Мурат II

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Мурат II
Murat II.jpg
Султан на Отоманската империја
Роден 1404
Амасија, Отоманската империја
Починал 3 февруари 1451
Едрене, Отоманската империја


Мурад II бил шестиот султан на Отоманската империја. На власт бил од 1421 до 1451 година со исклучок во периодот помеѓу 14441446 година. На власт дошол по смртта на татко му Мехмед I.

Тој го зацврстил единството на Османлиската држава со задушување на внатрешните судири. За да ја избегне опасноста по Византиската империја и да им се спротивстави на Османлиите, папа Евгениј IV повикал на крстоносна војна на христијаните против муслиманите, иако Мурат II и не им бил така жесток непријател: оженет, како дедо му Бајазит I, за славјанка – ќерка на српски цар, тој и дал на својата сопруга слобода на вероисповест а во широчината на неговите погледи ентузијастички се огледувале грчките писатели. Мурат се согласил на неповолен мир за кој крстоносците положиле заклетва на Библијата, а тој на Куранот.

Но, наскоро папскиот легат Чезарини ги повикал крстоносците да ја нарушат спогодбата затоа што била дадена на неверник и затоа за христијанската совест не е обврзувачка. Меѓутоа, во битката кај Варна (1444) крстоносците биле поразени, а победата на Мурат II, како што тврдат историчарите ја уништила енергијата на Европа.Ова битка воедно е и последен опит Отоманската империја да биде протерена од Балканскиот полуостров, како и една од последните во т.н. Крстоносни војни.[1][2]

Битката завршила со огромна победа на Османлиите, а во борбата загинал кралот Владислав и папскиот кардинал Јулијан. По ова борба, Османлиската империја го зазела и Константинопол во 1453 година.

Успеси и походи на Мурат II:


Починал на 3 февруари 1451 година во Одрин.

[уреди] Наводи

  1. Bodnar, Edward W. Ciriaco d'Ancona e la crociata di Varna, nuove prospettive. Il Veltro 27, nos. 1-2 (1983): 235-51
  2. Halecki, Oscar, The Crusade of Varna. New York, 1943
Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици