Бајазит I

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај


Osmanli-nisani.svg    Бајазит I
Отомански султан
Tughra of Bayezid I.JPG
Владеење 1389–1402
Период Подем на Отоманската Империја
Роден 1354
Место ?
Починал 8 март 1403
Место Акшекир
Претходник Мурат I
Наследник Интеррегнум
Придружба Девлет Шах Хатун
Султан Хатун
Оливера Лазаревиќ
Марија Унгарска
Потомство Ертугрул
Муса
Сулејман
Иса
Муса Челеби
Мехмед Челеби
Ќазим
Јусув
Ерхонду
Хунди
Фатма
Семејство Отоманска династија
Династија Отоманска династија
Татко Мурат I
Валиде султан Ѓулчичек Хатун

Бајазит I бил четвртиот султан на Отоманската империја од 28 јуни 1389 до 28 јули 1402. Власта ја презњел по битката на Косово поле и смртта на татко му Мурат I. Во негово време бил изграден Анадолски Хисар, најстарата отоманска тврдина во денешен Истанбул.

Содржина

[уреди] Анадолија

Историски денеска не се познати директните извори за војната помеѓу синовите на Мурат, Бајазит и Јакуб. Османлиските хронисти, потпирајќи се на податоци од почетокот на 15 век соопштуваат дека Бајазит го егзекутирал својот брат веднаш по смртта на Мурат и крајот на Косовската битка. Освен ова, постојат и извори според кои самиот Бајазит не бил многу импресиониран во времето кога станал султан. Сите негови монети ја носат датата 792 година според муслиманскиот календар, или 20 декември 1389 година[1].

Доколку Бајазит станал султан во 1389 година, тогаш изворите дека тој го наследил неговиот татко уште по крајот на Косовската битка се неточни. Некои сметаат пак дека овој период бил потребен на Бајазит да се ослободи од силите на неговиот брат. Во меѓувреме, во Анадолија се случиле големи конфликти предизвикани од страна на Караманите и Монголците. Во тоа време бил повторно вратен градот Бајшехир, а поранешниот гермијански бег се обидел повторно да си ги поврати своите области. Овие конфликти меѓу браќата завршиле кон крајот на 1389 година. На 26 октомври управителот на Галата го ратифицирал договорот со османлиите за самата област[2], која денеска е дел од Истанбул. Кон крајот на годината, Бајазит ги повел своите војски во Анадолија.

Според Азиз бин Ардашир, кон почетокот на воената кампања, кон султанската армија се присоединил и Сулејман Паша, владетел на Кастамону. Сулејман најверојатно бил вазал на Бајазит, а односите меѓу двете земји се зајакниле по склучениот брак меѓу отоманската принцеза и близок роднина на Сулејман[3]. Во текот на оваа воена кампања, Бајазит постигнал успех, притоа биле заземани Сарухан и земјите на Ајдин, а по ова бил предаден и Бејшехир, како и југозападна Анадолија. Точните дати за овие победи не се сигурни. Венеција на 6 март 1390 година го испратила својот амбасадор кај султанот за потпишување на договори со владетелите на Ајдан у Ментеше во југозападна Анадолија[4]. Во целина, се смета дека Бајазит и неговата кампања била соста кратка и усупешна.

[уреди] Освојување на Балканот

[уреди] Србија

Имајќи моќ и голема и добро организирана војска, Бајазит I решил да продолжи со освојувања на татко му на Балканот и во Азија. Кога дознал дека неговиот татко е мртов, тој наредил сите српски затвореници да бидат погубени. Бајазит се одликувал со тоа што ги проширил своите територии на Балканот поради кое главно бил наречен Јилдирим или молња.

По смртта на српскиот кнез Лазар на Косово поле во 1389 година, неговите вазали Вук Бранковиќ и Ѓорги Страцимировиќ не сакале да го признаат господарството на лазаревата вдовица Милица. Истата година, унгарскиот крал Сигисмунд го наложил своето господарство во Србија во северниот дел од земјата. И покрај тоа што Бајазит се наоѓал во Анадолија, турските налети продолжиле. До крајот на 1392 година, сите земји на кнезот Лазар паднале под власта на Османлиите.

Според житието на Стефан, синот на кнезот Лазар, по Косовската битка во Бајазит испратил претставници кај сопругата на Лазар, Милица и посакал од неа да се потчине како и раката на нивната ќерка Оливера Лазаревиќ. Во замена тој и ветил дека нема да ги напаѓа позициите на нејзиниот син Стефан, а ќе го брани и ќе ја потврди неговата власт во земјата. По прифаќањето на овие услови, Оливера Лазаревиќ и Стефан Лазаревиќ отишле кај Бајазит за да се склучи бракот и да се формализираат вазалните односи. Во времето кога го склучил сојузот со Милица, султанот Бајазит I ги потчинал Ѓорги Страцимировиќ и Вук Бранковиќ. Според еден протокол издаден од страна на венецијанскиот сенат на 7 октомври 1392 година, Бајазит успеал да го зароби самиот Ѓорги и неговата фамилија. Цената на нивното ослободување била предавање на областите Шкодра и Улцин. Во еден друг документ пак од 21 октомври 1392 година кој бил издаден во Приштина, Вук објавува дека склучил договор со османлискиот владетел[5]. Според житието на Стефан, и двајцата српски владетели се вазали на султанот и се задолжени да учествуваат во воените походи на Бајазит. Со потчинувањето на овие двајца, Отоманската империја воспоставила контрола врз сите земји на покојниот кнез Лазар.

Бајазит I прв од турските султани почнал да гради силна морнарица за да ја искористи предноста на освојување од море. Османлиите го свртеле своето внимание кон пространствата на Егејско Море, каде што имало многу густо населени грчки острови. Но, островјаните биле слободољубиви, а нивните градови биле заштитени со камени ѕидови. Покрај тоа, на Грците морепловството им било вродено, и да се победат на море се покажало многу тешко. Милитантниот османлиски султан избрал поинаква тактика, и целосно го оправдал својот прекар. Неговата флота со војници почнала да врши грабежи по грчките острови во архипелагот. Оваа тактика довела до тоа многу скоро, многу грчки острови да станат сопственост на турците османлии, а островјаните на крајот се приклучувале на екипажите на бројната флота на Отоманската империја.

[уреди] Бугарија и Константинопол

Споменик на Бајазит во Анкара

По покорувањето на српските земји, Османлиите се свртиле кон земјите на денешна Бугарија. За оваа кампања се зазчувани оскудни сведоштва, но ниту еден извор не ги раскрива мотивите за нивниот почеток. Се смета дека по крајот на Косовската битка, бугарскиот цар Шишман повеќе не сакал да биде вазал на османлискиот султан, исто како и својот брат во Видин кој се потчинал на Кралство Унгарија[6]. Според српските летописи, Трново бил заземан на 17 јули 1393 година, но самиот Шишман управувал уште две години. Налагањето на османлиска власт во Србија и Бугарија ја ограничила можноста на унгарскиот напад по текот на реката Дунав. Поради ова, Бајазит започнал подготовка за зазимање на Константинопол, град кој одамна ја имал изгубено својата величенствена гордост, главно поради постојаните династички пресметки помеѓу византиските династии. Индиректно, самиот град бил управуван од страна на султанот бидејќи тој налагал големи даноци.

Во 1391 година, нов император станал Јован V, кој следната година се оженил за Елена Драгаш. Во зимата 1393-1394 година, императорот бил повикан од страна на Бајазит во Сер, заедно со вазалите Константин Драгаш, Теодор Драгаш и Стефан Лазаревиќ. Мануел одбил да присуствува па затоа во тоа време се случила и опсадата на градот. По ова следувала венецијанска интервенција кои ги испратиле своите галии, а го советувале на императорот да не го напушта градот туку да побара помош од самиот папа во Рим и западноевропските кралеви. Во јули истата година венецијанскиот сенат објавил дека било многу сигурно Бајазит да се повлече бидејќи во Анадолија бил застрашен од страна на монголскиот владетел Тимур.

[уреди] Влахија

Бајазит I

Во пролетта 1395 година, Бајазит најавил експедиција против Влахија. Веројатно неговата цел била да го попречи сојузот меѓу војводата Јован Мирче и унгарскиот крал. Според тој договор, самиот влашки владетел се задолжил да интервенира доколку унгарските земји бидат нападнати од страна на османлиите[7]. Османлиските војски постигнале успех до реонот на Белград и Темешвар. По ова влегле во Влашко и кај реката Арџеш се присретнале со влашката војска. Според еден документ, Бајазит водел битка во продолжение на една недела по кое следувало потпишување на мир[8]. Според една анонимна фиренска хроника пак Бајазит војувал со Сигизмунд и со тешки загуби на двете страни успеал да победи. Во оваа битка загинал и Крале Марко, син на Волкашин, како и Константин Драгаш кои му биле вазали на Бајазит. По ова, Јован Мирче успеал да побегне кај унгарскиот крал.

[уреди] Битки со унгарските сили

По крајот на битката, Бајазит ја преминал реката Дунав и заминал кон Никопол, кој бил под власта на бугарскиот цар Иван Шишман кој по заземањето бил егзекутиран на 29 октомври 1395 година.

Во текот на следната 1396 година, ривалството меѓу ингарските и османлиските сили го достигнал својот врв. Кралот во продолжение на неколку години барал сојузници на запад, а од друга страна пак истото го прави и византискиот император за да ја спаси престолнината Константинопол. На 1 март 1396 година, кон т.н. христијански сојуз се приклучиле Венецијанската република[9], а во следните месеци истото го направиле и Франција, Англија, Бургундија и Бохемија/

[уреди] Никопол

Битка кај Никопол

Во 1396 огромната османлиска војска под команда на Бајазит I ја повторила опсадата на византиската престолнина Константинопол. Градот бил заштитен со цврсти ѕидови, но гарнизонот кој го заштитувал бил слаб. Веста за опсадата на Константинопол од страна на Турците предизвикала реакција во Европа. Кралот на Унгарија и на Чешка, Сигизмунд, со помош на Папа Бонифациј IX во 1396 организирал крстоносна војна против Османлиите.

Во ноќта на 25 септември, кралот Сигизмунд свикал воен совет, на кој витезите долго и безуспешно се расправале за тоа кој е достоен прв да започне битка со Османлиите. Рано наутро француските витези, предводениа од бестрашниот до очај Војвода од Навара, излегле од логорот и без да ги чекаат другите, тргнале кон позициите на Османлиите. Силата на завојуваните страни не била еднаква. Бајазит I донел со себе 200-илјадна армија, искалена со военото искуство во претходните освојувања. Кралот на Унгарија и Чешка, имал под свое водство само 50 илјади војници. Француските рицари под команда на Војводата од Навара лесно се пробиле низ структурата на турските стрелци коњаници, но почнувајќи да ги гонат, паѓале под огнот на стрелците јаничари од околните ридови.

Соочени со добро утврдените јаничари во ридиштата, француските витези, изморени од нападот, не можеле да ги пробијат на нивните позиции. Турците масакрирале илјадници француски крстоносци, а другите морале да се предадат во надеж дека ќе ја избегнат со тоа неминовна смрт. Целосниот пораз на кралот на Унгарија и Чешка во битката кај Никопол, им овозможило на отоманските Турци, без никакво противдејство на унгарските војници да ја покорат горна Босна. Таа станала еден вид на отскочна штица од која многу пати се правеле напади во Европа од турската војска.

По крајот на битката и големата победа на Бајазит, султанот наредил егзекуција на сите заробени војници со исклучок на оние кои се помлади од 20 години.

[уреди] Грција

За настаните околу Епир денеска се зачувани две карти од Јанина на кои е одбележана војната меѓу два епирски владетели Есау Буонделмонти и Буа Шпата. Најверојатно конфликтот се случил во 1388-1399. Според изворите, кон крајот на 14 век и почетокот на 15 век, одделни османлиски бегови стигнале до бреговите на Јадранско море. Преку династички бракови, Бајазит ја зголемил својата власт во јужна Грција.

На Пелопонез венецијаните претходно имале свои колонии и тврдини. Според пишувањата на венецијанскиот сенат османлиите станале многу силни во тој реон главно бидејќи со многу мал напор успевале да најдат свои сојузници. Нападите започнале во пролетта на 1394 година, кога Евренос го нападнал деспотот на Коринт и Мистра.

Од грчките и венецијанскиоте извори се проценува дека во 1396 година немало напади во Пелопонез. Се смета дека кон крајот на летниот период османлиските сили ја напуштиле јужна Грција за да се вклучат кон битката кај Никопол. Во 1397 година нападите биле обновени. Настаните се опишани во Кратката хроника од 1425 година според која Јакуб паша и Тимурташ го зазеле Аргос на 2 јуни, кој бил венецијанска колонија. Во јануари 1399 година Бајазит испратил голема војска во Пелопонез, а флотата истовремено го нападнал островот Негропонте. Во 1400 година кога паѓањето на Мистра станало повеќе од очигледно, Венеција предложила деспотот Теодор и неговиот брат, императорот Мануел II да заминат на нејзините територии.

[уреди] Битка со Монголите

Бајазит како затвореник пред Тимур
Бајазит како затвореник пред Тимур

Во времето на Бајазит, од исток се појавиле монголските освојувачи на чело со Тимур. Во почетокот од 15 век, империјата на Тимур се протегала до Ирак, Азербејџан и делови од Кавказ. Во времето кога Бајазит ги освоил Сивас и Малатија, неговата империја се проближила до онаа на Тимур. Често пати вазалите од двете страни барале протекции за своите земји, и во голем дел се смета дека ова било причината за нападот на Тимур. По зазимањето на Сивас, управителот Кара Јулук му дал повод на Тимур да нападне. Во тоа време Бајазит учествувал во опсадата на Константинопол, па во Сивас го пратил својот син Сулејман. Градот паднал пред самиот Сулејман да престигне, и тоа на 26 август 1400 година.

Така, монголите започнале да им нанесуваат порази на Османлиите во Анадолија. До поголема војна дошло на 28 јули 1402 година на полето Чибук, блиску денешната престолнина на Турција, Анкара. Во таа битка учествувал и самиот Бајазит I, заедно со своите синови: Иса, Мехмед, Муса, Мустафа и Сулејман. Во таа битка на страната на Османлиите учествувале и вазалите Стефан Лазаревиќ и Ѓураѓ Бранковиќ, кои биле српски деспоти и учестувале со околу 5.000 оклопни коњаници.

Оваа битка е меѓу најголемите битки во воената историја. Според различни проценки, имало присуство на околу 2.000.000 луѓе. Се наведува дека Тимур имал најмалку 800.000 војници. Веројатно е дека овие бројки се значително претерани во источните извори, а европските извори даваат многу пониски бројки: 250-350 000 војници и 32 воени слонови на Тимур и 120-200.000 војници на султанот Бајазит I.Местото на битката, градот Ангора, не бил случајност: тука се вкрстувале сите патишта на Анадолија.

Во битката победила војската на Тимур а Бајазит I ,со еден од неговите синови, бил заробен, а неговиот друг син бил убиен во битката. Тимур невообичаено нежно се однесувал со поразениот турски султан, па дури и го приврзал кон себе. Но, кога тој се вмешал во заговор против него, станал построг и Бајазит станал вистински затвореник, чиј живот зависел од волјата на победникот. Во текот на битката, турските бегови од областите Ајдин, Сарухан, Ментеш и Караманија преминале на страната на Тимур и со тоа битката била решена. Со околу 10.000 јаничари, султанот во ноќта се обидел да побегне но во тоа не успеал па бил заробен од страна на монголската војска. Заедно со него бил заробен и сун му Муса. Другите негови синови се спасиле со бегство, освен Мустафа кој мистериозно исчезнал на бојното поле.

Султанот Бајазит починал на 9 март 1403 година [10]По победата, Тимур не продолжил со своите победи во Анадолија, туку се свртел кон исток, сакајќи да ја освои Кина.

[уреди] Наводи

  1. Anton С. SCHAEDLINGER, Osmanische Numismatik, Brunswick (1973), 87
  2. Michel BALARD, La Romanie Génoise, Vol. 1, Roma (1978), 97.
  3. Yaşar YÜCEL, „Kastamonu'nun ilk fethine kadar Osmanlı-Candar Münasebetleri", Tarih Arastirmalari Dergisi, 1/1 (1963).
  4. 4Elizabeth A. ZACHARIADOU, Trade and Crusade: Venetian Crete and the Emirates of Menteshe and Aydìn, Venice (1983), 77.
  5. Elizabeth A. ZACHARIADOU, „Manuel II Palaeologus".
  6. BOGDAN, „Eine bulgarische Urkunde des caren Joan Stracimir", Archiv für Slavische Philologie, XVII (1895).
  7. S. STANOJEVIC, „Die Biographie Stefan Lazarevits", 422.
  8. Halil İNALCIK, „An Ottoman document on Bayezid I's expedition into Hungary and Wallachia", Actes du X-e Congrès international d'Etudes Byzantines, Istanbul (1957).
  9. Tuchman, 548
  10. Ismail Hakki Uzuncarsili. Osmanli tarihi, cild, 3 baaski, Ankara 1972, 310-320

[уреди] Надворешни врски

Бајазит I
Роден(а): 1354 Починал(а): 8 март 1403[47–48 години]
Владеачки титули
Претходник
Мурат I
Отомански султан
1389 – 8 март 1403
Наследник
Мехмед I
Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици