Долнолужички јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Долнолужички
Dolnoserbski
Изговор [ˈdɔlnɔˌsɛrskʲi]
Застапен во Германија
Подрачје Бранденбург
Говорници 14 000  
Јазично семејство
Писмо Сорпска латиница
Јазични кодови
ISO 639-3

Долнолужички или долнолужичкосрпски јазик е јазик кој се зборува во Бранденбург, Германија, во областа околу градот Котбус. Денеска има уште 2.000 луѓе во поодминати години кои го зборуваат овој јазик. Неговата лоша состојба се должи на фактот што повеќе нема деца кои го зборуваат како мајчин. Овој јазик е исто така заштитен и се проучува во Лајпцишкиот институт. Долнолужичкиот, како и горнолужичкиот е присутен во медиумите, радиото, телевизијата, но исто така постои и весник „NOWY CASNIK“. Проектот ВИТАЈ служи токму ѕа ревитализација на долнолужичкиот и горнолужичкиот јазик.

Фонологија[уреди]

Фонологијата на долнолужичкиот јазик е доста приклонета кон таа на германскиот, посебно во Котбус и поголемите градови.

Азбука[уреди]

Долнолужичкосрпската азбука се базира врз латиничното писмо и користи дијакритички знаци.

На долнолужички јазик имаат творено многу писатели. Како најпознати долнолужички писатели ќе ги споменеме: Мина Виткојц, Богумил Швјела, Јуриј Кох, итн.