Нанга Парбат

Од Википедија — слободната енциклопедија
Нанга Парбат
Nanga Parbat
Нанга Парбат
Највисока точка
Надм. вис.8126 м 
9-то место
Истакнатост4608 м
Заведена какоОсумилјадник
Географија
Нанга Парбат
Nanga Parbat на карта

Карта

МестоПакистан
Матичен венецХималаи
Искачување
Прво освојување3 јули, 1953 од страна на Херман Бул
Најлесен патДиамир (западна страна)

Нанга Парбат (урду: نانگا پربت) — планина во Пакистан, во ланецот Хималаи. Планината е една од вкупно четиринаесетте планини со над 8000 метри надморска височин, и со својата висина од 8126 метри претставува деветтата највисока планина во светот. Планината е трета по ред најсмртоносна планина во светот (зад Анапурна и К2) од каде што го добила прекарот „планина убиец“.[1] Нанга Парбат е голем врв кој доминира над околните краеви.

Локација[уреди | уреди извор]

Планината, чие име од јазикот урду се преведува како „Гола планина“, нанга - од санскритскиот збор нагна (nagna, नग्न) што значи „гол“,[2] и парбат од санскритскиот парбат (parvata पर्वत), „планина“, се наоѓа на крајниот западен дел на Хималаите, како најзападен врв со над 8000 метри надморска висина, јужно од реката Инд во пакистанското северно подрачје. Околу 150 километри североисточно се наоѓа ланецот Каракорум со втората највисока планина во светот К2.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 8000ers.com - ALL 8000ers - ASCENTS vs FATALITIES
  2. „Sanskrit, Tamil and Pahlavi Dictionaries“. Архивирано од изворникот на 2008-01-26. Посетено на 2014-02-10.