Пакистан

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Исламска Република Пакистан
اسلامی جمہوریہ پاکستان
Islāmī Jomhuri-ye Pākistān
Знаме
Геслоاتحاد، تنظيم، يقين محکم
Ittehad, Tanzim, Yaqeen-e-Muhkam  (Urdu)
"Единство, дисциплина и вера"
Химна"Qaumi Tarana"
Главен град Исламабад
33°40′ СГШ 73°10′ ИГД / 
Најголем град Карачи
Службен јазик урду, англиски
Други јазици панџаби, пашто, синди, сераики,
Демоним Пакистанец
Уредување Полупретседателски систем, федерална исламска република
 -  Претседател Асиф Али Зардари
 -  Премиер Јусаф Раза Гилани
 -  Претседател на сенатот Фарук Наек
 -  Спикер Fahmida Mirza (PPP)
Формирање
 -  Независност од Обединетото Кралство 
 -  Обајвена 14 август 1947 
 -  Исламска република 23 март 1956 
Површина
 -  Вкупна 803.940 км2 (36-та)
 -  Вода (%) 3.1
Население
 -  проценка за 2011 177,900,000[1] (6-та)
 -  Попис 1998 132,352,279[2] 
 -  Густина 206 жит/км2 (55-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2008
 -  Вкупен $439.558 милијарди[3] 
 -  По жител $2,738[3] 
БДП (номинален) проценка за 2008
 -  Вкупно $167.640 милијарди[3] 
 -  По жител $1,044[3] 
Џини (2002) 30.6 (среден
ИЧР (2008) 0.562 (среден) (139-та)
Валута Пакистанска рупија (PKR)
Часовен појас PST (UTC+5)
 -  (ЛСВ) PDT (UTC+6)
Се вози на лево
НДД .pk
Повик. бр. 92
Географска карта на Пакистан
К2 - втор врв по висина во светот, после Монт Еверест. Висина 8.611 метри

Исламската Република Пакистан е држава во Јужна Азија. На југ излегува на Арапското море, на запад се граничи со Иран и Авганистан, на исток со Индија, а на североисток со Кина. Главен град е Исламабад.

Независност стекнува на 14 август 1947 година, како Доминион Пакистан. На 23 март 1956 година се преименува во Исламска Република Пакистан. До 1971 година во нејзин состав е и денешен Бангладеш, дотогаш познат како Источен Пакистан.

На 12 октомври 1999 година генералот Первез Мушараф доаѓа на власт преку воен удар. Подоцна ја презема функцијата претседател на државата и се наоѓа на власт до 2008 г.

Етимологија на име[уреди]

Името на Пакистан значи „земја на чистите“ на урду и персиски јазик. Името е создадено во 1934 од Чоудари Рахма Али, што го објавил ова во неговиот памфлет „Сега или Никогаш“. Името претставува „30 милиони муслимани од Пакистан кои живеат во петте единици на британската колонија- Панџаб, Афгана, Кашмир, Синд и Белочистан.

Историја[уреди]

Географија и клима[уреди]

Пакистан опфаќа облст од 803.940 km². Источниот регион на Пакистан се наоѓа на индиската тектонска плоча, западните и северните региони се наоѓаат на евроазиската тектонска плоча. Пакистан има 1.046 километри долга поморска граница на Арабиското море, додека вкупната земјена граница брои 6.774 километри.

Пакистан географски е разновидна земја. На југ се наоѓаат долини и рамнини, песокливи плажи и пријатна клима, додека на северот се наоѓа ланецот Хималаи со врвови високи над 8.000 метри. Пакистан брои околу 108 планински врвови со преку 7.000 метри и пет врвови со преку 8.000 метри (К2 и Нанга Парбат). Реката Инд тече низ Пакистан. Северниот дел на земјата е многу атрактивно туристичко место и Мека за планинари. Западно од Инд се наоѓа покраината Белуџистан со сува клима и зелени долини, додека на исток се песочните дини и пустината Тар во областа Тарпаркер.

Податотека:Tvrdjava Tar.jpg
Тврдина околу градот кој се наоѓа во пустината Тар

Пустината Тар (на Урдски јазик تھرپارکر) во јужната покраина Синд е седма по големина и единствената плодна пустина во светот.

Климата варира заедно со географијата. Стидените зими и топлите лета доминираат на северот, додека благата клима доминира на југот. Во централните делови не е реткост во летните месеци живата да е над 45-{°C}-, а во зимските месеци да е под нулата. Во текот на доцните месеци од летната сезона, непредвидливите монсунски ветрови можат да донесат од 250 милиметри до 1.250 милиматри дожд.

Политички систем[уреди]

Според уставоѕ од 10.4.1973 год.(привремено суспендиран поради државниот удар извршен на 12.10.1990 год.) Пакистан е федеративна исламска република. Право на глас имаат сите пакистански државјани со возраст над 18 години.

Претседателот на републиката го избира изборен колегиум на секои пет години, кој е составен од членови на двата дома на Сојузниот парламент и парламентите на четирите покраини; претседателот на републиката може да биде избран само еднаш. Тој задолжително треба да биде муслиман на возраст над 45 години. Тој е извршител на извршната власт, на сојузно ниво , а власта ја спроведува заедно со владата. Во одредени случаи може да ги распушти Националното собрание и Владата и да прогласи вондредна состојба. Дводомниот парламент е составен од Национално собрание и Сенат. Националното собрание (Majlis-e Shoora) има 342 пратеници, кои се избираат на општи избори на пет години според мнозински систем; две места се резервирани за жени, а десет пратеници се избираат од немуслиманското население.

Сенатот има сто членови. тие ги избираат парламентите на покраините, како и претставници на племенските области и на главниот град.

Административна поделба[уреди]

Пакистан е сојузна држава составена од 4 покраини, престолнинската територија и од племенските територии на СЗ. На чело на покраините се наоѓаат управници, кои ги именува претседателот на републиката. Покраините имаат сопствена законодавна (на општи избори избран еднодомен покраински парламент) и извршна власт. Племенските области се под непосредна управа на сојузната влада, но одделни племенски заедници имаат голема самоуправа. Под непосредна управа на сојузната влада се наоѓаат и т.н Северни територии (Гилгит, Дијамар и Балтистан).

Посебен статус имаат и западните делови на Кашмир, кои во 1947 год. ги окупира пакистанската војска. Статусот на територијата останува спорен, бидејќи во резолуцијата на ООН се бара за идниот статус на Качмир да речи населението на референдумот. Западен Кашмир има сопствен Парламент и Влада со седиште во Музафарабад.

Покраини
Територии

Економија[уреди]

По поделбата на Британската Индија (1947 год.), пакистанското стопанство остана без поранешните стопански центри(на пр. Бомбај и Калкута), а со заминувањето на Индусите загуби голем дел и од образовната работна сила. Поради напрегнатите односи со Индија, Пакистан постојано го оптоваруваат големи давачки за војската, а проамериканската насоченост во времето на Студената војна му донесе значителна странска помош. Пакистанското стопанство се заснова, пред се, на приватниот сектор (освен во времето на З.А.Буто). Тоа имаше и недостатоци, особено натрупувањето на капиталот во рацете не неколку богати семејства, големата задолженост на државата поради малите буџетски приходи (земјоделсвото е речиси ослободено од плаќање на даноци) и во врска со тоа, малите инвестиции во инфраструктурата и образованието и многу раширената „црна“ и „сива“ економија.

Население, јазик и религија[уреди]

Спрема пописот од 1998 година, 96,3% од населението на Пакистан се изјаснило како припадници на исламот, 2% како индуисти и 1,7% како христијани.

Култура во Пакистан[уреди]

Музика во Пакистан[уреди]

Спорт во Пакистан[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име ref1.
  2. „Area, Population, Density and Urban/Rural Proportion by Administrative Units“. Population Census Organization, Government of Pakistan. http://www.statpak.gov.pk/depts/pco/statistics/area_pop/area_pop.html. конс. 13 февруари 2008. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 „Pakistan“. International Monetary Fund. http://www.imf.org/external/pubs/ft/weo/2009/01/weodata/weorept.aspx?sy=2006&ey=2009&scsm=1&ssd=1&sort=country&ds=.&br=1&c=564&s=NGDPD%2CNGDPDPC%2CPPPGDP%2CPPPPC%2CLP&grp=0&a=&pr.x=49&pr.y=3. конс. 22 април 2009. 

Надворешни врски[уреди]

Видете исто така[уреди]