Селим II

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Селим II
II.Selim
Selim II.jpg
Султан на Отоманската империја
Роден 28 мај 1524
Константинопол[1][2] Отоманска империја
Починал 12 декември 1574
Отоманската империја

Селим ІІ „Пијаницата“ (отомански: سليم ثانى Selīm-i sānī, турски: II.Selim; (1524-1574), бил единаесеттиот султан на Отоманската империја. Со империјата владеел од 1566 до 1574 година. Го заземал Јемен и островот Крит.

Рани години[уреди]

Селим бил роден во Константинопол[3][4] како син на Сулејман Величенствениот и неговата трета и најсакана жена Рокселана. Во 1545 година во Конија се оженил Нурбану Султан, мајка на Мурат III која подоцна станала првата жена која дејствувала како ко-регент во Османлиската Империја и период кој во историјата на земјата е познат Султанат на жените[5].

Владеење[уреди]

Селим II бил првиот во серијата на т.н. слаби султани, кои владееле на Отоманската империја повеќе од два века по смртта на Сулејман I. Селим II дошол на власт во време кога конвертираните, нови немуслимански достоинственици на чело со големиот везир Мехмед Паша Соколовиќ, имале речиси потполна контрола над административниот апарат на Отоманската империја. Османлиската Империја во периодот на опаѓање, кое започнало со владеењето на Селим II, сè уште била доволно силна за да се заштити од целосен колапс. По добивањето на војната со својот брат, Селим станал првиот султан кој немал активен воен интерес и кој сакал да се откаже од власта во корист на министрите, под услов да биде оставен слободно да го помине својот раскошен живот. Поради начинот на живот, тој е познат како Селим Пијаницата[6].

Во западната историографија Селим обично е портретиран како исклучително распуштен владетел и во многу извори се тврдело дека корупцијата на неговиот двор довела до падот на моралот во општеството на Отоманската империја воопшто. Овие извори обично доаѓаат до заклучок дека великодостојниците, предводени од Мехмет паша Соколовиќ ја спасиле империјата. Всушност, недостатокот на дисциплина како во дворот така и надвор од него била охрабрувана од Соколовиќ со цел тој да ја консолидира својата моќ, а сите постигнати победи биле само во оние години кога Селим успевал привремено да се ослободи од контролата или влијанието на Соколовиќ.

Селим успеал да го зазеде Јемен, Кипар, на далматинскиот брег на Хрватска и Тунис. Отоманската флота, по битката на Превеза (1538) комплетно доминирала на Средоземно Море, но била поразена од комбинираната флота на христијански земји на Лепанто (1571). Сепак, во текот на годините Селим успеал да изгради нова флота, која им овозможила на Османлиите не само да ја вратат контролата над Средоземното море, туку, исто така, и да ја сочуваат речиси до крајот на векот.

Селим II починал во 1574, а власта преминала на неговиот син Мурат III.

Наводи[уреди]

  1. Necdet Sakaoğlu (1993/94a): "İstanbul'un adları" ["The names of Istanbul"]. In: 'Dünden bugüne İstanbul ansiklopedisi', ed. Türkiye Kültür Bakanlığı, Istanbul.
  2. ^ a b "Istanbul", in Encyclopedia of Islam.
  3. Necdet Sakaoğlu (1993/94a): "İstanbul'un adları" ["The names of Istanbul"]. In: 'Dünden bugüne İstanbul ansiklopedisi', ed. Türkiye Kültür Bakanlığı, Istanbul.
  4. "Istanbul", in Encyclopedia of Islam.
  5. Bernard Lewis, The Muslim discovery of Europe, W.W. Norton & Company, Inc., 2001, p. 192.
  6. Шаблон:Cite NIE