Ахмед I

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Ахмед I
I Ahmet.jpg
Султан на Отоманската империја
Роден 18 април 1590
Отоманската империја
Починал 22 ноември 1617
Отоманската империја


Ахмед І (отомански: احمد اول Aḥmed-i evvel, турски: I.Ahmet) бил четиринаесетиот султан на Отоманската империја. Ахмед I бил наследник на татко си Мехмед III во 1603 година и со империјата управувал сè до 1617 година. Овој султан имал неуспешни војни против Персија.

На почетокот на владеењето на Ахмед, Отоманската Империја водела војна истовремено со Австрија и Персија. Покрај тоа, продолжил бунтот во Анадолија започнат во времето на Мехмед III, и бунтовниците контролирале голема територија. По неколку години борба, востанието било брутално задушено. Користејќи го вртењето на отоманската војска за задушувањето на востанието, сефевидскиот Шах Абаз I ги протерал отоманските гарнизони од Азербејџан, Грузија и останатите територии отстапени по мирот од Константинопол од 1595 година. Потоа, Абаз ѝ нанел серија порази на отоманската армија, во обид да ја поврати изгубената територија. Според договорот од 1612 Отоманската империја ги признала освојувањата на Абаз.

За време на војната со Австрија, Ахмед I лично командувал со војската во походот во 1605 година, кој завршил со освојувањето на тврдината на Ештергом на 3 октомври 1605. На 11 ноември 1606 со Австрија бил потпишан мир, според кој Отоманците се откажиле од побарувањата на годишен данок на Австрија и ја признале царската титула на Хабсбурговците.

Владеењето на Ахмед било обележено со пораст на корупцијата и самоволието на локалните владетели. Ахмед на крајот се повлекол од јавниот живот, а големо влијание врз него имала неговата сакана сопруга Кесем.

Во време на Ахмед во Константинопол била изградена Сината џамија, едено од ремек-делата на исламската архитектура.

Ахмед I бил погребан во мавзолеј, кој се наоѓа во близина на Сината џамија. Пред да почине, Ахмед го прогласил својот брат Мустафа I за свој наследник, бидејќи неговиот син Осман бил многу мал. Тоа било можно бидејќи Ахмед станал првиот султан кој не го извршил ритуалот на братоубиство, нешто кое било претходно практика.

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици