Лаза Костиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лаза Костиќ
Роден/аЛазар Костиќ
12 февруари 1841(1841-02-12)
Ковиљ, Австриско Царство (денес Србија)
Починат/а27 ноември 1910(1910-11-27) (возр. 69)
Виена, Австроунгарија
ПочивалиштеСомбор, Србија
ПсевдонимЛаза
Занимањепоет, драматург, новинар
Јазиксрпски јазик
НационалностСрбин
Период1868–1910
Жанрромантизам
Сопруг/а1

Лазар Костиќ - Лаза (српски: Лазаp Костић - Лаза; Ковиљ, Бачка 31 јануари 1841 - Виена, 9 декември 1910), српски писател и преведувач, родоначалник на српската авангардна лирика. Освен лирски песни и балади, пишувал поетски трагедии („Максим Црноевиќ“, „Пера Сегединац„), раскази и есеи.

Животопис[уреди | уреди извор]

Лаза Костиќ е роден на 31 јануари по стар, односно на 12 февруари по нов стил, во 1841 година во Ковиљ, Бачка, во војничко семејство. Татко му се викал Петар Костиќ, а мајка му Христина Јовановиќ. Имал постар брат Андрија, но братот и мајка му починале додека Лаза бил бебе, а татко му во 1877 година. Основно училиште учел во родното место, каде учител му бил Глигорије Глиша Каќански.[1] Гимназија учел во Нови Сад, Панчево и Будим, а право и докторатот по право во 1866 година на Пештанскиот универзитет.[2][3][4][5] Најпрво почнал да работи како гимназиски наставник во Нови Сад, а потоа станал адвокат, голем бележник и претседател на судот. На овие работни места бил околу осум години, а потоа, сè до смртта, се занималавл само со книжевност, новинарство, политика и јавни национални работи. Двапати бил затовран во Пешта: првиот пат поради лажна информација дека учествувал во убиството на кнезот Михаило Обреновиќ, а вториот пат поради борбениот и антиавстриски говор во Белград на свеченоста по повод прогласување полнолетство на кнезот Милан Обреновиќ.[6] Откако бил пуштен од затвор, во знак на признание бил избран за пратеник во унгарското собрание. Потоа живеел во Белград, каде бил уредник на списанието „Српска независност”, но поради притисок од реакционерната влада морал да ја напушти Србија. На покана од кнезот Никола I Петровиќ заминал за Црна Гора, каде останал околу пет години како уредник на официјалниот црногорски весник и политички соработник на кнезот. Но и тука дошло до судир, па заминал во Бачка. Во Сомбор го поминал крајот на животот релативно мирно.

Во 1892 година во Пешта се сретнал со Никола Тесла. Умрел во 1910 година во Виена, а бил погребан во Сомбор.

Бил избран за член на „Српското учено друштво“ на 27 февруари 1883 година, а за редовен член на „Српската академија на науки и уметности“ на 26 јануари 1909 година.

Книжевна работа[уреди | уреди извор]

Поштенска марка со ликот на Лаза Костиќ, ПТТ Србија, 2010 година

Лаза Костиќ бил еден од основачите и водач на „Обединета младина“, започнал и уредувал бројни книжевни и политички весници, бил близок соработник на Светозар Милетиќ. Во Австрија се борел против клерикализмот, а во Србија против бирократската стега.

Костиќ почнал да пишува во време на романтизмот, во времето на Змај, Ѓура Јакшиќ и други истакнати писатели. По неполни десет години, се вброил во редот на најголемите поети и станал најпознат претставник на српскиот романтизам. Напишал околу 150 лирски и дваесеттина епски песни, балади и романси;

три драми:

  • Максим Црнојевиќ, (напишана 1863, објавена 1866)
  • Пера Сегединац (1882)
  • Ускокова љуба или Гордана (1890);

естетичка расправа:

  • Основа на убавината во светот со посебен осврт на српските народни песни (1880),

философски трактат:

  • Основно начело, Критички вовед во општа философија (1884),

и голема монографија:

  • За Јован Јовановиќ Змај, неговото пеење, мислење и пишување, и за неговото време (1902).[7]

Напишал голем број статии со полемички карактер, предавања, скици и фељтони. Од преведувачката дејност најзначајни се неговите преводи на Вилијам Шекспир: „Хамлет“, „Ромео и Јулија“ и „Ричард III“. Напишал и неколку раскази („Чедо вилино“, „Махараџа“, „Маченица“).

Превел учебник по римско право од германски јазик во 1900 година,[8][9] во време кога живеел во манастирот Крушедол.[10][11]

Значење и влијание[уреди | уреди извор]

Српскиот поет Бранко Миљковиќ има напишано песна со наслов „Лаза Костиќ“.[12]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Учителот Глиша го научил Лаза да чита („Вечерње новости“, 20 април 2016)
  2. Заоставштина др Лазе Костића у Музеју Војводине (Б92, 2 февруари 2016)
  3. Откривена докторска диплома Лазе Костића („Политика”, 27. децембар 2017)
  4. Мистерија Лазиног доктората („Политика”, 29. децембар 2017)
  5. Петровић, Александра (27 јануари 2018). „Докторска диплома Лазе Костића преведена с латинског“. Политика. Посетено на 31 јануари 2018.
  6. „Лаза Костић“. Расен. Архивирано од изворникот на 2018-01-29. Посетено на 28 јануари 2018.
  7. „Лаза против Змаја: Највећи скандал српске књижевности (5 февруари 2018)“. Архивирано од изворникот на 2018-02-25. Посетено на 2019-01-03.
  8. Костић преводио „Пандекте” за Свеучилиште у Загребу („Политика”, 8. јануар 2018)
  9. Право није трпело Лазин поетски језик („Политика”, 9. јануар 2018)
  10. Костићеве стваралачке године у манастиру Крушедол („Политика”, 10. јануар 2018)
  11. Свођење животних рачуна Лазе Костића („Политика”, 11. јануар 2018)
  12. Бранко Миљковиќ, Избор. Скопје: Мисла, култура, Македонска книга, 1988, стр. 27.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]