Јужни Словени

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Со темно зелена боја се обележани јужнословенските држави
Јужнословенски дијалекти.

Јужни Словени е заеднички назив за современите словенски народи кои живеат на Балканскиот полуостров. Јужнословенски народи се Македонците, Словенците, Хрватите, Босанците, Црногорците, Србите и Бугарите. Терминот јужнословенски пред се е поврзан со класификацијата на јазиците кои ги говорат овие народи. Сите овие денешни народи се создадени преку еден етногенетски процес на мешање со други народи, но сепак локалните и светските експерти се едногласни дека словенскиот фактор е доминантен во сите денешни јужнословени.

[уреди] Историја

[уреди] Рани извори

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Словени.
Словени во нивната татковина.

Малку е познато за Словените пред 5 век од нашата ера. Нешто што го знаеме за нивната историја пред 500-тите години е поврзана со изворите на Византиските историчари.

Во неговите изворни дела Де Белис, Прокопиус ги опишува словените како високи и цврсти, со светол тен и црвенкасто-руса коса, живеејќи во еден многу примитивен живот. Тие живееле во колиби, често оддалечени едни од други и често го менувале нивното место на живеење. Тие на власт немале само еден лидер, туку подолго време живееле во „демократија“, однсно анархија. Тие најверојатно верувале во повеќе богови, но Прокопиус претпоставувал дека верувале во еден врховен бог. Тој често бил идентификуван како Перун, бог на молњата. Словените се бореле така што право го напаѓале нивниот непријател, вооружани со стрели и мали штитови, но тие не носеле панцири.

Овие информации биле истиснати од страна на историските извори на Стратегикон, кој ги опишал Словените како неорганизирани и луѓе бев лидер, но сепак во голем број. Тој за нив напишал дека се луѓе кои не пуштале лесно да бидат освоени и друг да владее над нив. Тие ги правеле нивните живеалишта во близина на шуми, реки и мочуришта.[1] Јордан вели дека Словените имале нивен дом на Дунав, не далеку од северните порти. Наредна информација за Словените доаѓа од страна на владетелот Константин Порфирогенит, компилацијата историски извори „Чуда на Свети Димитар“ и слично.

[уреди] Наводи

  1. Fouracre, Paul. The Cambridge Medieval History, Volume I.
Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици