Татарски јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Татарски јазик
татарча / tatarça / تاتارچا
Застапен во Русија
Говорници 8 милиони  
Јазично семејство
алтајски[1]
Статус
Службен во Татарстан
Јазични кодови
ISO 639-1 tt
ISO 639-2 tat
ISO 639-3 tat

Татарскиот јазик (tatar tele, tatarça, татар теле, татарча) е турски јазик од алтајската група на јазици. Јазикот е официјален јазик во руската република Татарстан и мајчин јазик на Татарите.

Географска распространетост[уреди]

Татарскиот јазик се зборува во Татарстан, Русија, но и во делови од Кина, Турција, Полска, Украина, Финска и Централна Азија. Покрај тоа што татарскиот јазик е мајчин јазик на Татарите, тој е мајчин јазик на неколку илјади Маријци, Мордовци и Каратаи. Околу 94 % од Татарите изјавиле дека знаат татарски јазик за време на пописот во Русија во 2002.[2]

Официјален статус[уреди]

Татарскиот, заедно со рускиот, е официјален јазик во Република Татарстан. Официјалното писмо на татарскиот јазик е кирилското татарско писмо, кое ги има основните кирилски букви и некои додатни букви кои се вовеле за потребите на татарската фонологија. Покрај кирилското писмо, јазикот понекогаш користи латинско и арапско писмо. Сите официјални документи во Татарстан се на кирилица, како и мрежните места. Сепак, во различни места каде татарскиот не е официјален јазик, секој поединец може да користи и друго писмо, во зависност од неговата одлика.

Татарскиот јазик бил де факто официјален јазик во 1917 година во Татарска АССР. Исто така, се смета дека татарскиот јазик бил официјален јазик во краткотрајната држава Идел-Урал, која била создадена нешто по Руската граѓанска војна. Сепак важно е да се напомене дека Болшевичка Русија не признавала официјални јазици, но сепак имало дозволи за користење на некои јазици во одредени сегменти на јавната администрација.

Употребата на татарскиот јазик опаднала од 1930 па навака. Во 1980-те јазикот не се користел во училиштата, дури не и од татарските деца. Јазикот останал да се користи на разговорно ниво и најчесто во руралните области. Денес, сè уште, јазикот го нема статусот на престижен меѓу Татарите, но истиот не е ни загрозен јазик.[3] Високо образование на татарски јазик може да се сретне само во Татарстан и тоа само кај универзитетите за хуманистички науки. Во целата република татарскиот е средство за секојдневна комуникација. Како прв официјален јазик тој се користи во руралните окрузи на републиката, а рускиот е сè уште доминантен и најкористен јазик во целата република.

Потекло[уреди]

Татарскиот јазик потекнува од т.н. кипчакско-бугарска подгрупа на кипчакската група турски јазици.

Примери[уреди]

  • äye - да
  • yuq - не
  • isänme(sez)/sawmı(sız) - здраво
  • sälâm - здраво
  • saw bul(ığız)/xuş(ığız) - до видување
  • zínhar öçen - молам
  • min - јас
  • sin - ти
  • ul - тој / таа / тоа
  • bez - ние
  • sez - вие
  • alar - тие
  • millät - народ

Наводи[уреди]

  1. "[1] Ethnologue"
  2. Russian Census 2002. 6. Владение языками (кроме русского) населением отдельных национальностей по республикам, автономной области и автономным округам Российской Федерации(Knowledge of languages other than Russian by the population of republics, autonomous oblast and autonomous districts)(руски)
  3. Wurm, S; Unesco. (2001). „Atlas of the world's languages in danger of disappearing“. Paris: Unesco Pub.,. ISBN 9789231037986. 

Надворешни врски[уреди]