Белград

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Белград
Шаблон:Име
Знаменитостите во Белград
Coat of Arms Belgrade.png
(Грб)
Flag of Belgrade.svg
(Знаме)
Општи податоци
Име Белград
Стари имиња Сингидунум
Површина 359,96 km²
Население(2007) 1,670,000
Густина 506 ж./km²
Надморска височина: 117 m
Часовна зона UTC+1 (CET)
(Летно време: UTC+2 (CEST)
Градоначалник: Драган Ѓилас
Веб-страница: www.beograd.rs
Местоположба
Држава: Знаме на Србија Србија
Управен округ: Белградски округ
Географски
координати
:
44° 49′ 00′′ с.г.ш.
20° 28′ 00′′ и.г.д.
Белград во рамките на Србија
Белград
Белград (Србија)
Ознаки на градот
Автомобилска ознака: BG
Повикувачки број: 011
Поштенски број: 11000

Белград (српски: Београд или Beograd слушни ) е главен град и најголем град во Србија. Првите населби во регионот на Белград биле во предисториската Винча околу 4800 п.н.е. Градот бил населен во 3 век п.н.е. од Келтите, а по доаѓањето на Римјаните станал римска колонија во провинцијата Мезија и бил наречен Сингидунум. Се смета за еден од најстарите европски градови, бидејќи неговата историја е подолга од 7000 години. Словенското име Белиград за првпат се споменува на 16 април 878 година од н.е., во една преписка помеѓу папата Јован VII и бугарскиот кнез Борис I. Белград за првпат станал главен град на Србија во 1403. Во својата многугодишна историја, бил освојуван од преку 40 војски: римски, византиски, бугарски, унгарски, отомански и тн. Бил главен град на различните форми на Југославија од 1918 до 2003, како и на државната унија на Србија и Црна Гора од 2003 до 2006.

Градот лежи на реките Сава и Дунав на централна северна Србија, на местото кадешто Панонската Низина се граничи со Балканскиот Полуостров. Населението на Белград, според српскиот попис во 2002 е 1.670.000. Тоа е најголемиот град на територијата на поранешна Југославија, и по бројот на жители е четврт во Југоисточна Европа, по Истанбул, Атина, и Букурешт.

Белград има статус на посебна територијална единица во Србија, со посебна автономна градска власт. Територијата на Белград е поделена на 17 општини, од која секоја има свој локален совет. Белград зафаќа преку 3.6% од територијата на Србија и 21% од српското население (без населението на Косово), живее во градот. Претставува економски центар на Србија и главен град на српската култура, образование и наука.

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици