Балтословенски јазици

Од Википедија, слободната енциклопедија
(Пренасочено од Балто-словенски јазици)
Скокни на: содржини, барај


Балтословенски јазици
Геог.
распределба:
Источна и Северна Европа
Класификација: индоевропски
  • Балтословенски јазици
Гранки:
[[File:Balto Slavic countries.png|350px]]

Балтословенските јазици се група јазици составени од две големи индоевропски јазични групи, односно од словенските и балтичките јазици. Балтичките и словенските јазици споделуваат неколку лингвистички елементи кои не можат да се пронајдат кај останатите индоевропски јазици, што посочува дека овие јазици имале еден ист развој и предок. Сепак, во научната јавност има поделба за тоа од која природа е врската меѓу овие јазици, односно некои лингвисти тврдат дека оваа врска е генеолошка, а други тврдат дека тие заеднички карактеристики се како резултат на контактот на јазиците.[1].

Во науката се пробало да се реконструира прото-балтословенскиот јазик, кој е директен потомок на прото-индоевропскиот јазик. Таквата реконструкција на овој хипотетичен јазик била извршена преку споредба и анализа на гласовите и акцентите на современите балтички и словенски јазици. [1]

[уреди] Наводи

[уреди] Поврзано

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици