Умерена клима

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Умерените појаси (црвено) на карта на светот.

Умерениот климатски појас (умерена зона) е подрачје што ги опфаќа напоредниците на земјината топка што лежат помеѓу тропите и поларните региони. Во овие подрачја разликата помеѓу летото и зимата е релативно умерена, и нема крајности во топлина и студ. Меѓутоа во некои места како Азија и средна Северна Америка, разликите знаат да бидат огромни поради нивната голема оддалеченост од морето, па затоа имаат континентална клима. Во тропските подрачја, местата на голема надморска височина (на пр. делови од Андите) може да имаат умерена клима.

Северниот умерен појас се протега од северниот повратник (~ 23.5 ° СГШ) до северниот поларен круг (~ 66.5° СГШ). Јужниот умерен појас Се протега од јужниот повратник (23,5° ЈГШ) до јужниот поларен круг (~ 66.5° ЈГШ).

Во овие граници постојат повеќе видови клими, што се делат на шест групи: океанска (морска), средоземна, влажна суптропска, континентална, пустинска клима и степска (полупустинска).

Морската клима ја диктираат океаните, кои одржуваат стабилни температури во текот на годината. Во умерените појаси преовладуваат западните ветрови, па затоа крајните западни области најчесто имаат ваква клима. Вакви региони се западна Европа и западниот дел на Северна Америка помеѓу 40° и 60° СГШ (65° СГШ во Европа).

Континенталните, полупустинските и пустинските климатски услови се среќаваат во внатрешноста на континентите. Летата се потопли, а зимите се постудени. Губитокот и примањето на топлина тука се потпомогнати од големата континентална конпнена шир. Во Северна Америка, Карпестите Планини играат улога на климатска препрека, спречувајќи ги морските воздушни струи од запад, така што истокот има полупустинска и континентална клима. Во Европа, морската клима ги стабилизира температурите на копното, поради тоа што големите планински венци како алпите се протегаат во правец исток-запад (подрачјето источно од Скандинавските Планини претставува исклучок).

Огромен ден од населението во светот живее во умерени појаси, особено на северната полутопка, поради големата копнена маса. Покрај ова, населението во умерените појаси е во опаѓање поради низок наталитет и сè повеќе преселби од умерените подрачја во тропите.

Поврзано[уреди]