18 јануари

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
<< јануари >>
Н П В С Ч П С
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31

18 јануари е 18-иот ден во годината според григоријанскиот календар. Остануваат 347 денови до крајот на годината (348 во престапна).

Настани:

1535  Конквистадорот Франциско Пизаро го основал Сјудад де лос Рејес, денешна Лима, како главен град на новоосвоените територии на шпанската круна во Јужна Америка.
1778  Англискиот морепловец Џемс Кук ги откри Хаваите.
1871  На иницијатива на премиерот на Прусија Бизмарк, 26 држави се обединиле и го основале Германското царство, на чело со прускиот цар Вилхелм I.
1995  Струмица стана членка на Федерацијата на карневалските градови.
1996  Владеачката социјалистичка партија во Грција (ПАСОК) го избра Костас Симитис за премиер на Грција. Основачот на ПАСОК, Андреас Папандреу поднесе оставка на функцијата поради нарушена здравствена состојба.
1997  Австрискиот канцелар Франц Враницки поднесе оставка на функцијата по 11 години служба.
2000  Поранешниот германски канцелар Хелмут Кол поднесе оставка на местото почесен претседател на Демохристијанската унија поради финансиски скандал односно противзаконско собирање парични донации додека ја предводеше германската Влада.
2002  Поранешниот политички лидер на расформираната ОНА, Али Ахмети официјално побара од трите партии на Албанците во Македонија да делегираат по двајца свои претставници кои ќе бидат членови на Координативниот одбор на албанските политички субјекти и поранешните припадници на ОНА.

Родени:

1519  Изабела Јагелонска — кралица на Унгарија.
1689  Шарл Монтескје — еден од најголемите француски философско-политички писатели.
1702  Сава Петровиќ Његош — црногорски владика и митрополит.
1795  Ана Павловна — кралица на Холандија.
1825  Григор Прличев — македонски поет, преведувач и народен деец.
1834  Јоаким III — константинополски патријарх.
1864  Кантаро Судзуки — премиер на Јапонија.
1879  Александар Балабанов — бугарски научник.
1894  Едмунд Бартон — премиер на Австралија.
1916  Волче Наумчески — македонски писател.
1921  Јоиширо Намбу — американски физичар.
1923  Александар Грличков — претседател на владата на СР Македонија.
1925  Гого Ивановски — македонски поет и раскажувач.
1950  Жил Вилнев — возач на Формула 1.
1955  Кевин Костнер — американски актер.
1966  Александар Халифман — руски шахист.
1968  Драгана Мирковиќ — српска пејачка.
1970  Џонатан Дејвис — вокалист на Korn.
1971  Жузеп Гвардиола — шпански фудбалер и тренер.
1978  Тор Хушовд — норвешки велосипедист.
1979  Пауло Фереира — португалски фудбалер.
1980  Роберт Грин — англиски фудбалер.
1981  Кристоф Керн — француски велосипедист.
1988  Бој ван Попел — холандски велосипедист.

Починале:

350  Констанс I, римски император.
474  Лав I, византиски император.
1367  Петар I, крал на Португалија.
1567  Маргарита Пармска, регент на Холандија.
1860  Џон Тајлер, претседател на САД.
1862  Константин Миладинов, македонски поет, собирач на македонски народни песни и умотворби.
1890  Амадеј I, шпански крал.
1906  Петар Јуруков, бугарски револуционер.
1910  Александар Чакаров, македонски деец.
1936  Радјард Киплинг, англиски писател.
1982  Хуанг Сјенфан, кинески историчар и антрополог.


јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември