Киргиски јазик

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Киргиски јазик
Кыргыз тили, قىرعىز تىلى Kyrgyz tili
Застапен во Киргистан, Авганистан, Пакистан, Таџикистан, Кина, Русија и дијаспората.
Говорници околу 4.5 милиони  
Јазично семејство
турски
Писмо киргиска азбука
Статус
Службен во  Киргистан
Јазични кодови
ISO 639-1 ky
ISO 639-2 kir
ISO 639-3 kir

Киргискиот јазик (кыргыз тили, قىرعىز تىلى, kyrgyz tili) е турски јазик кој е официјален јазик во Република Киргистан, покрај рускиот. Генетички, киргискиот јазик е сроден со алтајските јазици, но сепак киргискиот јазик е сроден и разбирлив со околните турски јазици.

Киргискиот јазик го зборуваат околу 4 милиони луѓе во Киргистан, но и во околните Кина, Авганистан, Казахстан, Таџикистан, како и во киргиската дијаспора во Турција, Узбекистан, Пакистан и Русија. Првично, киргискиот јазик се пишувал со униформираната турска азбука[1], која постепено била заменета со модифицираното персиско-арапско писмо. Персиско-арапското писмо се користело до средината на 20 век, кога за еден доста краток период се вовела латиницата, но таа била заменета со кирилицата за време на СССР. Денес, кирилицата останала доминантно писмо за запишување на јазикот. Кога Киргистан станал независен во државата имало движење за замена на кирилицата со латиница, но тоа до денес не се остварило.

Писмо[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Киргиска азбука.

Киргискиот јазик кој се користи во Киргистан користи кирилица за негово запишување и воедно кирилицата е официјално писмо во државата. Персиско-арапското писмо се користи за запишување на киргискиот јазик кој се зборува во Кина.

кирилица персиско-арапско транслитерација македонски
Бардык адамдар өз беделинде жана укуктарында эркин жана тең укуктуу болуп жаралат. Алардын аң-сезими менен абийири бар жана бири-бирине бир туугандык мамиле кылууга тийиш. باردىق ادامدار ۅز بەدەلىندە جانا ۇقۇقتارىندا ەركىن جانا تەڭ ۇقۇقتۇۇ بولۇپ جارالات.۔ الاردىن اڭ-سەزىمى مەنەن ابئيىرى بار جانا بئرى-بئرىنە بئر تۇۇعاندىق مامئلە قىلۇۇعا تئيىش. Bardyk adamdar öz bedelinde žana ukuktarynda erkin žana teŋ ukuktuu bolup žaralat. Alardyn aŋ-sezimi menen abijiri bar žana biri-birine bir tuugandyk mamile kyluuga tijish. Ситe чoвeчки суштeствa сe рaѓaaт слoбoдни и eднaкви пo дoстoинствo и прaвa. Tиe сe oбдaрeни сo рaзум и сoвeст и трeбa дa сe oднeсувaaт eдeн кoн друг вo дуxoт нa oпштoчoвeчкaтa припaднoст.


Гласовен систем[уреди]

Самогласки[уреди]

Предни Задни
незаоблени заоблени незаоблени заоблени
затворени i y ɯ u
средни e ø o
отворени ɑ

Согласки[уреди]

лабијални дентално/
алвеоларни
посталвеоларно-
алвеоларни
непчани меконепчани
увеларни
носни m n ŋ
експлозивни p b t d k/q g/ʁ
африкатни tʃ dʒ
фрикативни f v s z ʃ
латерални l
треперливи r
апроксимантни j

Наводи[уреди]

  1. Kyzlasov I.L. "Runiform scripts of Eurasian steppes", Eastern Literature, Moscow, 1994, pp.80 on, ISBN 5-02-017741-5, with further bibliography

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]