Дарданели

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дарданели, долг и тесен проток кој го дели Балканот од Мала Азија.

Дарданели (турски: Çanakkale Boğazı; грчки: Δαρδανέλλια) е долг и тесен проток по должината на полуостровот Галиполе во денешна Турција кој го дели Балканот (Европа) од Мала Азија, а ги поврзува Егејското и Мраморното Море. Протокот е долг 61 км, широк само 1,2 - 6 км, а просечно длабок 55 м, со најголема длабочина од 82 м. Водата низ протокот тече во двата правци: кон Егејското Море како површинска струја, а кон Мраморното како длабинска струја.

Како и Босфор, Дарданели ја раздвојува Европа од Азија. Протокот е меѓународен воден пат, и заедно со Босфор, Дарданелите го поврзуваат Црното со Средоземното Море.

Историја[уреди]

Протокот има стратешко значење и затоа играл важна улога во историјата. Античкиот град Троја бил лоциран близу до западниот влез на протокот, а на азискиот брег од протокот се одиграла и Тројанската војна. Војската на Александар го минала протокот во 334 г.п.н.е. за да ја нападне Персија. Дарданели играле значајна улога и во одбраната на Константинопол во Византискиот период, а од 14 век бил постојано контролиран од Турција.

Големите сили отсекогаш имале особен интерес за непречен премин или пак за контрола на Дарданели, и затоа бил предмет на разни битки и договори помеѓу нив во текот на 19 и 20 век.


Координати: 40.216667° СГШ 26.433333° ИГД