем дел од населението вели дека може да разговата на англиски во: Холандија (87%), Шведска (85%), Данска (83%), Луксембург (66%), Финска (60%), Словенија (56%), Австрија (53%), Белгија (52%) и Германија (51%). [34] Норвешка и Исланд исто така имаат големо мнозинство на способни говорници на англискиот јазик.
Книги, весници и списанија на англиски можеме да најдеме во многу земји ширум светот. Англискиот често се употребува и во науките.[11]
[уреди] Дијалекти и регионални вариетети
Распростанетоста на Британската империја и во последите 50 години, проминентноста на САД го имаат проширено англискиот јазик ширум земјината топка.[11] Заради оваа глобална распространетост, англискиот има развиено многу дијалекти, како и креолски јазици и пиџини на англиска основа.
Главните вариетети на англискиот, во највеќето случаи, подразбираат неколку подвидови како сленгот Кокни во рамките на британскиот англиски; њуфаундлендскиот англиски во рамките на канадскиот англиски, афроамериканскиот англиски („Ебоника“) и јужниот американски англиски во рамките на американскиот англиски. Англискиот е плуризентричен јазик, без централен јазички регулатор како Француската академија во Франција; и, иако ниеден вариетет не се смета јасно за стандарден, низа акценти се сметаат за попрестижни, како да речеме стандардниот изговор во Британија.
Шкотскиот јазик се развил — главно независно — од истото потекло, н по Унитарниот Акт 1707 започнал процес на јазично губење, каде подоцнежните генерации присвојувале сѐ повеќе карактеристики на англискиот јазик, причинувајќи дијалектизација. Дали сега тој е посебен јазик или дијалект на англискиот наречен шкотски англиски е спорно. Изговорот, граматиката и лексиката на традиционалните форми се разликуваат, понекогаш сосема, од други вариетети на англискиот.
Заради распространетоста на англискиот како втор јазик, говорниците имаат многу различни акценти, кои често укажуваат на родниот дијалект или јазик на говорникот. За позабележителните карактеристики на регионалните акценти, видете Регионални акценти на говорниците на англискиот јазик, а за позабележителни карактеристики на регионалните дијалекти, видете Листа на англиски дијалекти.
Како што англискиот зајмувал разни зборови од други јазици низ историјата, така и англиските заемки сега се јавуваат во голем број на јазици низ светот, што укажува на технолошкото и културно влијание на неговите говорници. Постојат неколку пиџини и креолски јазици на основа на англискиот, како јамајканскиот креол, нигерискиот пиџин и Ток писин.
[уреди] Фонологија
[уреди] Самогласки
Белешки:
Самогласките се елементот кој најмногу се разликува од регион до регион.
Додека знаците се јавуваат во парови, првиот соодветствува на американскиот англиски, општоамерикански акцент; вториот соодветствува на британскиот англиски, британски стандарден изговор.
- Американскиот англиски го нема овој звук; зборовите со овој звук се изговараат со /ɑ/ со /ɔ/.
- Многу дијалекти на северноамериканскиот англиски не ја имаат оваа самогласка.
- Северноамериканската варијанта на овој звук е ротска самогласка.
- Многу говорници на северноамерикански англиски не разликуваат помеѓу овие две неакцентирани самогласки. За нив, roses и Rosa's се изговара исто, и симболот кој се користи обично е шва /ə/.
- Овој звук често се транскрибира како /i/ или /ɪ/.
- Дифтонзите /eɪ/ и {{IPA | /oʊ/ се монофтони за многу општоамерикански говорници, како /eː/ и /oː/.
- Буквата <U> може да означува /u/ или јотирана самогласка /ju/. Во брит. станд. говор, ако оваа јотирана самогласка /ju/ се јави по /t/, /d/, /s/ или /z/, често предизвикува палатизација на претходната согласка, претворајќи ја во /ʨ/, /ʥ/, /ɕ/ и /ʑ/, како во tune, during, sugar и azure. Во американскиот англиски палатизацијата не се јавува, освен ако /ju/ е проследено од r, кое резултира во помената на /(t, d,s, z)jur/ во /tʃɚ/, /dʒɚ/, /ʃɚ/ и /ʒɚ/, како во nature, verdure, sure и treasure.
- Самогласната должина игра фонетска улога во највеќето англиски дијалекти, и се смета за фонемска во неколку дијалекти, како австралискиот англиски и новозеландскиот англиски. ВО извесни дијалекти на современиот англиски, на пример општоамериканскиот, постои алофонска должина на самогласките: самогласните фонеми се реализираат како долги самогласни алофони пред звучни согласни фонеми во кодата на слогот. Пред Големото преместување на самогласките, должината на самогласките била фонемски контрастна.
- Овој звук се јавува само во неротските акценти. Во некои акценти, овој звук може да стои наместо /ʊə/, /ɔ:/.
- Овој звук се јавува само во неротските акценти. Во некои акценти, полусамогласката шва на /ɛə/ може да биде испуштена, монофтонирајќи и издолжувајќи го звукот во /ɛ:/.
[уреди] Видете и
- МФА за англиски јазик за повеќе.
[уреди] Согласки
Ова е англискиот согласен систем со симболи од МФА.
| билабијална | лабио- дентална |
меѓузабна | алвеоларна | пост- алвеоларна |
палатална | веларна | глотална | |
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| плозивни | p b | t d | k ɡ | |||||
| носни | m | n | ŋ 1 | |||||
| шлапки | ɾ 2 | |||||||
| фрикативни | f v | θ ð 3 | s z | ʃ ʒ 4 | ç 5 | x 6 | h | |
| африкати | tʃ dʒ 4 | |||||||
| апроксиманти | ɹ 4 | j | ||||||
| латерални апроксиманти | l |
| лабијалвеларни | |
|---|---|
| апроксиманти | ʍ w7 |
- Веларната носовка [ŋ] е нефонемски алофон на /n/ во некои северни британски дијалекти, и се јавува само пред /k/ и /g/. Кај сите други дијалкекти е посебна фонема, иако само се јавува кај слоговни коди.
- Алвеоларната шлапка [ɾ] е алофон на /t/ и /d/ кај ненагласените слогови во северноамериканскиот и австралискиот англиски.[35] Ова е звукот на tt или dd кај зборовите latter и ladder, кои се хомофони за многу говорници на северноамерикански англиски. Кај некои акценти како шкотскиот и индискиот го заменува /ɹ/. Ова е истиот звук претставен со едно r во шпанскиот јазик.
- Во некои дијалекти како, Кокни, меѓузабните /θ/ и /ð/ обично се спојуваат со /f/ и /v/, а во други, како афроамериканскиот, /ð/ се спојува со забното /d/. Кај некои ирски вариетети, /θ/ и /ð/ стануваат соодветни забни плозиви, кои потоа се во спротивност со вообичаените алвеоларни плозиви.
- Звуците /ʃ/, /ʒ/, и /ɹ/ се лабијализират во некои дијалекти. Лабијализацијата не е никкогаш спротивна на првичната позиција и затоа п