Азија
Азија е централен и источен дел од континентот Евроазија, дефиниран со исклучувањето на европскиот полуостров од Евроазија. Геолошки и географски, Азија не е ниту континент ниту потконтинент. Азија, сепак, обично се смета за најголемиот континент на светот по површина и број на население (преку 4 милијарди жители или 60 проценти од светското население).
Азија (Асирски збор „Асу„ - изгрев на Сонце) се наоѓа скоро целосно на северната хемисфера, освен островскиот дел на Малајскиот Архипелаг, кој се спушта за 10 степени во јужната хемисфера. Крајните точки на копнениот дел на Азија на север достигаат до р'тот Чељускин на полуостровот Тајмир, на југ до р'тот Буру, на Малајскиот Полуостров, на исток до р'тот Дешнев на Чукотскиот полуостров и на запад до р'тот Баба на полуостровот Мала Азија. Меѓутоа ако се земе и островскиот дел на Азија, тогаш најсеверната точка се наоѓа на островот Северна Земја (81 СГШ), а најјужната на островот Роти (11 ЈГД) кој се наоѓа во групата на малите сундски острови.
Уште од античко време границите помеѓу Европа и Азија се јасни и одат по линијата на Егејското Море, Дарданелите, Мраморно, Босфорски проток и Црно Море.
Содржина |
[уреди] Брегова разгранетост
Бреговите на Азија се меѓу најразгранетите на Земјата. Таму има голем број полуострови, заливи, острови, островски групи, протоци и друго. Меѓутоа, сите брегови на Азија не се подеднакво разгранети. Северниот азиски брег кој излегува на Северен Леден Океан е послабо разгранет. Од полуостровите на тој брег најголеми се: Јамал, Тајмир и Чукотскиот Полуостров, а од островите Северна Земја, Новосибирските Острови и Врангеловиот Остров. Источниот брег на Азија се одликува со поголема разгранетост од северниот. Таму се наоѓаат повеќе рабни мориња (Берингово Море, Охотско Море, Јапонското Море, Жолто Море, Источно Кинеско Море Јужно Кинеско Море) кои од Тихиот Океан се одделени со голем број полуострови и островски групи. Од полуостровите најголеми се Камчатка и Кореја, а од островите Сахалин, Јапонските Острови, Тајван, Филипинските Острови и други. Бреговите и островите на Источна Азија во Тихиот Океан се изложени на силна сеизмичка и вулканска активност. Јужниот брег на Азија го заплискуваат водите на Индиски Океан и неговите крајбрежни мориња. Овој брег се одликува со големи полуострови, длабоки заливи, многу острови и повеќе островски групи. Од полуостровите најголеми се: Арапскиот, Индискиот Океан и Индокинескиот Полуостров, а од островите Шри Ланка (Цејлон). Од заливите најпознати се Бенгалски Залив, Оманскиот Залив, Персискиот Залив и Аденскиот Залив. Западниот брег на Азија почнува од протокот Баб-ел-Мандеб и преку Црвено Море, Суецкиот Канал, Средоземното Море, Егејско Море и Мраморното Море со протоците Дарданели и Босфор се протега до Црно Море. Најголем полуостров на овој брег е Мала Азија. [1]
[уреди] Релјеф
Азија е континент со најразлични релјефни целини, исполнет со голем број низини, планини и висорамнини. Низините зафаќаат една четвртика од територијата на Азија, а најсрапространети се во периферните делови на континентот. Најпознати низини во Азија се Западносибирската и Туранската Низина кон границата со Европа, Месопотамската Низина во Југозападна Азија, потоа низините по долините на реките Инд, Ганг, Брамапутра и Меконг во Јужна Азија, Источнокинеската Низина во Источна Азија и други помали низини. Низините се отвори преку кои до извесна длавочина се навлегува во внатрешноста на мошне непристапните планински системи во Азија. Планинскиот релјеф во Азија е застапен на три четвртини од територијата. Планинскиот систем започнува од Егејското Море на запад, односно од Мала Азија и се пторега од Тихит Океан на исток. Го сочинуваат непрекинати планини: масивите Таурус, Иранските и Авганистанските Планини до Памир, од каде што системот се раздвојува кон југоисток со планините Хиндуку, Каракорум и Хималаи, односно кон северозапад преку планините Тијан Шан, Алтај, а потоа на север се протегаат Јаблановските, Сановојските, Верхојанските, Черските, Колимските Планини и други масиви. Како посебни се простираат: Кавказ, Елбурс, планините во југозападните делови на Саудиска Арабија, планинските масиви во источните делови на Азија, како што се Корејските Планини, Голем Хинган и планините на островскиоте територии. Планините во Азија се одликуваат со мошне големи височини. На Хималаите се наоѓаат највисокиот врв во светот, Монт Еверес, со 8850м н.в. како и поголем број други врвови со повеќе од 8000м височина. На простарното азиско копно, меѓу планинските масиви се простираат огромни територии под висорамнини. Познати се Иранската Висорамнина, висорамнината Тибет, Сатновојската Висорамнина, Средносибирската Висорамнина, Казашката Висорамнина, висорамнината Декан и други. Посебна каратеристика на релјефот во Азија е тоа што големи територии се под пустини со типичен еолски релјеф. Такви се пустини: Голем НЕфуд и Руб ел Халф на Арабискиот Полуостров, потоа Големата Солена Пустина во Иран, пустината Тар во Индрија, пустините Мујункум, Каракум и Кизилкум во Казахстан, Узбекистан и Турмекистан, пустината Такиа Макан во Западна Кина, пустината Гоби во северните делови на Кина и Монголоија и др. Големите надморски височини на планинските системи во Азија кои се простираат во појасот од 33°-55° с.г.ш. се причина за голема застапеност на глацијацијата на планините. Огромни територии се наоѓаат под снег и мраз. Скоро од сите планини, но особено од Хималаите се спуштаат многубројни глечери од кои се напојуваат голем број реки на азискиот континент. Азија е континент покрај кој се простира т.н. огнен појас, кој се одликува со многу вулкани и земјотреси, така што е присутен и забележлив вулкански релјеф. Врз основа на вака поставениот релјеф во Азија се издвојуваат следни природни целини:
Северна Азија која се одликува со големи низински територии северно од планините Памир, Алтај и реката Амур.
Источна Азија која ги опфаќа источните делови на Кина, Кореја и Јапонија
Јужна (Монсунска) Азија која се простира јужно од линијата Хиндукуш - Хималаи и ги опфаќа териториите од Пакистан до Индонезија и Филипини.
Југозападна Азија која се протега од Авганистан до Синајскиот Полуостров
Централна Азија која ги опфаќа областите на највисоките планини и пустини.
[уреди] Хидрографија
Азија е богата со реки. Тие се влеваат претежно во отворени морски басени и припаѓаат на четири сливни подрачја. Тоа се: Сливно подрачје на Северниот Леден Океан, - на Тихиот Океан, - на Индискиот Океан и сливно подрачје на Средоземното Море.
Сливното подрачје на Тихи Океан ги опфаќа реките Амур, Хоангхо,Јанцекјанг, Сикјанг, Меконг и други. Сите овие реки се пловни и се користат за сообраќај и за добивање електрична енергија. Водата на реките од ова сливно подрачје на Тихи Океан е особено искористена за наводнување на житни култури и тоа претежно на ориз. Сливното порачје на Средоземно Море ги опфаќа сите реки кои се вливаат во него и неговите крајбрежни мориња - Егејското Море и Црното Море. Најголеми реки во ова сливно подрачје се: Кизил Ирмак, која се влева во Црно Море и Мендерес - во Егејско Море. Водата од реките Кизил Ирмак и Мендерес има значење за населението, главно, за наводнување на градинарски култури, лозови насади и јужно овошје. Во Азија постојат и сливни подрачја кои припаѓаат на затворени басени. Тоа се Касписко Езеро и Аралското Езеро. Во Каспиското Езеро од азискиот дел се влеваат помали притоки, а во Аралското Езеро - Сир Дарја и Аму Дарја. Реката Сир Дарја тече низ пустината Кизилкум, а Аму Дарја низ пустината Каракум. Поради тоа нивната вода се користи за наводнување на пустинското земјиште кое е претворено во зелена оаза на план тажи од памук и други култури. За таа намена таму е изграден еден од нај долгите канали за наводнување (1100 км.) во Азија и светот. Тој канал овозможи пустината да се претвори во корисна и плодна почва. Така таму освен памук денес се одгледуваат градинарски и индустриски култури на големи површини.
[уреди] Земји и Територии кои се наоѓаат во Азија
|
||||||||||||||||||||||||
[уреди] Наводи
- ↑ Учебник по географија за VII одделение