Србија
Србија (српски: Србија или Srbija) е држава на Балканскиот полусотров и во Средна Европа, опфаќајќи го јужниот дел од Панонската Низина и централниот Балкан и лежејќи меѓу истоимениот масив и Карпатите на исток, Динарските планини на запад, и долината на Морава - важен геостратешки патен правец кој оди према југ кон Солун и источно кон Мала Азија. Релативно кон нејзината историја, култура и релативно мала територија, Србија е различна во нејзиниот транзиционален карактер. Државата нема излез на море и се граничи со Унгарија на север, на исток со Романија и Бугарија, на југ со Република Македонија, на југозапад со Црна Гора, и на запад со Босна и Херцеговина, и Хрватска. Истотака се граничи со Албанија преку спорниот регион Косово. Главниот град на Србија, Белград, е еден од најстарите европски градови, и еден од најголемите во источно-централна Европа.
По нивното доселување на Балканот, Србите воспоставија неколку држави во Средниот Век. Српското Кралство доби признавање од Рим и Константинопол во 1217; државниот статус беше зголемен до Српска Империја, во 1346. До средината на 16. век, целата територија на модерна Србија беше под Отоманската империја, понекогаш прекинувана од страна на Хабсбурците. Во раниот 19. век, српската револуција воспостави народна држава како прв регион кој имаше уставна монархија, каде пополека ја прошири својата територија и го пионираше пресекувањето на феудализмот во Европа. По катастрофалните случувања во Првата Светска Војна, и здружувањето на Хабсбуршката Војводина и Срем со Србија, државата ја формираше Југославија со другите Јужни Словени, којашто постоеше во неколку различни формации до 2006. Во фебруари 2008, парламентот на УНМИК овото администрирано Косово прогласи независност од Србија, кое доби мешани одговори од страна на меѓународните влади.
Србија е составена, според ООН, од две покраини и Централна Србија. Покраините на Србија се Косово и Војводина со главен град Белград. Поголемиот дел на Србија и Војводина се Срби, додека во Косово над 90% се Албанци. Официјален јазик во државата е српски и најголема религија е православието.
Содржина |
Историја [уреди]
Корените на српската држава датираат од првата половина на 9 век. Кралството Србија е основано во 11 век, а во 13 век тоа еволуира во Српска Империја. Територијата на денешна Србија во составот на Османлиската империја била во периодот од 15 век до 20 век. Во составот на империјата најпрвин биле вклучени југоисточните делови на Србија, околу градот Ниш. Веќе во 1459 година целото српско деспотство, а во периодот од 1526 до 1552 година и цела Војводина. Османлиската империја издвојувала големи победи во Маричката битка во 1371 година и Косовската битка во 1389 година.
Кон крајот на 17 век, Австриското царство ги поразиле османлиите. Во времето кога српската територија станала повторно упориште на австриската власт, српските војници активно се вклучиле во австриската армија. Тогаш, Османслиската империја ги изгубила сите територии во подунавско, Северна Србија и Северна Босна, делови од Далмација, Мала Влашка и Пелопонез. Од 1718 година, Хабзбуршката династија го добила и Белград во својот состав.
По 1918 година, Србија е основачка членка на Југославија во нејзините различни форми (Кралство Југославија, Социјалистичка Федеративна Република Југославија и Сојузна Република Југославија). Од 2003 таа била составен дел од државната заедница Србија и Црна Гора сè до распадот на истата на 3 мај 2006.
Географија и клима [уреди]
Србија се наоѓа на крстопатот од централна, јужна и источна Европа, помеѓу Балканскиот полуостров и Панонската низина. Голем потенцијал во Србија има речниот транспорт. Иако не излегува на море, во Србија има околу 2000 колометри пловни реки и канали од кои најголем е Дунав-Сава-Тиса со кој се поврзува со Западна Европа, Јужна Европа и Источна Европа. Регионални речн и пристаништа се Белград, Нови Сад и Смедерево.
Северната третина од земјата се наоѓа во Централна Европа, додека источниот дел од Србија зазема дел од Влашката низина. Остатокот од земјата е прекриен со планински венци. Најголем врв во Србија е Ѓеравица.
Национални паркови на Србија се:
- Фрушка Гора (250 km2)
- Копаоник (120 km2)
- Тара (220 km2)
- Ѓердап (640 km2)
- Шар Планина (390 km2)
Политички систем [уреди]
На 4 февруари 2003 година Сојузна Република Југославија одлучила да се ослабе соработката на заедницата што проследило со создавање на новата држава Србија и Црна Гора, додека пак оваа заедница довела до осамостијување на двете републики во јуни 2006 година.
Моментален претседател на Србија е Борис Тадиќ кој бил повторно избран на претседателските избори на 4 февруари 2008 година со освоени 50.5% од гласовите.
Парламентарните избори во Србија се одржале на 21 мај 2008 година кога победила коалицијата „За европска Србија“ со договор со останати помали партии и се сосставила владата на чело со Мирко Цветковиќ.
Денешните политики на Србија се поделени помеѓу европски ориентираните партии и националистичките партии. Има и предлози за повторно воспоставување на српската монархија, а при тоа членовите на кралското семејство изразиле интерес за тоа.
Административна поделба [уреди]
Србија е поделена на 24 окрузи плус Град Белград. Регионите понатака се поделени на општини. Во рамките на Србија опстојуваат две покраини, од кои едната има неодреден меѓународен статус. Војводина е едната покраина и има 7 окрузи и 46 општини, додека другата е Косово која прогласила своја независност од Србија, но нема целосно меѓународно признание. Прогласувањето на косовската независност се случила на 17 февруари 2008 година, но официјален Белград не ја признава. 90-тина држави во светот го признале Косово до 2009 година.
Остатокот од територијата на Србија се нарекува Централна Србија. Централна Србија не е административна единица и нема регионална влада.
Демографија [уреди]
- Србија (попис од 2002, без Косово): 7.498.001[6]
- Централна Србија: 5.466.009
- Војводина: 2.031.922
Косово има 2.126.708 жители.
| Србија (без Косово) in 2002 | ||||
|---|---|---|---|---|
| Срби | 82.86% | |||
| Унгарци | 3.91% | |||
| Бошњаци | 1.82% | |||
| Роми | 1.44% | |||
| Словаци | 1.08% | |||
| Германци | 0.1% | |||
| Други | 9.79% | |||
Србите се најголема група во државата, со значително малцинство како што се: Унгарци, Бошњаци, Роми, Хрвати, Чеси, Македонци, Словаци, Романци,Бугари и Германци. Пред Втората светска војна германското население во Србија било поголемо и имало над 500.000 Германци.
Според пописот во 2002 година, етничкиот состав на Србија е:
| Етнички состав на Србија | |||||||||||||
| Етничка група | Население | ||||||||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Срби | 6.212.000 | (82.86%) | |||||||||||
| Унгарци | 293.172 | (3.91%) | |||||||||||
| Бошњаци | 136.464 | (1.82%) | |||||||||||
| Роми | 107.971 | (1.44%) | |||||||||||
| Југословени | 80.978 | (1.08%) | |||||||||||
| Хрвати | 70.602 | (0.94%) | |||||||||||
| Словаци | 57.900 | (0.89%) | |||||||||||
| Германци | 5.200 | (0,1%) | |||||||||||
| Други | 474.323 | (9.79%) | |||||||||||
| Вкупно | 7.498.001 | ||||||||||||
Војводина [уреди]
Во Војводина живеат повеќе од 26 етнички групи меѓу кои,Унгарци, Словаци, Хрвати, Црногорци, Романци, Македонци (во југоисточниот дел на Војводина), Роми и други. Војводина има население од 2.031.922 жители.medju koi se razbira se srbite kako nacionalno svojstvo na drzavata.
Косово како составен дел на Србија [уреди]
Во Косово живеат претежно Срби, Албанци и мал број Босанци, Турци, Роми, Македонци (Горанци) и други. Вкупното население на Косово е 2.126.708 жители.
Религија [уреди]
Со векови во Србија билa присутнa големata религиja, православие на кои подоцна се додал и исламот. Така, во Војводина 5% од населението се католици или протестанти, додека Белград и Централна Србија се православни над 99%. Косово има над 50% муслимани. Најголема православна црква во Србија е Српска православна црква.
| Србија (без Косово) во 2002 | ||||
|---|---|---|---|---|
| Православие | 84.1% | |||
| Католицизам | 6.24% | |||
| Ислам | 4.82% | |||
| Протестантство | 1.44% | |||
Поголеми градови [уреди]
Поголеми градови во Србија се: главниот град Белград (2.000.000 жители), Нови Сад, Ниш, Крагуевац и Приштина. Покрај овие, во приложение е листа на градови во Србија:
| Град | Население | |
|---|---|---|
| Урбан дел | Метрополитенски дел | |
| Белград | 1,576,124 | 1,710,000 |
| Нови Сад | 292,508 | 380,291 |
| Ниш | 236,722 | 255,295 |
| Крагуевац | 175,473 | 211,580 |
| Суботица | 99,471 | 147,758 |
| Зрењанин | 79,545 | 131,509 |
| Лесковац | 78,030 | 156,252 |
| Смедерево | 77,808 | 109,867 |
| Панчево | 77,087 | 127,162 |
| Крушевац | 75,256 | 131,368 |
| Чачак | 73,217 | 117,012 |
| Ужице | 63,577 | 83,022 |
| Валево | 61,035 | 96,761 |
| Кралево | 57,411 | 121,707 |
| Шабац | 55,240 | 122,893 |
| Врање | 55,052 | 87,288 |
| Нови Пазар | 54,604 | 85,249 |
| Сомбор | 51,471 | 97,263 |
Македонците во Србија [уреди]
Во Србија живеaт и Македонци, кои во покраината Војводина се признати како национално малцинство меѓутоа не ги уживаат полните малцински права кои им следуваат, иако имаат можности за изучување на мајчиниот јазик и своја радио и телевизиска програма. Македонците во Србија најмногу се населени во Војводина (Качарево, Јабука, Зрењанин, Панчево) и главниот град Белград каде по последниот попис од 2002 година се попишани 8372 Македонци [1]. Македонците во Србија се организирани во своја македонска национална заедница на чело со Гојко Илиевски.
Економија [уреди]
Со БНП по глава на жител од 10.792 долари годишно Србија се смета за економија со среден развој. Странските директни инвестиции во земјата во 2006 година инесувале 5,85 милијарди долари, додека во 2007 година изнесувале 4,2 милијарди долари. Развојот на БНП се зголемил за 6,3% во 2005, 5,8% во 2006 и 7,5% во 2007 година.
На почетокот на транзицијата економијата на Србија била во застанување поради економските санкции од ООН и поради политиката која ја водела тогашното раководство на земјата. Во октомври 2000 година, власта на Србија ја реформирала економината на земјата и се осврнала кон трговија со ЕУ.
Официјална валута во Србија е српски динар.
Култура [уреди]
Поради својата местоположба како крстопат во регионот, Србија во својата култура вклучува голем број на елементи од околните култури и поранешни големи империи.
Според „Енциклопедија на светската историја“ Србија е опишана како најзападноевропизиран народ од православните народи. социјално и културно.
Туризмот на Србија воглавно се состои од планинскиот туризам, селскиот туризам, еколошкит туризам и религиозниот туризам.
Наводи [уреди]
- ↑ tributary state of Hungary
- ↑ „03“. Zvrk.co.rs. http://www.zvrk.co.rs/Mskola/Istorija/srpskaistorija/srpskadespotovina/03.htm. проверено на 2011-10-01.
- ↑ „East Central Europe in the Middle Ages, 1000-1500, By Jean W. Sedlar“. Books.google.com. http://books.google.com/books?id=ANdbpi1WAIQC&pg=PA391. проверено на 2011-10-01.
- ↑ „Republicki zavod za statistiku Srbije“. Webrzs.stat.gov.rs. http://webrzs.stat.gov.rs/axd/index.php. проверено на 2011-10-01.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 „Serbia“. International Monetary Fund. http://www.imf.org/external/pubs/ft/weo/2009/01/weodata/weorept.aspx?sy=2006&ey=2009&scsm=1&ssd=1&sort=country&ds=.&br=1&c=942&s=NGDPD%2CNGDPDPC%2CPPPGDP%2CPPPPC%2CLP&grp=0&a=&pr.x=21&pr.y=6. проверено на 2009-04-22.
- ↑ „Microsoft Word - Delovi_knjiga_III.doc“ (PDF). http://webrzs.stat.gov.rs/axd/Zip/VJN3.pdf. проверено на 2011-10-01.
Надворешни врски [уреди]
| Најдете повеќе за Србија на збратимените проекти на Википедија | |
| Дефиниции и преводи од Викиречник | |
| Податотеки од Заедничката ризница | |
| Образовни ресурси од Викиуниверзитет | |
| Новинарски известувања од Викивести | |
| Цитати од Викицитат | |
| Изворни текстови на Викиизвор | |
| Прирачници на Викикниги | |
| Информации за патување во Википатување | |
- Национална туристичка организација на Србија
- Vrnjačka Banja Portal
- Српска влада
- e-влада на Србија
- Претседател на Србија
- Собрание на Србија
- МНР на Србија
- Национална банка на Србија
- Канцеларија за статистика на Србија
- Шеф на држава и кабинет
- Општо
- „Светска книга на факти“ на ЦИА - запис за „Србија“ (англиски)
- Србија на UCB
Поврзано [уреди]
| Одредници од СРБИЈА | |||||||||||
|
|||||||||||
|
|||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||