Бугарски јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Оваа статија е за модерниот балкански јазик. За турскиот јазик видете прабугарски јазик.
Бугарски јазик
Български език
Се зборува во: Бугарија, Грција, Молдавија, Украина, Србија, Романија, Турција и во емигрантските заедници во други земји.[1]
Регион: Балкан
Општ број на говорници: 9 милиони како мајчин[2]
Ранглиста: 86 позиција (2006)
Класификација: Индоевропски

 Словенски
  Јужнословенски
   Источен Јужнословенски     Бугарски јазик

Официјална положба
Официјален јазик: Бугарија
Европска Унија
Контролиран од: Институт за бугарски јазик
Јазични кодови
ISO 639-1 bg
ISO 639-2 bul
SIL BUL
 лице  Българин [Б’лгарин]
 народ  Българи [Б’лгари]
 јазик  български [б’лгарски]
 држава  България [Б’лгарија]

Бугарскиот јазик спаѓа во источната група на јужнословенските јазици и е официјалниот јазик во Република Бугарија.

Карактеристики[уреди]

Бугарскиот јазик покажува неколку лингвистички иновации кои го одделуваат од другите словенски јазици - елиминација на падежни форми, појава на постпозитивен член, зачувување и понатамошно развивање на прасловенскиот глаголски систем и др. Овие карактеристики ги споделува со македонскиот јазик.

Бугарскиот јазик е дел од балканскиот лингвистички сојуз, кој го вклучува македонскиот, грчкиот, романскиот и албанскиот јазик, и некои источни српски дијалекти.[се бара извор] Повеќето од овие јазици ги споделуваат карактеристиките споменати погоре (постпозитивен член, губење на падежот, сложениот глаголски систем) и многу други.

Историја[уреди]

Бугарскиот јазик има пет главни периоди:

  • ран или староцрковнословенски период, (9 - 11 век). Во бугарската лингвистика црковнословенскиот е познат уште и како старобугарски. Во македонската лингвистика, наспроти предлозите на неколку еминентни лингвисти, терминот старомакедонски не е усвоен, туку се употребува меѓународно прифатеното име црковнословенски или старословенски јазик.
За почеток на црковнословенскиот јазик се смета создавањето на словенската азбука (глаголица) во 862 година од Константин-Кирил Философ (св. Кирил) и првиот превод на Библијата на јазикот на словенските племиња од околината на Солун.
Бугарскиот jазик на Балканскиот полуостров во 1924 со зелена боја, карта издадена во Германија. Бугарскиот јазик заедно со македонскиот и српскиот јазик на картата се прикажани во нијанси на зелена боја.
Во овој период во црковнословенскиот јазик на Првото Бугарско царство претрпел големи промени - елиминација на прасловенските падежни форми (но зачувување на глаголскиот систем) и појава на постпозитивен член (развитокот во другите словенски јазици бил обратен). Така бугарскиот јазик почнал да се издвојува од црковнословенската основа и развил неколку значајни рецензии како Преславска рецензија во Бугарија.
  • доцен период (14 век-19 век) Во бугарската лингвистика припаѓа на новобугарскиот јазичен период.
Во овој период Бугарите, како и другите јужнословенски народи, потпаднале под Отоманско ропство и црковнословенскиот јазик се задржал само како јазик за црковна употреба.
  • ново бугарски - кон крајот на 18 век, но најголемите промени настанале во средината на 19 век. За значаен датум се смета 1863 година кога за прв пат Библијата е во целост отпечатена на новиот бугарски јазик, заснован на североисточните говори од околината на Трново. Новобугарскиот јазик позајмил голем дел зборови од рускиот и црковнословенскиот, а многу од турските зборови били отстранети.

Историскиот развој на бугарскиот јазик може да се опише како премин од високо синтетички јазик (црковнословенскиот) кон типично аналитички јазик (новобугарскиот), со средна точка во овој процес претставена преку среднобугарскиот.

Азбука[уреди]

Бугарскиот jазик на Балканскиот полуостров во 1881 со зелена боjа, издадено од германец во Лајпциг, Германија

Во 886 година Бугарија ја примила глаголицата, којашто била создадена од византиските мисионери[3][4][5][6][7][8][9][10][11] Свети Кирил и Методиј нешто по 850 година. Во идните векови глаголицата постепено била заменета со кирилицата, која била создадена во Преславската книжевна школа во почетокот на 10 век. За нејзин создавач се смета Климент Охридски.

Повеќето од буквите во кирилската азбука се земени од грчката; оние гласови што немале грчки еквиваленти, се претставени со опростени глаголски букви. Под влијанието на печатени книги од Русија, руското граѓанско писмо на Петар I го заменило старото црковнословенско (среднобугарско) писмо на крајот од 18 век. Неколку кирилски азбуки со од 28 до 44 букви биле користени во почетокот и до средината на 19-тиот век за време на обидите за стандардизирање на новобугарскиот книжевен јазик. Азбуката со 32 букви предложена од Марин Дринов била прифатена во 1878 - 1879. Сегашната бугарска азбука има 30 букви:

А а Б б
В в
Г г
Д д
Е е
Ж ж
З з
И и
Й й [Ј]
К к
Л л
М м
Н н
О о
П п
Р р
С с
Т т
У у
Ф ф
Х х
Ц ц
Ч ч
Ш ш
Щ щ [Шт]
Ъ ъ [ə]
Ь ь[Ј]<
Ю ю [Ју]
Я я [Ја]

Туѓи влијанија[уреди]

Влијание од рускиот јазик[уреди]

Во епохата на бугарската национална преродба (бугарски: ,,Възраждането") и создавањето на Третата Бугарска држава, бугарскиот јазик потпаѓа под силно руско влијание. Дел од руската лексика којашто навлегува во овој период има црковнословенски корени и е "вратена" во новиот бугарски литературен јазик како старобугарска и црковнословенска. Сепак, паралелно со неа навлегуваат и огромен број зборови со чисто руски корени.

Некои бугарски изрази и нивните преводи на македонски јазик[уреди]

  • Здравей/Здрасти! - Здраво!
  • Добро утро! - Добро утро!
  • Добър ден! - Добар ден!
  • Добър вечер! - Добра вечер!
  • Лека нощ! — Добра ноќ!
  • Довиждане! — Довидување!
  • Чао! (неофицијално) - Чао!, Пријатно!
  • Как си? - (неофицијално) — Како си?
  • Как сте? - (официјално, и уште како множинска форма) - Како сте?
  • Какво правиш? - (неофицијално) — Што правиш? Како си?
  • Какво правите? - (официјално, или множинска форма) - Што правите? Како сте?
  • Добре съм - Добар сум
  • Всичко най-добро! - Сѐ најдобро!
  • Поздрав! - Поздрав!
  • Честит рожден ден! - Среќен роденден!
  • Благодаря (официјално и неофицијално) - Благодарам
  • Мерси (неофицијално) - Фала
  • Моля - Молам
  • Извинете! (официјално) - Извинете!
  • Извинявай!/Извини! (неофицијално) - Извини.
  • Колко е часът? - Колку е часот?
  • Говорите ли ...? - Дали зборувате ...?
...английски - англиски
...български - бугарски
...македонски - македонски
...сръбски - српски
...гръцки - грчки
...френски - француски
...немски - германски
...италиански - италијански
...испански - шпански
  • Да - Да
  • Не - Не
  • Може би - Можеби
  • Бира/Пиво - пиво
  • Ще се видим скоро - Ќе се видиме наскоро
  • Ще се видим утре - Ќе се видиме утре

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „Ethnologue“. Ethnologue. http://www.ethnologue.com/show_language.asp?code=bul. конс. 17 април 2010. 
  2. The Columbia Encyclopedia, Sixth Edition
  3. Columbia Encyclopedia, Sixth Edition. 2001-05, s.v. "Cyril and Methodius, Saints"
  4. Encyclopedia Britannica, Encyclopedia Britannica Incorporated, Warren E. Preece - 1972, p.846, s.v., "Cyril and Methodius, Saints"
  5. Encyclopedia Britannica, 2008, O.Ed., s.v., "Eastern Orthodoxy, Missions ancient and modern"
  6. Encyclopedia of World Cultures, David H. Levinson, 1991, p.239, s.v., "Social Science"
  7. Eric M. Meyers, The Oxford Encyclopedia of Archaeology in the Near East, p.151, 1997
  8. Lunt, Slavic Review, June, 1964, p. 216
  9. Roman Jakobson, Crucial problems of Cyrillo-Methodian Studies
  10. Leonid Ivan Strakhovsky, A Handbook of Slavic Studies, p.98
  11. V.Bogdanovich , History of the ancient Serbian literature, Belgrade, 1980, p.119

Надворешни врски[уреди]

Википедија
Издание на Википедија — слободната енциклопедија на бугарски јазик
  • [1] - Историја на преводот на Библијата на бугарски јазик.
  • [2] - За преславската редакција на црковнословенскиот јазик.
  • [3] - Старословенски скрипти
  • Free language learning FREE PDF Bulgarian Language {Katina Bontcheva - Ivaylo IVAYLOV}
  • Free language learning FREE PDF Bulgarian Russian English Language {Ivaylo IVAYLOV}