Ерменија
| Ерменија
Հայաստանի Հանրապետություն
Hayastani Hanrapetut῾yun |
||||||
|---|---|---|---|---|---|---|
|
|
||||||
| Химна: Մեր Հայրենիք (ерменски) Mer Hayrenik (transcription) "Нашата татковина" |
||||||
| Главен град | Ереван 40°11′N 44°31′E / 40.183°N 44.517°E |
|||||
| Најголем град | главниот | |||||
| Службен јазик | ерменски[1] | |||||
| Народности | 98% ерменци, 1% јазиди, 1% други | |||||
| Демоним | Ерменски | |||||
| Уредување | Претседателска република[2] | |||||
| - | Претседател | Серж Саргсјан | ||||
| - | Премиер | Тигран Саргсјан | ||||
| - | Прет. на парламентот | Новик Абрахамјан | ||||
| Независна | ||||||
| - | Традиционална[3] | 11 август, 2492 пр.н.е |
||||
| - | Урарту под Араму | 840s пр.н.е |
||||
| - | Тигранес Оронтид | 560 пр.н.е |
||||
| - | Кралство Ерменија формирано |
190 пр.н.е |
||||
| - | Ерменска апостолска црква | 301 г. |
||||
| - | Демократска Република Ерменија основана | 28 мај, 1918 |
||||
| - | Независност од СССР Декларирана
Призната Финализирана |
23 август, 1990 21 септември, 1991 25 декември, 1991 |
||||
| Површина | ||||||
| - | Вкупна | 29,800 km2 (142ра) 11.506 sq mi |
||||
| - | Вода (%) | 4,71 | ||||
| Население | ||||||
| - | проценка за Јули 2008 | 3.231.900[4] (133та) | ||||
| - | Попис 2001 | 3.002.594[5] | ||||
| - | Густина | 101/km2 (103та) 262/sq mi |
||||
| БДП (ПКМ) | проценка за 2008 | |||||
| - | Вкупен | $19,298 милијарди[6] | ||||
| - | По жител | $5.437[6] | ||||
| БДП (номинално) | проценка за 2008 | |||||
| - | Вкупно | $12,070 милијарди[6] | ||||
| - | По жител | $3.400[6] | ||||
| Џини (2003) | 33.8 (среден) | |||||
| ИЧР (2007) | ▼ 0,775 (среден) (83та) | |||||
| Валута | Драм (AMD) |
|||||
| Часовен појас | UTC (UTC+4) | |||||
| - | (ЛСВ) | DST (UTC+5) | ||||
| Се вози на | right | |||||
| НИД | .am | |||||
| Повик. бр. | 374 | |||||
| Светец-заштитник | Св. Апостол Бартоломеј, Св. АпостолЈуда, Богородица |
|||||
Ерменија е држава во Евроазија. Од некои историско-културни причини се смета за дел и на Европа. Главен град е Ереван.
Содржина |
[уреди] Етимологија
Ерменија, ерменците ја нарекуваат Хајастан (Hayastan), што значи „Хаикова земја“. Според Светото писмо Хаик бил правнук на Ноа. Според легендата, тој во 130 година, отишол во Шинар, Вавилон, да ја гради Вавилонската кула. Тогашниот асирски крал Бел, познат и како Нимрод, поради неговата „божанска“ надворешност, му понудил да остане во Вавилон и му ветил дека тие ќе го слават и почитуваат како Бог. Но, тој одбил и се вратил во својата земја под Арарат. Тогаш асирскиот крал Нимрод, ја собрал војската и тргнал по него. Во битката, кај езерото Ван (денешна Турција), Хаик со стрела со три пердуви, го пробил оклопот на Химрод и го убил. Асирската војска се повлекла, а се вели дека Хаик живеел 400 години. Од таа битка се смета традиционалниот ерменски календар.
Името Ерменија (Аrmenia),коешто се користи во повеќето земји, се користи од пред околу 3000 години. Почнале да го користат грчките историчари, по ерменскиот водач Арам, кој според легендата бил шести член на Хаиковата лоза (правнук на правнукот на Хаик).
[уреди] Историја
[уреди] Праисторија
На просторот на денешна Ерменија, во околу 6 век п.н.е. ерменците се населиле во царството Урарту. Во времето на Тигран Велики (95 п.н.е.- 45 п.н.е.), ерменската држава го достигнала својот најголем подем и станала една од најголемите и најсилните држави во Азија. Во тоа време, таа се протегала од Касписко езеро до Средоземно море. Во текот на својата античка историја, Ерменија била постојанен сојузник на македонците, римјаните и.т.н.
[уреди] Кралство Ерменија
Ерменија станала првата држава која го примила христијанството како официјална религија во 301 година.
Последното Ерменско царство (1050 - 1375) опфаќало територии од денешна југоисточна Турција.
[уреди] Среден век
Во периодот од 17 век до Првата светска војна, Ерменија била во составот на Османлиската империја. Во 1894 и 1896 година османлиите организирале масовни убиства на ерменскиот народ, убивајќи околу 1.500.000 жители. Ерменскиот геноцид се нарекува присилната масовна евакуација и убиството на неколку стотици илјади или преку милион Ерменци од страна на младотурскиот режим во Отоманската Империја од 1915 до 1917 година. Некои основни моменти во врска со случувањата се предмет на жестоки дискусии помеѓу Ерменците и делови од меѓународната јавност, од една страна, и Турција.
[уреди] Светски војни
Република Ерменија била основана на 28 мај 1918 година, по поразот на Османлиската империја во Првата светска војна. Како таква, функционирала до 29 ноември 1920 година, кога била заземена од советската армија. На 12 март 1922 година Грузија, Ерменија и Азербејџан се обединиле како Закавказка Советска Федеративна Социјалистичка Република. Од 1936 година, Ерменија станала оделна република во рамките на СССР.
[уреди] Најнова историја
На 23 август 1990 година е преименувана во „Република Ерменија“, која што беше во составот на СССР уште една година, а потоа добива суверенитет во 1991 година.
[уреди] Географија и клима
Поголемиот дел од територијата на Ерменија е планинска. Највисоката точка во државата е расположена на планината Арагатс, на 4095 метри надморска височина. Езерото Севан се наога на 1900 метри надморска височина. Климата во Ерменија е континентална. Летата се суви и топли и траат од јуни до септември, а зимите се многу студени со изобилство од снег. Вкупната површина на земјата изнесува 29,800 km², и според тоа се наоѓа на 142 место по големина во светот. Ерменија граничи на север и исток со Грузија и Азербејџан, а на југ и запад со Иран и Турција.
[уреди] Политички систем
[уреди] Административна поделба
Ерменија е поделена на покраини и град Ереван кој има специјална административна положба:
| Марз | Главен град | Површина | Население |
|---|---|---|---|
| Арагацотн (Արագածոտն) | Аштарак (Աշտարակ) | 2,753 km² | 126,278 |
| Арарат (Արարատ) | Арташат (Արտաշատ) | 2,096 km² | 252,665 |
| Армавир (Արմավիր) | Армавир (Արմավիր) | 1,242 km² | 255,861 |
| Гехаркуник (Գեղարքունիք) | Гавар (Գավառ) | 5,348 km² | 215,371 |
| Котајк (Կոտայք) | Раздан (Հրազդան) | 2,089 km² | 241,337 |
| Лори (Լոռի) | Ванаѕор (Վանաձոր) | 3,789 km² | 253,351 |
| Ширак (Շիրակ) | Гјурми (Գյումրի) | 2,681 km² | 257,242 |
| Сјуник (Սյունիք) | Капан (Կապան) | 4,506 km² | 134,061 |
| Тавуш (Տավուշ) | Иџеван (ջևան) | 2,704 km² | 121,963 |
| Вајоц Ѕор (Վայոց Ձոր) | Ехегнаѕор (Եղեգնաձոր) | 2,308 km² | 53,230 |
| Ереван (Երևան) | – | 227 km² | 1,091,235 |
[уреди] Економија
[уреди] Население, јазик и религија
Ерменците или арменците се индоевропски народ, кој претежно живее во Ерменија и сочинува 93% од населението.Нивната држава Ерменија (Armenia), постоела на Кавказот уште по првиот милениум пред новата ера и претставува една од најстарите светски цивилизации. Ерменија била прва држава во светот која христијанството го прогласила како званична религија околу 300 години пo новата ера.
Ерменците се по вероисповед христијани (монофизити), а зборуваат на ерменски јазик, кој се смета за посебна гранка на индоевропската фамилија на јазици.
Ерменци има вкупно 7.631.000, од нив 3.509.000 во Ерменија, 851.000 во САД, 611.000 во Азербејџан и 577.000 во Грузија. Ерменците се и мнозинско население (околу 95%) во Република Нагорно-Карабах, која формално припаѓа на Азербејџан, но фактички претставува независна држава.Ерменците се мнозинско население (90%) и во Грузиската покраина Џавахетија.
За време на Првата светска војна, тешко настрадале во ерменскиот геноцид (убиени се околу 1.500.000 ерменци) од страна на Младотурците, кога и се протерани на територијата на којашто и денес живеат. Младите ерменци сѐ уште се борат да го докажат геноцидот. Тоа е народ кој со гордост ја раскажува својата историја.
[уреди] Религија
Поголемиот дел од Ерменците се христијани, кое во Ерменија постои пред околу 1.700 години. Ерменија има своја црква, Ерменска апостолска црква. Според едно предание, таа била основана од страна на Апостол Вартоломеј и Апостол Тадеј. Историски била формирана од страна на светецот Григориј Просветител во 301 година, чијшто син Аристакес учествувал на Првиот Вселенски собор. Оваа црква се потпира на решенијата од првите три Вселенски собори и ја подржува христологијата на Свети Кирил Александриски. Веќе на Четвртиот Вселенски собор, ерменската апостолска црква не учествувала и не ги подржала односно признала решенијата од тој собор. Во периодот од 491 до 536 година конечно се оделила од Византија.
[уреди] Култура
Ерменците имаат карактеристично писмо и јазик. 96% од населението зборува ерменски, а 40% и руски. Населението на Ерменија е потполно писмено, 99% од населението знае да чита и пишува. Повеќето возрасни лица во Ереван комуницираат и на руски, а популарноста на англискиот јазик постојано расте. Гостољубивоста на Кавказ е легендарна и потекнува од старата традиција.
Градската национална галерија на уметности има повеќе од 16.000 дела, од кои, некои потекнуваат уште од средниот век. Во неа се наоѓаат и слики на многу европски мајстори. Музејот на модерната уметност, Галеријата на детски слики и Сарјанскиот музеј се само мал дел од уметничката понува во Ереван.Исто така постојат повеќе лични галерии, а боројот на нови постојано расте.Во нив се организираат ротациони изложби и продажби.
Ерменскиот филхармониски оркестар е од светска класа, свири во зградата на Градската опера, каде што настапува и ерменската опера и балет.
Џезот е популарен, особено во лето, кога живите свирки се редовна појава во градските кафулиња.
Во Ереван има повеќе драмски театри, каде се играат претстави на ерменски, руски и повремено на англиски јазик.
Во Ереван се наоѓа и плоштад на уметнички дела и занаети, блиску до Плоштадот на Републиката, кадешто стотици продавачи ги нудат своите ракотворби. На овој плоштад можат да се купат антиквитети, чипка, рачно-изработени волнени теписи. Ерменското златарство има долга и очувана традиција и во еден дел од плоштадот можат да се купат и предмети од злато.
Американското свеучилиште во Ерменија помеѓу останатото нуди и студии по менаџмент и право.Оваа институција е плод на зедничките напори на владата на Ерменија, Ерменскиот добротворен совет, USAID и Bolt Hall School of Low од калифорниското свеучилиште од Беркли.
[уреди] Наводи
- ↑ The Constitution of the Republic of Armenia (27 ноември 2005), Chapter 1: The Foundations of Constitutional Order, Article 12.
- ↑ The Constitution of the Republic of Armenia (27 ноември 2005), Chapter 3: The President of the Republic, Article 55.
- ↑ date of the Battle of Dyutsaznamart of Khorenac‘i's History as calculated by Mikayel Chamchian (1784); see Panossian, Razmik (2006). „The Armenians: From Kings And Priests to Merchants And Commissars“. Columbia University Press. стр. p. 106. ISBN 978-0231139267.
- ↑ „National Statistical Service of the Republic of Armenia“. http://www.armstat.am/en/?nid=81&id=766. проверено на 2008-10-16.
- ↑ „Census of 2001 of the Republic of Armenia“. http://docs.armstat.am/census/engcontent.php.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 6,3 „Armenia“. International Monetary Fund. http://www.imf.org/external/pubs/ft/weo/2008/02/weodata/weorept.aspx?sy=2004&ey=2008&scsm=1&ssd=1&sort=country&ds=.&br=1&c=911&s=NGDPD%2CNGDPDPC%2CPPPGDP%2CPPPPC%2CLP&grp=0&a=&pr.x=73&pr.y=18. проверено на 2008-10-09.
[уреди] Види исто така
[уреди] Надворешни врски
|
|||
|
Главен град : Ереван Област (Marzer -մարզէր) : Арагацотн • Арарат • Армавир • Гехаркуник • Котајк • Лори • Ширак • Сјуник • Тавуш • Вајоц Ѕор |
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||
| Заедница на независни држави |
|---|
|
Азербејџан | Белорусија | Грузија | Ерменија | Казахстан | Киргистан | Молдавија | Русија | Таџикистан | Туркменистан | Узбекистан | Украина |