Грчки јазик

Од Википедија

Скокни на: навигација, барај
Грчки јазик
Ελληνικά
Ellīniká 
Изговор: [e̞liniˈka]
Зборуван во: Грција, Кипар, САД, Австралија,
Германија, Турција, Обединетото Кралство, Канада,
Русија, Албанија, Украина, Франција, Грузија,
Италија, Бугарија, Ерменија и остатокот од грчката дијаспора
Регион: Балкан
Вкупно говорници: — 
Ранглиста: 52
Јазично семејство: Индоевропско
 Грчки јазик
 
Писмо: Грчка азбука 
Официјален статус
Официјален јазик во: Грција Грција
Кипар Кипар
  1. пренасочување Шаблон:ЕВР

Признат како малцински јазик во:
Албанија Албанија[1]
Знаме на Ерменија Ерменија[2][3]
Италија Италија

[1]
Романија Романија[2]
Знаме на Украина Украина[2]

Регулиран од: не е регулиран
Јазични кодови
ISO 639-1: el
ISO 639-2: gre (B)  ell (T)
ISO 639-3: варијанти:
grc — Антички грчки
ell — Модерен грчки
pnt — Пондиски грчки
gmy — Микенски грчки
gkm — Средновековен грчки
cpg — Кападокиски грчки
tsd — Цаконски грчки

Грчкиот јазик (грчки: Ελληνικά; МФА: [e̞ˌliniˈka]) е индо-европски јазик кој се зборува воглавно во денешна Грција.

Грчкиот јазик се зборува од повеќе од 12 милиони луѓе од кои највеќе се концентрирани во Грција, но исто така и во Кипар, понатаму во Албанија и другите балкански земји, Египет, Италија, Романија, Турција, Украина, како и во многу други земји каде што постои грчка дијаспора.

Грчкиот е официјален јазик во Грција, каде што го зборува околу 99,5% од населението.[се бара извор] Заедно со турскиот јазик, грчкиот е официјален и во Кипар. Бидејќи Грција и Кипар се членки на Европската Унија, јазикот е еден од 20-те официјални јазици на Унијата. Има статус на малцински јазик во делови на Италија и Албанија.


[уреди] Потекло

Грчкиот јазик има документирана историја стара околу 3.000 години, подолго од било кој индо-европски јазик.[се бара извор] Постојат податоци дека грчкиот јазик бил зборуван во Микена уште од 15 и 14тиот век п.н.е. што го прави еден од најстарите јазици - од него постари се само Ведскиот Санскрит и јазиците на Анадолија. Старогрчкиот јазик во своите различни форми е јазикот на класичната грчка цивилизација и на првобитното европско христијанство, и претставувал прв или втор јазик во повеќе делови на Римската Империја.[се бара извор] Се предава во школи и универзитети во многу земји за време на ренесансата и по неа. Современиот грчки, кој се разликува во многу погледи од старогрчкиот се уште е препознатлив како ист јазик (со мали разлики), активно е зборуван од околу 12 милиони луѓе ширум светот, повеќето од кои живеат во Грција. Грчкиот јазик традиционално се пишува со посебната грчка азбука - првата азбука што воведува самогласки. Грчката азбука постои од 9 век п.н.е. [се бара извор]

[уреди] Карактеристики

Грчкиот јазик има комплексна граматика. Таа вклучува девет глаголски времиња, четири падежи (Номинатив, Акузатив, Генитив и Вокатив) и три рода (машки, женски и среден). Карактеристично за именките во грчкиот јазик е што тие секогаш се пишуваат со соодветниот член за родот на кој таа именка припаѓа. Дури и множинските форми имаат различна форма на членот во зависност од родот, слично на албанскиот јазик (за разлика од некои индо-европски јазици како германскиот во кој членот на множинската форма е ист за сите родови). Исто така личните заменки во трето лице еднина и множина варираат во зависност од родот.

[уреди] Извори

Википедија
Издание на Википедија, слободната енциклопедија на грчки.

Други јазици