Бајазит II
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Бајазит II | |
![]() |
|
| Султан на Отоманската империја | |
| Роден | 3 декември 1447 Тракија, Отоманската империја |
|---|---|
| Починал | 26 мај 1512 Тракија Отоманската империја |
Бајазит II бил осмиот султан на Отоманската империја.
Во 1481 година, султанот Мехмед II неочекувано починал. На негово место, на престолот се застанал неговиот поголем син Бајазит II. Според законите на Отоманската империја, тоа означувало смртна пресуда за Кем, кој бил помал брат на Бајазит. Во тоа не се согласил Кем, па затоа во околината на Караман успеал да собере одредена војска и да тргне кон Бурса. Во меѓувреме, пред градот веќе била соберена војската на Бајазит на чело со Ајас Паша. Во битката помалиот брат излегол како победник, по кое се самопрогласил за отоманскли султан. Сепак Бајазит успеал да ја мобилизира својата војска и да го порази на својот брат кај Јенишехир. По неговиот пораз, Кем побегнал во Каиро. Од таму тој се вратил следната година. Во почетокот тој забележал одредени успеси, но сепак на крајта морал да се повлече кон Родос бидејќи започнал да ги губи своите позиции. По ова, Кем заминал во Западна Европа каде на 25 февруари 1495 во Капуа починал.
Бајазит II на отоманскиот трон се качил во 1481 година. Тој ретко се борел, станувајќи првиот султан кој одбил лично да и командува на војската, и влегол во историјата како патрон на културата и книжевноста. Сепак, ги отстранил како “непристојни” сите дела на венецијанецот Џентиле Белини, кои го украсувале ентериерот на Сарајот, изграден од таткото на Бајазит.
На 13 мај 1512 година бил соборен од власта а него го наследил синот му Селим I. Бил отруен на 26 мај 1512 година.
|
|||||||||||||||||||
