Војвода

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Московский воевода XVII века.jpg

Војвода (дериват од старословенскиот јазик, буквално значење "оној кој предводи воини" или "воен водач") е словенска титула кој првично го именува главниот командант на воените сили.

Терминот постепено се однесувал на управувач на покраината, област. Областа под управна власт на војводата се нарекува Војводство. Во англискиот јазик терминот војвода често пати се преведува како принц, а во словенската терминологија рангот на војвода во некои случави се изедначува со германската титула херцог. Денес во Полска терминот војвода се оденсува на гувернер на провинција, односно војводство. Титулата се користела во средновековна Бугарија, Чешка, Босна, Хрватска, Грција, Трансилванија, Полска, Русија, Србија, Македонија, Молдавија, Влашка, Руген [1] и др.

Во средновековни кнежевства Молдавија и Влашка, терминот војвода станал дел од официјалните титулари на суверениот принц, и го означувале правото за раководење на цела армија. Војвода или вајда исто така бил титула на унгарскиот гувернерите на Трансилванија во средниот век. Во Отоманската империја водачите на ајдутите на Балканскиот Полуостров се нарекувале војводи.

Извори[уреди]