Кирилица
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
|
|||||||||||||||||||||||
Кирилица е азбука што се употребува за пишување кај шест природни словенски јазици: (белоруски, бугарски, македонски, руски, српски и украински) како и многу други јазици од поранешниот Советски Сојуз, коишто се наоѓаат во Азија и Источна Европа. Секој од овие јазици има своја посебна верзија на азбуката, односно стекнала различни одлики во зависност од говорното подрачје.
[уреди] Историја на словенската писменост
Почетоците за тоа Словените да имаат своја азбука потекнуваат од причината за богослужење на својот словенски јазик. Пред создавањето на кирилицата, богослужбата се вршела на туѓи, неразбирливи јазици како грчкиот или латинскиот. Составувачи на првата словенска азбука - Глаголица се Кирил и Методиј, кои имале и мисионерско - просветителска дејност во повеќе словенски земји. На наше, македонско тло била создадена кирилицата. Впрочем современата кирилица е составена од нивните ученици Свети Климент Охридски и Свети Наум Охридски, од Охрид, тогаш во Царство Бугарија, кои ја преобразиле и поедноставиле тогашната глаголица и новата видоизменета азбука во чест на Свети Кирил го добила името кирилица. Таа е составена од 44 букви.
[уреди] Македонска кирилица
Македонската кирилична азбука е составена во 1945 година по налог на АСНОМ. Има 31 буква и е најслична со српската кирилична азбука со исклучок на буквите Ѕ, Ќ и Ѓ. Македонскиот јазик има едно единствено писмо а тоа е кирилицата. За разлика од некои други јазици коишто имаат своја верзија и на латиничното писмо македонскиот ја нема. Затоа единствена официјална азбука на македонскиот јазик е кирилицата.
Македонската кирилица ги содржи следниве букви (гласови):
- А а Б б В в Г г Д д Ѓ ѓ Е е Ж ж З з Ѕ ѕ И и
- Ј ј К к Л л Љ љ М м Н н Њ њ О о П п Р р
- С с Т т Ќ ќ У у Ф ф Х х Ц ц Ч ч Џ џ Ш ш
[уреди] Погледнете исто така
- Листа на јазици кои користат кирилица
- Листа на кирилични букви
- Кирилични симболи во Уникод
- Глаголица
- Азбука
- Македонски писатели
- Охрид
|
||||||||||||||