Покраини во Турција

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Турција е поделена на 81 покраина (тур. il, множ. iller). Покраините се делат на разни окрузи. Секоја покраина има административен центар (il merkezi) кој претставува централен округ (merkez ilçe). Покраината може да опфаќа и други окрузи (ilçe, множ. ilçeler). Сите покраини се наречени според административниот центар, освен три: Хатај (Антакија), Коџаели (Измит) и Сакарија (Адапазари).

Со секоја покраина раководи управник (валија). Порано, покраините се нарекувале вилаети.

Список на покраини[уреди]

Покраини во Турција
Рег. табл. Назив Површина (км²) Население
(покраина)
Густина на
населеност (/км²)
Админ. центар Население
(админ. центар)
Пописен регион
01 Адана 14.256 2.062.226 145 Адана (агл.) 1.130.710 Средоземен
02 Адјаман 7.572 588.475 78 Адјаман 178.538 Југоисточна Анадолија
03 Афјонкарахисар 14.532 701.326 48 Афјон 128.516 Егејски
04 Агри 11.315 537.665 48 Агри 79.764 Источна Анадолија
05 Амасија 5.731 365.231 63 Амасија 74.393 Црноморски
06 Анкара 25.615 5.017.914 156 Анкара (агл.) 3.203.362 Средна Анадолија
07 Анталија 20.599 1.719.751 83 Анталија 603.190 Средоземен
08 Артвин 7.493 191.934 25 Артвин 23.157 Црноморски
09 Ајдн 7.922 950.757 120 Ајдн 142.267 Егејски
10 Балкесир 14.442 1.076.347 74 Балкесир 215.436 Мраморен
11 Билеџик 4.181 194.326 46 Билеџик 34.105 Мраморен
12 Бинѓол 8.402 253.739 30 Бинѓол 68.876 Источна Анадолија
13 Битлис 8.413 388.678 46 Битлис 44.923 Источна Анадолија
14 Болу 10.716 270.654 25 Болу 84.565 Црноморски
15 Бурдур 7.238 256.803 35 Бурдур 63.363 Средоземен
16 Бурса 11.087 2.550.645 191 Бурса (агл.) 2.249.974 Мраморен
17 Чанаккале 9.887 464.975 47 Чанаккале 75.810 Мраморен
18 Чанкр 8.411 270.355 32 Чанкр 62.508 Средна Анадолија
19 Чорум 12.833 597.065 46 Чорум 161.321 Црноморски
20 Денизли 11.716 950.029 72 Денизли 350.000 Егејски
21 Дијарбекир 15.162 1.362.708 89 Дијарбекир 545.983 Југоисточна Анадолија
22 Едрене 6.241 402.606 64 Едрене 119.298 Мраморен
23 Елазиг 9.181 569.616 62 Елазиг 266.495 Источна Анадолија
24 Ерзинџан 11.974 316.841 26 Ерзинџан 107.175 Источна Анадолија
25 Ерзурум 24.741 937.389 37 Ерзурум 361.235 Источна Анадолија
26 Ескишехир 13.904 706.009 50 Ескишехир 482.793 Средна Анадолија
27 Газиантеп 7.194 1.285.249 178 Газиантеп (агл.) 853.513 Југоисточна Анадолија
28 Гиресун 7.151 523.819 73 Гиресун 83.636 Црноморски
29 Ѓумушхане 6.125 186.953 30 Ѓумушхане 30.270 Црноморски
30 Хаќари 7.729 236.581 30 Хаќари 58.145 Источна Анадолија
31 Хатај 5.403 1.448.418 268 Антакија 202.216 Средоземен
32 Испарта 8.733 513.681 58 Испарта 148.496 Средоземен
33 Мерсин 15.737 2.271.400 304 Мерсин 1.375.842 Средоземен
34 Истанбул 5.170 11.622.257 1.937 Истанбул (агл.) 11.008.790 Мраморен
35 Измир 11.811 3.370.866 285 Измир (агл.) 2.232.265 Егејски
36 Карс 9.594 325.016 33 Карс 78.473 Источна Анадолија
37 Кастамону 13.473 375.476 27 Кастамону 64.606 Црноморски
38 Кајсери 17.116 1.060.432 61 Кајсери (агл.) 536.392 Средна Анадолија
39 Кркларели 6.056 328.461 54 Кркларели 53.221 Мраморен
40 Кршехир 6.434 253.239 39 Кршехир 88.105 Средна Анадолија
41 Коџаели 3.635 1.206.085 331 Измит 195.699 Мраморен
42 Конија 40.824 2.192.166 53 Конија (агл.) 742.690 Средна Анадолија
43 Ќутахија 12.119 656.903 54 Ќутахија 166.665 Егејски
44 Малатија 12.235 853.658 69 Малатија 381.081 Источна Анадолија
45 Маниса 13.120 1.260.169 96 Маниса 214.345 Егејски
46 Кахраманмараш 14.213 1.002.384 70 Кахраманмараш 326.198 Средоземен
47 Мардин 9.097 705.098 77 Мардин 65.072 Југоисточна Анадолија
48 Мугла 12.716 715.328 56 Мугла 43.845 Егејски
49 Муш 8.023 453.654 56 Муш 67.927 Источна Анадолија
50 Невшехир 5.438 309.914 56 Невшехир 67.864 Средна Анадолија
51 Нигде 7.318 348.081 47 Нигде 78.088 Средна Анадолија
52 Орду 5.894 887.765 150 Орду 112.525 Црноморски
53 Ризе 3.792 365.938 96 Ризе 78.144 Црноморски
54 Сакарија 4.895 756.168 154 Адапазари 283.752 Мраморен
55 Самсун 9.474 1.209.137 127 Самсун (агл.) 363.180 Црноморски
56 Сирт 5.465 263.676 48 Сирт 98.281 Југоисточна Анадолија
57 Синоп 5.858 225.574 38 Синоп 30.502 Црноморски
58 Сивас 28.129 755.091 26 Сивас 251.776 Средна Анадолија
59 Текирдаг 6.345 623.591 98 Текирдаг 107.191 Мраморен
60 Токат 9.912 828.027 83 Токат 113.100 Црноморски
61 Трабзон 4.495 975.137 216 Трабзон 214.949 Црноморски
62 Тунџели 7.406 93.584 12 Тунџели 25.041 Источна Анадолија
63 Шанлурфа 19.091 1.443.422 75 Шанлурфа 385.588 Југоисточна Анадолија
64 Ушак 5.174 322.313 62 Ушак 137.001 Егејски
65 Ван 20.927 1.022.330 41 Ван 284.464 Источна Анадолија
66 Јозгат 14.083 682.919 48 Јозгат 73.930 Средна Анадолија
67 Зонгулдак 3.470 615.599 177 Зонгулдак 104.276 Црноморски
68 Аксарај 8.051 396.084 49 Аксарај 129.949 Средна Анадолија
69 Бајбурт 4.043 97.358 24 Бајбурт 32.285 Црноморски
70 Караман 8.816 243.210 27 Караман 105.384 Средна Анадолија
71 Крккале 4.589 383.508 83 Крккале 205.078 Средна Анадолија
72 Батман 4.671 456.734 97 Батман 246.678 Југоисточна Анадолија
73 Шрнак 7.296 353.197 48 Шрнак 52.743 Југоисточна Анадолија
74 Бартин 1.960 184.178 93 Бартин 35.992 Црноморски
75 Ардахан 5.495 133.756 24 Ардахан 17.274 Источна Анадолија
76 Игдир 3.584 168.634 47 Игдир 59.880 Источна Анадолија
77 Јалова 847 168.593 200 Јалова 70.118 Мраморен
78 Карабук 2.420 225.102 93 Карабук 100.749 Црноморски
79 Килис 1.642 114.724 70 Килис 70.670 Југоисточна Анадолија
80 Османие 3.767 458.782 124 Османие 173.977 Средоземен
81 Дузџе 3.641 314.261 90 Дузџе 56.649 Црноморски


  • Податоците за населението се според пописот од 2009 г.[1]
  • Покраините по Зонгулдак (67), немаат регистарски броеви по азбучен редослед, туку хронолошки, според тоа кога се формирани. Ова се должи на фактот што тие се понови, па властите прво ги именувале, а потоа им доделувале броеви.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Статистички завод на Турција. „Попис 2009 - градско население“. Статистички завод на Турција (TÜİK). http://www.turkstat.gov.tr/PreHaberBultenleri.do?id=6178. конс. 25 јануари 2010.  (англиски)