Географија на Србија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Географски координати :
Serbia022.png

Србија е држава која се наоѓа во држава на Балканскиот полусотров и во Средна Европа.

Граници[уреди]

Вкупната површина на земјата изнесува 88 361 km², и според тоа се наоѓа на 113 место по големина во светот. Границите на Србија вкупно зафаќаат 2.351,8 km; на север се граничи со Унгарија (174,7 km), на исток со Романија (547,9 km), Бугарија (360 km), на југ со Република Македонија (238 km) на југозапад со Црна Гора (249,5 km) и Албанија, преку Косово (113,4km), на запад со Босна и Херцеговина (363 km) и Хрватска (259 km).

Главниот град Белград е најголемиот во државата и на Балканот со oколу 1 500 000 жители.

Границата со Унгарија[уреди]

Границата со Унгарија е вештачка и отворена. Долга е 174,7 км. Гранични премини се Бачки Брег, Хоргош, Келебија, Бездан (речен, на Дунав) и Кањижа (речен, на реката Тиса).

Границата со Романија[уреди]

Границата со Романија е комбинирана (природно-вештачка), неетничка и отворена. Долга е 547,9 км, од кои 230 километри на Дунав. граничните премини се: Српска Црња, Ватин, Калуѓерово, Ѓердап,Велико Градиште (речен), Долни Милановац (речен), Усије (речен) и Прахово (речен).

Границата со Бугарија[уреди]

Границата кон Бугарија е долга 360 километри. Гранични премини се Мокрање, Вршка Чука, Градина, Стрезимировци и Рибарци.

Границата со Македонија[уреди]

Границата на Србија со Македонија е комбинирана (природно-вештачка). Долга е 273 километри и се протега од тромеѓето кај селото Жеравино до планинскиот врв кај селото Рестелица. Патни гранични премини се: Голеш, Прохор Пчињски, Прешево, и Глобочица. Железнички премин е: Прешево.

Границата со Албанија[уреди]

Границата со Албанија е долга 111 километри и се протега од тромеѓето меѓу Србија, во делот кон Косово, Македонија и Албанија кај местото Рестелица до тромеѓето на Србија, Црна Гора и Албанија на планината Богиќевици (2.092 мнв). Ова е најкратката државна граница на Србија и на неа постојат два патни премини: Ќафа Прушит (кај Ѓаковица и Врбница (Призрен)|Врбница]] (кај Призрен). Од 10 јуни 1999, границата кон Албанија не е под контрола на Република Србија, иако Резолуција 1244 предвидува Србија да задржи контрола над клучните гранични премини.

Границата со Косово[уреди]

Границата со Косово е административна (провинциска). Се простира од тромеѓето меѓу Македонија, Косово и Србија во делот од Прешево па сè до Рашка. По војната, создаден е кумановскиот договор каде е договорено разграничување и формирање на Копнена зона на безбедност (5км) и на Воздушна зона на безбедност (25км). Поради тоа што Србија не го признава Косово како независна држава, суспендирани се сите цивилни и воени летови меѓу Централна Србија и Косово. Патни гранични премини за влез и излез се: Брњак и Јариње на Северно Косово, Мердаре во близината на Куршумлија, како и граничниот премин Кончуљ во близина на Бујановац. Воедно, оваа граница е една од најстарите поради тоа што е создадена како граница меѓу Србија и Отоманската империја.

Границата со Црна Гора[уреди]

Границата со Босна и Херцеговина[уреди]

Границата со Хрватска[уреди]

Население[уреди]

Според пописот, вкупното население во Србија е oколу 7.365.507 жители. Густината на населеноста е 107.46/km² жители на квадратен километар.

Клима[уреди]

Србија се наоѓа на крстопатот од централна, јужна и источна Европа, помеѓу Балканскиот полуостров и Панонската низина. Голем потенцијал во Србија има речниот транспорт. Иако не излегува на море, во Србија има околу 2000 колометри пловни реки и канали од кои најголем е Дунав-Сава-Тиса со кој се поврзува со Западна Европа, Јужна Европа и Источна Европа. Регионални речн и пристаништа се Белград, Нови Сад и Смедерево.

Северната третина од земјата се наоѓа во Централна Европа, додека источниот дел од Србија зазема дел од Влашката низина. Остатокот од земјата е прекриен со планински венци. Најголем врв во Србија е Ѓеравица.

Национални паркови на Србија се: