Византија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Империја

Империја на Римјаните
Imperium Romanorum

330–1453
Знаме на доцната империја[1] Царски грб
Византија за време на најголемата територијална експанзија под водство на Јустинијан 550 г.
Главен град Константинопол¹
Јазици латински до 7 век
Вероисповед Христијанство, Православие
Уредување Монархија
Император
 -  306–337 Константин I Велики
 -  1449–1453 Константин XI
Законодавство Византиски сенат
Историски период Среден век
 -  Основана од Константин I Велики 11 мај 330
 -  Источно-западен шизам 1054
 -  Падот на Константинопол 1204
 -  Повторно освојување на Константинопол 1261
 -  Падот на Константинопол 29 мај 1453
Население
 -  4 век 34.000.000 
 -  8 век (780) 7.000.000 
 -  11 век (1025) 12.000.000 
 -  12 век (1143) 10.000.000 
 -  13 век (1281) 5.000.000 
Валута Солидус
Preceded by
Succeeded by
Римска империја
Отоманска Империја
Требизондска Империја
Деспотство Мореја
Војводство на Архипелагот
Венецијанска Република
Кралство Кипар
Војводство Атина


Византија, Византиум или Византиско царство е современ поим кој се користи да се опише Pимското царство, во средниот век, кое имало седиште во Константинопол (денешен Истанбул). Во посебна смисла обично се однесува на вековите кои го обележале падот на Западното Римско царство. Со Византија се поврзува и терминот Источно Римско царство. Не постои општа согласност кога почнува византиската епоха, некои тој почеток го сместуваат во времето на владеењето на Диоклецијан (284–305), кој спровел реформа на царството и го поделил на два административни дела – Источен (pars Orientis) и Западен (pars Occidentis).

Според други теории се смета дека отпочнало во времето на владеењето на Теодосиј I (379–395) и триумфот на Христијанството, над Римските пагански религии, или по неговата смрт во 395 година, со распадот на империјата на западен и источен дел. Според трета теорија се смета дека Византискиот период почнува во 476 година која е и последниот западен цар – Ромул Августул, кој бил приморан да абдицира, со тоа што на владетелот на источното царство му ја оставил целата империја. Во секој случај постепени промени имало и до 330, кога Константин I го изградил Константинопол како свој престолен град, процесот на хеленизација, и христијанизација веќе бил во голем замав.

Потекло на поимот Византија[уреди]

Поимот Византиско царство е модерен термин и не им бил непознат на современиците на царството. Во текот на своето постоење ова царство се нарекува Романиа (грчки: Ῥωμανία), Ромеја или Βασιλεία Ῥωμαίων (Басилеиа Ромаион), што претставува директен превод од латинското име на Римското царство. Imperium Romanorum, сите постоечки записи говорат за Византијците како за „Ромеи“, значи земји кои се наследници на Римското царство и нивни поданици.

Називот Византија прв пат се користи во 1557 (нешто повеќе од стотина години по падот на Константинопол) од страна на германскиот историчар Хероним Волф, во неговото дело Corpus Historiae Bizantinae, каде што се вели дека називот Византија потекнува од старогрчкиот назив Византион, кој се однесувал на грчка колонија на која постоела на Босфор пред формирањето на Константинопол.

Според преданието градот го основале грчки колонисти кои ги предводел извесен Виза или Визас, а по него и населбата го добила името Византион. Заради поволната географска положба Византион набрзо станал важен трговски и патнички центар, но во Античкиот период не заземал некоја значајна улога. По ова дошле Римјаните и римскиот цар, Септимиј Север (193-211) кој барал овој град да се прошири. Во 324 година Константин станува единствен цар на римското царство. Во тоа време царството е во тешка криза. Рим старата престолнина и центар на светот, веќе еден век не е престолнина на римските цареви. Константин најпрво живеел во Трир и Треверориум (денеска во западниот дел на Германија), а потоа и во Милано во северна Италија. Сепак Константин ја видел потребата за постојана престоленица на Римското царство и во 330 година, Византион станува престолен град на царството под името Константинопол.

По распадот на Западното Римско царство единственто римско царство кое преостанува е Источното со седиште во Константинопол.

Сѐ до 1453 (до падот на Константинопол), Византија во основа претставува римско царство, и својата држава и земја ја нарекувала Роменија или Ромејско царство. Жителите на оваа царство себеси се сметале за Ромеи (односно Римјани - термин со кој и денес им се обраќаат голем број византолози), а потоа следувале другите категории како етнички Грци, Македонци, Ерменци, Арапи и др. До ден денес во некои делови на Грција се користи терминот ромаои, што означува домородец или земјак.

За разлика од западниот дел, на источниот дел од медитеранот доминирала грчката и другите источни култури. Со губењето на Западните провинции (претежно на Апенинскиот полуостров) се намалува и влијанието на Ромејската култура врз западниот дел од Европа. Потоа во 7 век, во царството грчкиот јазик го заменува латинскиот. Овој век многу историчари го сметаат за почеток на класичната Византија, односно Византија како средновековна држава. На крај со формирањето на Светата Римска Империја во 962 година, интересот за Ромејското царство (единствениот легитимен наследник на Римската империја) се миноризира во западниот дел од Европа.

Имајќи ги предвид искажаните работи во претходниот параграф, политичките импликации и нетрпеливости кои следеле по големата шизма од 1054 година, како и фактот што живеејќи со векови раздвоени источните и западните христијани развиле различни традиции се некои од причините за постоењето на потреба во Западниот свет за преименување на ова царство кое претставувало бедем кој ги штител христијаните во западниот дел од Европа од различни влијанија од Азија.

Историја[уреди]

Поделба на Римското царство[уреди]

Во текот на третиот век од нашата ера на Римската империја и се заканувале три видови на кризи: инвазии, граѓански војни, како и проблеми во економијата на земјата[2]. Во таква ситуација градот Рим изгубил многу од своето значење како административен центар.

Диоклецијан, Археолошки музаеј, Истанбул, Турција

Императорот Диоклецијан создал нов тип на административен систем (кој бил наречен тетрархија) [3]. Системот се состоел од двајца ко-императори или, како што уште се нарекувале, августи кои владееле со источниот и со западниот дел од империјата, и од двајца цезари. Цезарите ја делеле власта со августите и во даден момент (при смрт на августите) требало да ја заземат нивната позиција. По абдикацијата на Диоклецијан и Максимијан системот на тетрархија не се задржува уште долго. Константин Велики го заменува овој систем со системот на династичко наследување на тронот на империјата.

Главата на Константин Велики. Сочуван дел од поголема статуа.

За да може подобро да се брани Римската империја од напади, кои вообичаено доаѓале од исток, Константин Велики во 330 г. го преместува главниот град на империјата од Рим во градот Византиум кој бил стратешки позициониран на бреговите на Босфор каде се вкрстувале патиштата кој воделе од исток на запад. Константин, исто така, извршил голем број реформи кои довеле до стабилизација на империјата во периодот кој следел[4]. Тој го стабилизирал ковањето на пари (зладниот солидус кој бил воведен во оптек станал стабилна и ценета валута[5]), но исто така иницирал и промени во структурата на армијата. Во текот на владеењето на Константин Велики империјата ја зацврснала својата воена моќ. Освен тоа периодот на владеење на овој император претставува период на просперитет на Римското царство.

Стар Рим
Политика на и управување во Стариот Рим

Римско Кралство
753 п.н.е.510 п.н.е.
Римска Република
510 п.н.е.27 п.н.е.
Римска Империја
27 п.н.е.476

Принципат
Западно царство

Доминат
Источно царство

Редовни магистрати

Конзул
Претор
Квестор
Промагистрат

Едил
Трибун
Цензор
Управник

Вонредни магистрати

Диктатор
Магистер еквитум
Конзуларен трибун

Рекс
Триумвири
Децемвири

Титули и почести
Цар

Легат
Дукс
Официус
Префект
Викариј
Вигинтисексвири
Ликтор

Магистер милитум
Император
Принцепс сенатус
Понтифекс максимус
Август
Цезар
Тетрарх

Политика и право

Сенат
Курсус хонорум
Римски собранија
Колегијалност

Римско право
Римско граѓанство
Аукторитас
Курсус хонорум

Во текот на периодот на владеење на Константин христијанството не постанало единствена религија во империјата, туку претставувал религија која била во милост на императорот, со оглед на тоа што императорот ја поддржувал, а христијанските заедници добивале извесни привилегии поради тоа. Константин го востановил принципот дека императорот не треба да ги решава прашањата од религиски интерес, туку дека треба да помага во нивното решавање со свикување на собори за таа цел (како што бил Првиот собор во Никеја) и на таков начин се поставил себеси на врвот на црковната хиерархија.[6]

Состојбата во која се наоѓала Римската империја во 396 г. може да се опише како резултат на работата на Константин Велики. Принципот на династичко наследство на тронот на империјата поминал толку лесно што по смртта на императорот Теодосиј I, многу лесно империјата била препуштена на владеење на неговите синови Аркадиј (на Исток) и Хонориј (на Запад). Теодосиј е последниот император кој владее со целата Римска империја. [7]

Источното Римско царство, околу 480 година
Карта на Византија по падот на Самоиловото царство.

Источното Римско царство било поштедено од тешкотиите со кои се соочувало Западното царство во текот на третиот и четврток век, што било резултат на подобро зацврснатата урбана култура, подобрите финансиски ресурси кои овозможувале зачувување на мирот и просперитетот на државата, но исто така и ангажирање на странски платеници во војската. Понатаму, Теодосиј II ги изградил ѕидините на Константинопол кои успешно го бранеле градот од различните напаѓачи се до 1204 година кога за прв пат одбраната на градот била совладана од крстоносците. За да ги смири амбициите на Хуните на Атила тој им исплатил околу 300 kg злато. Тој исто така го поттикнувал развојот на трговијата на Константинопол со Хуните и со другите соседни земји.

Неговиот наследник Марцијан одбил да ги продолжи да им исплаќа злато на Хуните, но тоа не ја погодила империјата затоа што вниманието на Атила било насочено кон Западното Римско царство. По смрт на Атила, во Источното царство настанал период на просперитет, додека пак, Западното царство пропаѓа. За година кога Западното Римско царство престанува да постои се смета 476 година кога Одоакар го принудува Ромул Августус, последниот император на Западното римско царство, да се откаже од круната.

За да се повратат изгубените позиции во Италија, императорот Зенон преговара со Источните Готи (од Мизија) на Теодорик кого го испраќа во Италија да владее таму како ’’magister militum per Italiam’’ (главен командант за Италија). По падот на Одоакар, Теодорик, кој младоста своја ја поминал во Константинопол, управува со Италија, односно со Кралството на Источните Готи, независно од Константинопол. Сепак, императорот во Зенон во Константинопол смета дека тој има некаква номинална надмоќ над западните земји.

Култура[уреди]

За повеќе видете Византиска култура

Уметност[уреди]

За повеќе видете Византиска уметност

Архитектура[уреди]

За повеќе видете Византиска архитектура

Византиската архитектура е архитектонски стил кој настанал на територијата на Источното Римско царство. Постепениот подем на уметничко и културно ниво настапил по 330 година, кога императорот Константин I Велики ја преместил престолнината на империјата од Рим во Византион, или подоцна попознат како Новиот Рим (или како што подоцна ќе се нарекува Константинопол, односно Истанбул). Империјата, која постоела повеќе од илјада години, драматично влијаела во создавањето и изградбата на средновековната архитектура во Европа. По падот на Константинопол во 1453 година, елементите на византиската архитектура во голема мера се задржале и кај османлиската архитектура, а во Западна Европа имале големо влијание врз развојот на романескниот и готскиот стил на градби.

Се смета дека првичен белег на тоа што подоцна ќе претставува византиска архитектура датираат уште од времето на Јустинијан I. Најпознатите зачувани градби од овој период се наоѓаат во градовите Равена (во Италија) и во Константинопол во Црквата Света Софија. Еден од главните моменти во рановизантиската архитектура е преминот на комплексниот систем на градби од квадратен план во кружна купола или куполи на црквата. Јустинијан ја има честа да се смета за човекот одговорен за поставувањето на првите стандарди на византиската естетика во архитектурата, помеѓу другото и поради тоа што во периодот на неговото владеење било дојдено до научни сознанија кои овозможиле дополнителен квалитет во архитектонското изразување.

Кујна[уреди]

За повеќе видете Византиска кујна

Византиското наследство денес[уреди]

За повеќе видете Византиското наследство денес

Како единствена долговечна држава во Европа во текот на средновековието Византија која постојано требало да го чува својот интегритет во однос на цивилизациите кои се појавувале на истокот од Азија (Персија, Арапските освојувања, Турците Селџуци, Турците Отомани и др.), индиректно претставувала и бедем за зачувување на христијанството во западниот дел од Европа. Некои историчари ги сметаат Византиско-арапските војни како клучен фактор кој влијаел врз подемот на Карло Велики [8], како и стимул за развојот на феудализмот и економија која би ги задоволувала потребите на западните христијани. Веројатно како последица на комплексните односи кои Византиците ги имале со западните христијани голем број на западни историчари ја опишуваат историјата на Визнатија со зборовите декадентна, дволична политика и комплесна бирократија. Исто така во текот на средновековието постоела изразена негативна перцепција на Византија од страна на малите држави кои повремено се јавувале во Југоисточна Европа[9].

Не помалку важно наследство коешто како Европјани сме го добиле од Византија е зачувувањето на античките традиции. Додека западот на Европа, по падот на Западното Римско царство тонел во мрачниот среден век, а Карло Велики едвај знаел да си го напише името, Ромејците во своите училишта ги изучувале грчките класици (Хомер, Аристотел, Платон и др.).

Во периодот на самракот на Византија (во последните години од нејзиното постоење) голем број учени ќе ги напуштат преостанатите територии на Византија и ќе преминат, во најголема мерка, во Италија и таму ќе претставуваат двигател на Ренесансата – односно на повторното откривање на изгубените антички вредности за Западна Европа.

Сѐ до започнувањето на Крстоносните војни (кои на извесен начин претставуваат демонстрација на силата и на степенот на развој на цивилизацијата на западот од Европа), во Византија се сметало дека Западот нема што многу да им понуди на жителите на држава во која императори и принцези ја пишувале историјата во палати кои биле опремени со системи за централно греење, со јавни бањи, болници, со жени лекари и домови за сираци. Рускиот цар Петар велики се обидел да ги копира структурите од Константинопол во многу градби во Петроград (Русија). Самиот Карло Велики ја изградил својата палата во Ахен по пример на царската палата во Константинопол. Дури и црвката Св. Марко во Венеција е изградена по пример на, денес непостоечката, црква на Светите Апостоли во Константинопол.

Најголемото наследство кое денес ни е оставено од Византија претставува православното христијанство. Православното христијанство на народите во источна и југоисточна Европа, во текон на XIX век им помогнало да се идентификуваат со своето минато потиснато од петвековното владеење на Отоманската империја. Во текот на последните два века православното христијанство е притиснато под стегите на локалните национализам, но сепак сите православни христијани ќе кажат дека наследството со кои сите тие се гордеат е византиско.

Византиското наследство низ традицијата на народите од источна и југоисточна Европа може да се види и низ симболиката со која тие се идентификуваат. Најчест симбол на овие простори се претставува двоглавиот орел (симбол на Византија од преодот на династијата Палеолог) кој може да се најде на знамињата и грбовите на повеќе држави (Русија, Србија, Црна Гора, Албанија и др.).

Грб на Византија Албанскиот грб Грб на Црна Гора Грб на Русија Грб на Србија
Грбот на Византија од времето на династијата Палеолог Грб на Република Албанија Грб на Република Црна Гора Грб на Руската Федерација Грб на Република Србија. Со штит на телото на двоглавиот орел до четири „С“ слични по дизајн на византиското знаме
Знаме на Византија Сегашното знаме на Грчката православна црква Симбол на Вселенската патријаршија
Знамето на Византија од времето на династијата Палеолог. Дизајнот на четирите бети од обете страни на црвените површини кои имаат значење Цар над церевите царува над царствата (Βασιλευσ Βασιλεων Βασιλευων Βασιλευσιν) е слично по дизајн на четирите „С“ во Грбот на Србија. Сегашното знаме на Грчката православна црква Симбол на Вселенската патријаршија

Литература[уреди]

  1. Neubecker, Ottfried (1977). „Le grand livre de l’héraldique“. Elsevier Séquoïa: Brussels. 
  2. Bury (1923), 1
    * Fenner, Economic Factors
  3. Bury (1923), 1
  4. Gibbon (1906), III, 168  PDF (2.35 MiB)
  5. Esler (2000), 1081
  6. Bury (1923), 163
  7. „Byzantine Empire“. Encyclopaedia Britannica.
  8. Pirenne, Henri
    • Mediaeval Cities: Their Origins and the Rivival of Trade (Princeton, NJ, 1925). ISBN 0-691-00760-8
    • See also Mohammed and Charlemagne (London 1939) Dover Publications (2001). ISBN 0-486-42011-6.
  9. се бара цитат



Византиско царство
Византиска култура Историја на Византија Уредување на Византија

Архитектура
Музика
Уметност
Наука
Календар

Градови:
Цариград
Никеја
Мистра

Градби:
Света Софија

Константин I | Теодосиј I | Јустинијан I
Распад на Персија (628)
Ираклиј I
Иконоборство (726)
Лав III Исавријанин | Константин Порфирогенит | Василиј II
Големата Шизма (1054)
Битка кај Манцикерт (Кобна 1071)
Алексеј I Комнен | Мануел I Комнен
Падот на Цариград (1204)
Теодор I Ласкарис
Обнова на Византија (1261)
Михаил VIII Палеолог | Константин Драгаш
Падот на Цариград (1453)
Византиски цареви
Византиска дипломатија