Храна
Од Википедија
Храната е претставена од сите материи кои организмот ги прима од средината за да преживее и да ги врши животните процеси. За автотрофните организми (растенија, алги и некои бактерии), како хранливи материи се важни минералите од почвата или водата, самата вода, како и некои материи (гасови) од атмосферата (за растенијата тоа е јаглеродниот диоксид, кој е извор на јаглерод). Овие неоргански хранливи материи, по пат на фотосинтеза или хемосинтеза, се претвораат во органски хранливи материи (биомаса на растенијата или автотрофните бактерии) кои, пак, од друга страна, се основна храна за потрошувачите (хетеротрофите): животни, праживотни, габи, повеќето бактерии и одредени хетеротрофни алги.