28 јули е 209-иот ден во годината според григоријанскиот календар (210-и во престапна година). Остануваат 156 денови до крајот на годината.
| 1821 |
Перу прогласува независност од Шпанија. |
| 1858 |
За прв пат е употребен отпечаток од прстот како знак за идентификација, и тоа од страна на Вилијам Хершел, во Индија, кога земал отпечаток од извесен Раџадар Конаи. |
| 1914 |
Почна Првата светска војна. По атентатот извршен врз војводата Франц Фердинанд во Сараево, владата на Австро-Унгарија ја обвини Србија како причина за атентатот и упати ултиматум, кој беше отфрлен. Тоа беше повод Австро-Унгарија да и објави војна на Србија. Tри дена подоцна Германија и објави војна на Русија, а на 3 август и на Франција. |
| 1937 |
Јапонците во текот на Кинеско-јапанската војна го завземаат Пекинг. |
| 1945 |
Во Скопје излезе првиот број на весникот „Трудбеник“, орган на Земскиот одбор на Единствените синдикати на Македонија. Весникот излегуваше еднаш неделно. |
| 1976 |
Во Тангшан, Кина се случил најсмртоносниот земјотрес во историјата, кој имал магнитуда над 8,2 според Рихтеровата скала, и загинале најмалку 240.000 луѓе. |
| 1165 |
Ибн Араби, арапски философ. |
| 1804 |
Лудвиг Андреас Фоербах, германски философ. |
| 1887 |
Марсел Дишан, француски сликар и скулптор. |
| 1915 |
Чарлс Таунс, американски физичар и Нобелов лауреат. |
| 1921 |
Воислав Кушевски, македонски историчар. |
| 1929 |
Жаклина Кенеди Оназис, сопруга на Џон Кенеди и Аристотел Оназис. |
| 1943 |
Ричард Рајт, англиски музичар, член на Пинк Флојд. |
| 1954 |
Уго Чавез, претседател на Венецуела од 1998 година, ориентиран кон воведување на демократски социјализам во земјата. |
| 1956 |
Ирена Колиштрковска Настева, македонски археолог. |
| 1974 |
Алексис Ципрас, грчки политичар. |
28 јули (празници)