Албански јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Албански
Shqip
Изговор /ʃcip/
Застапен во Албанија, Косово, Македонија, Грција, Црна Гора, САД, Италија, Германија, Британија, Турција, Швајцарија, Канада и други земји.
Подрачје Југоисточна Европа
Говорници 6.000.000[1]  
Јазично семејство
Индоевропско
  • албански
Писмо Албанска латиница
Статус
Службен во

 Албанија,
 Косово


Признат како малцински јазик во:
Македонија Македонија
 Србија
 Црна Гора и
 Италија.
Јазични кодови
ISO 639-1 sq
ISO 639-2 alb (B)
sqi (T)
ISO 639-3 Разни:
sqi — Албански
aln — Гег
aae — Арбареша
aat — Арванитика
als — Тоск
 лице  Shqiptar(e) [шќиптар(е)]
 народ  Shqiptarët [Шќиптар’т]
 јазик  Shqip [шќип]
 држава  Shqipëri [Шќип’ри]

Албанскиот јазик е јазик што го говорат приближно околу 6 милиони луѓе, првенствено во Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Македонија, но исто така и во некои други балкански држави, како и од емигрантски групи во Калабрија, Италија. Јазикот е еден, посебен огранок на Индоевропското јазично семејство. Во минатото за овој јазик во македонската терминологија се користеле и термините арнаутски, како и шиптарски јазик. Терминот „шиптарски“ денес се смета за навредлив, доколку е употребуван од неалбанци. Во речниците на Ѓорѓија Пулевски, јазикот се нарекува арбански.

Денешниот албански јазик како стандардна форма го има дијалектот на Тоските, наспроти дијалектот на Гегите кој и покрај стандардизацијата се уште масовно го користат гегскиот дијалект во Косово и делови на Македонија. Впрочем, се уште постои несогласување околу стандардизацијата на албанскиот јазик, а некои бараат повторна стандардизација во која би биле вклучени повеќе елементи од гегскиот дијалект. Постои и залагање во Косово да се земе како стандардна форма гегскиот дијалект со што албанскиот јазик би станал еден јазик со два официјални дијалекти. Инаку, лексичкиот фонд е главно латински, италијански, романски, грчки, македонски, српски и турски.

Дијалекти[уреди]

Постојат два диференцијални дијалекти на албанскиот: тоскански дијалект и гегски дијалект. Спорот со дијалектите и нивниот официјален статус и денес не е разрешен во албанската научна и општествена јавност. Имено, денес службено и официјално се тврди дека албанскиот јазик е синтеза на двата дијалекти, што е насилно наметната теза од Енвер Хоџа и неговата политика. Денешниот албански јазик се базира на тосканскиот дијалект и не е прифатливо за населението што користат гегски дијалект. Гегите и денес пишуваат и творат на гегски дијалект, но поради тоа и денес се прогонувани и казнувани таквите активисти. Поради тоа едонство за албанскиот јазик речиси и не постои, раздорот е голем. Во 1965 година од печат излезе книгата „Предавство“ напишана на гегски дијалект и албанците од северна Албанија побараа таа верзија на албанскиот јазик и тој дијалект да бидат официјализирани и албанскиот јазик да се базира на тој дијалект[2] .

Разликите помеѓу двата дијалекти со огромни, дури и поголеми отколку некои словенски јазици како на пример словенечки јазик и српски јазик. Од вкупното албанско население на Балканот, околу две третини или мнозинство од албанците зборуваат на гегски дијалект. Тој дијалект е лексички побогат, почист и има поголеми изразни можности благодарејќи на влијанието на соседните македонски јазик и српски јазик[3].

Граматика[уреди]

Именки[уреди]

Член

Членот во албанскиот јазик е постпозитивен, односно се става на крајот од именката, исто како во македонскиот јазик. Албанскиот има само определен член и се користат следниве наставки:

  • -u за именки од машки род кои завршуваат на k, g и h, а за сите други -i.
mal - mali (планина - планината), ujk - ujku (волк - волкот)
  • -а или -ja за именки од женски род. Ако именката завршува на o или e, тогаш се користи членот -ja.
verturë - vetura (автомобил - автомобилот), pallto - palltoja (палто - палтото)
  • за именките од среден род (малку на број) се користи членот -t.

За разлика од македонскиот, албанскиот има само еден член и членот се користи и за лични имиња и топоними (Shkup - Shkupi, итн).

Фонетика[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Фонетика на албанскиот јазик.
A B C Ç D DH E Ë F G GJ H I J K L LL M N NJ O P Q R RR S SH T TH U V X XH Y Z ZH
a b c ç d dh e ë f g gj h i j k l ll m n nj o p q r rr s sh t th u v x xh y z zh
а б ц ч д нема е ' ф г ѓ х и ј к љ л м н њ о п ќ нема р с ш т нема у в ѕ џ нема з ж

a b ʦ ʧ d ð ɛ ə f g ɟ h i j k l ɫ m n ɲ ɔ p c ɾ r s ʃ t θ u v ʣ ʤ y z ʒ

Примери[уреди]

Албански јазик
Писмо латиница
Пример Прв член од „Декларацијата за човекови права“
Текст Të gjithë njerëzit lindin të lirë dhe të barabartë në dinjitet dhe në të drejta. Ata kanë arsye dhe ndërgjegje dhe duhet të sillen ndaj njëri tjetrit me frymë vëllazërimi.
Македонски Ситe чoвeчки суштeствa сe рaѓaaт слoбoдни и eднaкви пo дoстoинствo и прaвa. Tиe сe oбдaрeни сo рaзум и сoвeст и трeбa дa сe oднeсувaaт eдeн кoн друг вo дуxoт нa oпштo чoвeчкaтa припaднoст.
Портал: Јазици
  • да- po
  • не- jo
  • здраво- tungjatjeta
  • Јас зборувам...- Unë flas...
македонски- maqedonisht
албански- shqip
  • Јас не разбирам...- Unë nuk kuptoj...
  • и- dhe
  • но- apo

Видете исто така[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Гег 2 779 246 + тоск 2 980 000 + арбереш 80 000 + арванитика 150 000 = 5 989 246. (Ethnologue, 2005)
    Gordon, Raymond G., Jr. (ed.), 2005. Ethnologue: Languages of the World, Fifteenth edition. Dallas, Tex.: SIL International. Онлајн верзија: http://www.ethnologue.com/.
  2. Интервју со ПРОФ. Д-Р КАПЛАН РЕСУЛИ- БУРОВИЌ
  3. Интервју со ПРОФ. Д-Р КАПЛАН РЕСУЛИ- БУРОВИЌ


Википедија
Издание на Википедија — слободната енциклопедија на албански јазик