Калмички јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Калмички јазик
Хальмг келн Xal‘mg keln
Застапен во Русија
Подрачје Калмикија
Народ Калмици
Говорници 150.000 (2002)  [1]
Јазично семејство
монголски
Писмо кирилица, латиница, јасно писмо
Статус
Службен во Калмикија, Русија
Јазични кодови
ISO 639-3
Linguist xal-kal
Linguasphere part of 44-BAA-b

Калмичкиот ојратски (Хальмг Өөрдин келн), или попознат само како калмички (Хальмг келн) е монголски јазик кој се зборува воглавно во Русија. Калмичкиот се смета или за засебен јазик, или како дијалект на ојратскиот јазик. Јазикот е мајчин јазик на Калмиците и се зборува во Калмикија, Русија, каде е официјален јазик. Калмиците се потомци на Ојратите кои се доселиле во северозападниот дел на басенот на Каспиското Езеро. Според УНЕСКО, јазикот е дефинитивни загрозен[2]. Јазикот се пишува на кирилица.

Географска распространетост[уреди]

Повеќето Калмици живеат во Калмикија, Русија, каде јазикот е официјален. Мала група Калмици живеат и во Франција и САД, но употребата на јазикот е во пад. Бројот на говорници во дијаспората не е познат. Калмичкиот се смета за загрозен јазик.

Класификација[уреди]

Од синхронска перспектива, калмичкиот е најистакната варијанта на ојратскиот јазик. Калмичкиот е многу сличен со ојратските дијалекти во Монголија и Кина и во морфолошка и во фонолошка смисла. Разликата меѓу дијалектите е во зборовниот фонд, бидејќи калмичкиот имал влијание од рускиот и од турските јазици

Главни карактеристики на калмичкиот се аглутинацијата и самогласната хармонија. Има заеднички елементи со уралските и турските јазици, што сугерира на далечен заеднички предок.

Писмо[уреди]

Писмената традиција на ојратскиот потекнува од 11 век која се користело ујгурското писмо. Официјалната калмичка азбука, јасното писмо, било создадено во 17 век од калмичкиот будистички монах Заја Памдит. Во 1924 година ова писмо било заменето со кирилицата. Во 1930 година се користела латиницата, а во 1938 година се сменила пак во кирилица. Азбуката на калмичкиот е:

Кирилица МФА Превод Кирилица МФА Превод
Аа a a Оо ɔ o
Әә ə ä Өө o ö
Бб p, b Пп ( ), (pʰʲ ) p
Вв w, v, w Рр r, r
Гг ɡ,ɡʲ,ɢ g Сс s s
Һһ gh Тт ,tʰʲ t
Дд t, d Уу ʊ u
Ее je ye Үү u ü
Ёё yo Фф ( f ) f
Жж ʧ zh Хх x, h
Җҗ dzh, j Цц ʦʰ ts
Зз ʦ (d)z Чч ʧʰ ch
Ии i i Шш ʃ sh
Йй j y Щщ ( ) shch
Кк ( k ), ( ) k Ыы i y
Лл ɮ,ɮʲ l Ьь ʲ '
Мм m, m Ээ e e
Нн n, n Юю yu
Ңң ng Яя ja ya

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]