Али Ахмети
| Али Ахмети Ali Ahmeti |
|
| Роден 4 јануари 1959 | |
| Псевдоним | командант Абаз |
|---|---|
| Роден во | Зајас, СФРЈ денес Македонија |
| Преданост | |
| Битки/војни | Воен конфликт во Македонија, 2001 |
|
|
|
| Во служба 2002 – во служба |
|
|
|
|
| Националност | Албанец |
|---|---|
| Партија | ДУИ |
Али Ахмети (алб.: Ali Ahmeti; 4 јануари 1959 во село Зајас) е лидер на Демократската унија за интеграција. Претходно бил политички лидер на ОНА. Има забрани за влез во САД, Швајцарија и други европски земји, бидејќи е сметан за закана на општата безбедност.[1]
Ахмети завршил литература во Тирана. Во 1980 станал член на илегалната организација „Марксисти-ленинисти на Косово“. На 5 мај 2002 во Домот на културата во Тетово, ја промовирал политичката партија ДУИ, составена главно од поранешни команданти на ОНА, на чија како единствен кандидат е избран за претседател. Членови на Централното претседателство на партијата се Гзим Острени, Азис Положани, Ризван Сулејмани, Хазби Лика, Хисни Шакири, Теута Арифи, Муса Џафери, Назми Бекири и Рафис Халити.
Одлежал две години затвор за „противуставна дејност“ во Македонија.
Голем дел од етнички македонските граѓани на Македонија го сметаат за терорист и одговорен за злосторствата над 12 киднапирани Македонци во Тетовско, работниците на Маврово, Карпалак, Вејце, исклучување на водата за пиење за Куманово од браната Глажња. По случајот на 12 киднапирани Македонци од Тетовско, адвокатот Ванчо Шехтански побарал притвор и кривично гонење на Али Ахмети.
[уреди] Наводи
- ↑ Jean - Marc Balencie, Arnaud de la Grange, L’encyclopedie des acteurs, conflicts, violences politiques, Paris, 2001