Благој Страчковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Благој Страчковски
Picture of Blagoj Strachkovski.jpg
Благој Страчковски
Роден на 29 февруари 1920
Роден во Велес, Кралство СХС
Починал на 13 јануари 1943 (23 год.)
Починал во Велес, Кралство Бугарија
Професија работник

Член на КПЈ од 1940
Учество во војни НОБ
Во НОВ политички комесар

партизански одред „Димитар Влахов“

Служба Народноослободителна војска

Народни херој од 11 октомври 1953
Одликување
Орден народен херој

Благој Страчковски (Велес, 29 февруари 1920Велес, 13 јануари 1943) бил учесник во НОБ, прогласен за народен херој на Македонија.[1]

Биографија[уреди]

Роден е на 29 февруари 1920 година во Велес, во сиромашна работничка фамилија. После завршувањето на основно училиште во Велес, почнал да бара работа. Кога пораснал работел разни физички работи. Работел во каменоломот во Превалец, копал лозја, садел тутун, носел малтер и др. Без никаков стекнат рaботен стаж стапил во револуционерното движење. Откако станал член на синдикатот, се вклучил во нивната работа и учествувал во штрајкови и демонстрации против властите. Читајки марксистичка литературa, се повеќе се ангажирал во синдикалното движење.

Неговата активност била забележана, па на почетокот од 1940 година станал член на СКОЈ, а на крајот од годината станал член на Комунистичката Партија на Југославија.

По почетокот на Втората светска војна и влегувањето на бугарскиот окупатор во Велес, Благој бил избран за член на месниот комитет на КПЈ во Велес и секретар на месниот комитет на СКОЈ. Во текот на 1941 и 1942 година одржувал контакти со другарите кои на пролет требало да одат во партизански одред, бидејки во тоа време главна насока на КПЈ и СКОЈ било спремање за формирање на партизански одред. Одредот бил формиран во април 1942 година. Благој работел на омасовувањето на одредот, во кој се повеќе и повеќе се приклучувале нови борци.

После одржаниот митинг во село Подлес Благој бил суден и интерниран во Бугарија. Поради сите овие активности и избегнувањето да служи на бугарската војска Благој во септември 1942 отишол во партизанскиот одред „Димитар Влахов“. Одредот имал 3 чети, а Благој станал политички комесар на Втората чета. Се истакнувал во борбите на одредот, а по селата кадешто одредот поминувал, одржувал говори и организирал митинзи на кои го повикувал месното население на општонародно востание и протерување на окупаторот од цела земја.

Во декември 1942, бугарската окупаторска власт презела широки акции за разбивање на одредот. Таква битка била битката кaj Војничка Пештера кадешто одредот се разделил. Благој со група борци требало да тргне кон Скопска Црна Гора, но поради густиот снег кај Катланово биле принудени да се вратат во градот. Бидејќи не можеле да воспостават врска со одредот, Благој со уште двајца борци извесно време се криеле во градот. Потоа заминале кон село Pосоман кавадаречко кадешто биле забележани од група контрачетници и отвориле оган на нив. Извлекувајќи се од заседите Благој и двајцата другари стигнале до село Водоврати. Тука преморени и без муниција Благој и Славе Петков биле фатени и однесени во касарната во Велес. Тука двајцата биле мачени. Благој на поставените прашања за партизаните од страна на бугарските војници возвраќал со молчење. На 13 јануари 1943 година во еден миг Благој само извикал дека победата ќе биде на страната на партизаните. Кога го слушнале ова разбеснетите бугарски војници Благој жив го закопале, а после го откопале и го исекле на парчиња.

На 11 октомври 1953 година, со одлука на претседателот со СФРЈ, Јосип Броз-Тито, Благој Страчковски е прогласен за народен херој.

Литература[уреди]

  • Спомен книга на загинатите борци во НОБ и жртви на фашистичкиот терор од Велес и Велешко. „Просвета“, Велес 1985.
  • Народни хероји Југославије. „Младост“, Београд 1975.

Наводи[уреди]

  1. Народни хероји Југославије. „Младост“, Београд 1975. година.