Туркменски јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Туркменски јазик
Türkmençe, Türkmen dili, Түркменче, Түркмен дили, تورکمن ﺗﻴلی, تورکمنچه
Застапен во Туркменистан, Иран, Авганистан, Русија
Говорници 7 милиони (2007)  [1]
Јазично семејство
турски
  • огуски
    • источноогуски
      • туркменски јазик
Писмо туркменска азбука
Статус
Службен во  Туркменистан
Јазични кодови
ISO 639-1 tk
ISO 639-2 tuk
ISO 639-3 tuk
Linguasphere дел од 44-AAB-a

Туркменскиот (türkmençe, türkmen dili;түркменче, түркмен дили) e турски јазик кој е официјален во централноазиската држава Туркменистан. Јазикот е дел од подгрупата на огуски јазици и е сроден со турскиот и азербејџанскиот јазик. Туркменскиот јазик го зборуваат околу 4 милиони луѓе во Туркменистан. Покрај тоа, јазикот се зборува од околу 700.000 лица во Авганистан и 1.400.000 во Иран.[1][2]

Класификација[уреди]

Туркмескиот јазик е дел од групата на турски јазици. Тој е дел од подгрупата на огуски јазици, каде е и хорасанскиот турски јазик. Туркменскиот е тесно сврзан со турскиот и азербејџанскиот јазик и сите се меѓусебно разбирливи.

Туркменскиот е аглутинативен јазик и има самогласна хармонија. Јазикот нема граматички рода или неправилни глаголи. Основниот зборовен редослед е подмет-предмет-прирок. Стандардниот литературен јазик се базира на дијалектот теке.

Писмо[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Туркменска азбука.

Од 1991 година, туркменскиот официјално ја користи латиничната верзија на туркменската азбука. Од 1938 до 1991 година јазикот се пишувал на кирилица, а од 1929 до 1938 година користел латиница. Претходно јазикот користел и арапско писмо. Латиничната азбука од 1991 година често се нарекува „täze elipbiý“ или во превод „нова азбука“. Сепак и денес голема е употребата на кирилицата. Така на пример, голем број од мрежните места или публикации на туркменистанската опозција се на кирилица за да се дистанцираат од латиничната азбука која ја создал Сапармурат Нијазов.

Кирилица

Аа, Бб, Вв, Гг, Дд, Ее, Ёё, Жж, Җҗ, Зз, Ии, Йй, Кк, Лл, Мм, Нн, Ңң, Оо, Өө, Пп, Рр, Сс, Тт, Уу, Үү, Фф, Хх, (Цц), Чч, Шш, (Щщ), (Ъъ), Ыы, (Ьь), Ээ, Әә, Юю, Яя

Латиница

Aa, Bb, Çç, Dd, Ee, Ää, Ff, Gg, Hh, Ii, Jj, Žž, Kk, Ll, Mm, Nn, Ňň, Oo, Öö, Pp, Rr, Ss, Şş, Tt, Uu, Üü, Ww, Yy, Ýý, Zz

Гласовен систем[уреди]

Туркменски јазик
Писмо кирилица и латиница
Пример Прв член од „Декларацијата за човекови права“
Текст Хемме адамлар өз мертебеси ве хукуклары бюнча дең ягдайда дүнйә инйәрлер. Олара аң хем выждан берлендир ве олар бир-бирлери билен доганлык рухундакы гарайышда болмалыдырлар.
Hemme adamlar öz mertebesi we hukuklary boýunça deň ýagdaýda dünýä inyärler. Olara aň hem wyždan berlendir we olar bir-birleri bilen doganlyk ruhundaky garaýyşda bolmalydyrlar.
Македонски Ситe чoвeчки суштeствa сe рaѓaaт слoбoдни и eднaкви пo дoстoинствo и прaвa. Tиe сe oбдaрeни сo рaзум и сoвeст и трeбa дa сe oднeсувaaт eдeн кoн друг вo дуxoт нa oпштo чoвeчкaтa припaднoст.
Портал: Јазици

Самогласки[уреди]

Предни Задни
незаоблени заоблени незаоблени заоблени
Затворени i/и /i/ ü/ү /y/ üý/үй /yː/ y/ы /ɯ/ u/у /u/
Средни e/е /e/ ö/ө /ø/ o/о /o/
Отворени ä/ә /æː/ a/а /a/1

Согласки[уреди]

Билабијални Дентално/
алвеоларни
Посталвеоларни Непчани Меконепчани Глотални
експлозивни p b
п б
[p] [b]
t d
т д
[t̪] [d̪]
k g
к г
[k]/[q] [g]/[ʁ]
носни m
м
[m]
n
н
[n]
ň
ң
[ŋ]
треперливи r
р
[r]
фрикативни f w
ф в
[ɸ] [β]
s z
с з
[θ] [ð]
ş ž
ш ж
[ʃ] [ʒ]
h
х
[h]/[x]
африкативни ç j
ч җ
[t​͡ʃ] [d​͡ʒ]
апроксимантни l
л
[l]
ý
й
[j]

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 Nationalencyklopedin "Världens 100 största språk 2007" The World's 100 Largest Languages in 2007
  2. Етничката група позната како Ирачки Туркмени всушност зборуваат на јужноазербејџански дијалект. Исто така не сите Туркмени во Иран зборуваат туркменски.

Поврзано[уреди]

Портал „Јазик

Надворешни врски[уреди]