13 јануари
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | јануари | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | ||
| 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 |
| 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 |
| 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 |
| 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | ||
13 јануари е 13-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 352 денови до крајот на годината (353 во престапна).
Настани:
| 532 | Бунтот Ника во Константинопол. |
| 1610 | Галилео Галилеи го открил Ганимед, четвртиот сателит на Јупитер. |
| 1785 | Џон Волтер во Лондон го објавил првиот број на Тајмс (The Times). |
| 1898 | Емил Зола во парискиот весник „Аурора“ го објавил написот „Обвинувам!“ со кој ја обелоденил аферата Драјфус и ја обвинил француската влада за дискриминација на евреите. |
| 1938 | Англиканската црква ја прифатила теоријата за еволуцијата на живиот свет. |
| 1953 | Јосип Броз Тито е избран за претседател на Југославија. |
Родени:
| 1888 | Назим Хикмет, пролетерски писател и револуционер, еден од најголемите турски поети на XX век. |
| 1898 | Живоин Павловиќ, југословенски комунист. |
| 1920 | Проф. Христо Стамболиев, еден од основачите на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје и негов прв декан. |
| 1929 | Џо Пас, американски гитарист. |
| 1953 | Јордан Витанов, македонски актер. |
| 1970 | Шонда Рајмс, американски сценарист, режисер и продуцент. |
| 1977 | Орландо Блум, англиски глумец. |
| 1982 | Драган Чадиковски, македонски фудбалер. |
| 1989 | Александар Минченков, руски фудбалер. |
Починале:
| 1625 | Јан Бројгел Постариот, фламански сликар, син на познатиот уметник Питер Бројгел Постариот. |
| 1943 | Благој Страчковски, македонски народен херој, учесник во НОБ. |
| 1977 | Жорж Клузо, француски филмски режисер и сценарист. |
| 1984 | Вера Циривири Трена, носител на „Партизанска споменица 1941“, прв претседател на АФЖ на Македонија. |
| 1994 | Добри Ставревски, еден од најпознатите пејачи на македонската естрада. |
Празници:
| * | Василица. Според православната вера на овој ден се пали оган се крши лепче со паричка, се топли ракија. Кај кого ќе падне паричката тој е кум за следната Василица. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |