Чешки јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Чешки јазик
Čeština, Český jazyk
Застапен во Чешка Република, Словачка, Романија, Хрватска, Германија, Полска
Подрачје Средна Европа
Говорници 12 милиони  
Јазично семејство
Писмо чешка азбука
Статус
Службен во Чешка Чешка Република
Европска Унија Европска Унија
Регулативен орган Чешки јазичен институт
Јазични кодови
ISO 639-1 cs
ISO 639-2 cze (B)
ces (T)
ISO 639-3 ces
Linguasphere 53-AAA-da < 53-AAA-b...-d
(варијации: 53-AAA-daa to 53-AAA-dam)

Чешкиот јазик (čeština или český jazyk) е западнословенски јазик кој е официјален и доминантен јазик во Чешката Република. Јазикот го зборуваат околу 12 милиони луѓе во Чешка и чешката дијаспора. Чешкиот јазик е сроден и тесно поврзан со словачкиот јазик, но и со останатите западнословенски јазици.

Етимологија[уреди]

Името на чешкиот јазик (čeština) потекнува од името на словенскиот народ Чеси (Češi). Чесите ја населуваат територијата на централна Бохемија и според словенската митологија името потекнува од основачот на чешката нација Чех.

Статус[уреди]

Чешкиот јазик го зборуваат најголемиот број од граѓаните на Чешката Република, каде е и службен јазик. Јазикот се користи на сите нива во чешкото општество, почнувајќи од владините установи па сè до трговијата. Во Словачката Република, чешкиот јазик е признат за малцински јазик и се користи на локално ниво во областите со чешко население. Покрај тоа, чешкиот јазик е еден од 23 официјални јазици на Европската Унија, која како таков бил признат во мај 2004 година.

Дијалекти[уреди]

Дијалектна карта на чешкиот јазик.

Чешкиот јазик е составен од повеќе дијалекти кои се меѓу себе разбирливи, а поради влијанието на медиумите разликите меѓу нив се намалуваат. Чешките дијалекти се поделени на 4 групи[1]:

  • група чешки наречја - интердијалект
  • средноморавски дијалекти
  • источноморавски дијалекти
  • шлезиски дијалекти

Пограничните предели со Германија имаат хетерогени говори.

Сродност со словачкиот[уреди]

Чешки јазик
Писмо латиница
Пример Прв член од „Декларацијата за човекови права“
Текст Všichni lidé rodí se svobodní a sobě rovní co do důstojnosti a práv. Jsou nadáni rozumem a svědomím a mají spolu jednat v duchu bratrství.
Македонски Ситe чoвeчки суштeствa сe рaѓaaт слoбoдни и eднaкви пo дoстoинствo и прaвa. Tиe сe oбдaрeни сo рaзум и сoвeст и трeбa дa сe oднeсувaaт eдeн кoн друг вo дуxoт нa oпштo чoвeчкaтa припaднoст.
Портал: Јазици

Зборувачите на чешкиот јазик можат лесно да разберат пишан и зборуван словачки и обратно. Сепак, постојат некои дијалекти кои не можат да се разберат така лесно, па така некои источни словачки дијалекти се потешки за разбирање за Чесите. Луѓето кои се родиле по распадот на Чехословачка, имаат одредени проблеми со одредени изрази и зборови, како и со зборови кои се исти по форма, а различни по значење. Како лингвистичка споредба, во прилог следува извадок од Декларацијата за човекови права на двата јазика:

чешки: Všichni lidé se rodí svobodní a sobě rovní co do důstojnosti a práv. Jsou nadáni rozumem a svědomím a mají spolu jednat v duchu bratrství.
словачки: Všetci ľudia sa rodia slobodní a sebe rovní, čo sa týka ich dôstojnosti a práv. Sú obdarení rozumom a svedomím a majú navzájom konať v bratskom duchu.
македонски: Ситe чoвeчки суштeствa сe рaѓaaт слoбoдни и eднaкви пo дoстoинствo и прaвa. Tиe сe oбдaрeни сo рaзум и сoвeст и трeбa дa сe oднeсувaaт eдeн кoн друг вo дуxoт нa oпштoчoвeчкaтa припaднoст.

Примери[уреди]

Основни зборови
македонски чешки
земја země
небо -nebe
вода voda
оган oheň
маж muž
жена žena
јаде jíst
пие pít
голем velký
мал malý
ноќ noc
ден den
добар ден dobrý den
добра вечер dobrý večer
добра ноќ dobrou noc
благодарам děkuji
здраво Ahoj
Месеци

Чешкиот јазик ги користи старите називи за месеците, за разлика од македонскиот кој ги користи новите.

македонски чешки
Јануари Leden
Февруари Únor
Март Březen
Април Duben
Мај Květen
Јуни Červen
Јули Červenec
Август Srpen
Септември Září
Октомври Říjen
Ноември Listopad
Декември Prosinec

Наводи[уреди]

  1. Karlík, Nekula, Pleskalová (2002), s. 393.

Поврзано[уреди]

Портал „Јазик

Надворешни врски[уреди]