Ерменска апостолска црква

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ерменска Православна Апостолска црква
Հայ Առաքելական Եկեղեցի
Mother See of Holy Etchmiadzin.jpg
Седиште на црквата
Основач Апостолите Апостол Вартоломеј и Апостол Тадеј
Независност Апостолска ера
Признавање Древноисточни цркви
Поглавар Католикос на сите Ерменци Керекин II Нерсисјан
Седиште Ечмиадзин, Ерменија
Територија Ерменија, Нагорно-Карабатска република
Власт Русија, Ирак, Грузија, Франција, САД, Израел, Левант, Сирија, Турција, Иран, Канада, Астралија, Кипар, Грција, Бугарија, Белгија, Египет, Естонија, Англија, Германија, Италија, Холандија, Романија, Шведска, Швајцарија, Аргентина, Уругвај и др.
Јазик Ерменски
Верници 8,000,000
Портал * Ерменска Апостолска Црква
Дел од серијалот
Христијанство

Христијански крст

Историја на христијанството
Исус од Назарет
Раѓање · Крстење
Распнување· Воскреснување
Велигден

Рано христијанство
Апостолите
Милански едикт · Екуменски совет

Среден век
Голема шизма
Крстоносни војни
Реформација

Свето Тројство
Господ-Отецот
Христос-Синот
Светиот Дух

Христијанска теологија
Црква
Христијанско богослужение
Божествена благодат · Спасение
Проповед на планината
Десет Божји заповеди

Библијата
Стар Завет
Нов Завет
Апокрифи

Христијански звања

Католицизам
Римокатолицизам · Англикализам
Независни· Стар католизам

Источно христијанство
Православие · Древноисточни цркви
Асириска црква

Протестантство
Лутеранство · Калвинизам · Методизам
Анабаптизам · Баптизам · Адвентизам
Евангелизам · Свето движење
Пентекостализам

Антитринитаризам
Јеховини сведоци
Движење за подоцнежните светци
Унитаријанизам
Христоделфијани
Единствен Пентекостализам

Ерменската православна црква е една од Древноисточните цркви и една од најстарите христијански цркви. Според едно предание, таа била основана од страна на Апостол Вартоломеј и Апостол Тадеј. Историски била формирана од страна на светецот Григориј Просветител во 301 година, чијшто син Аристакес учествувал на Првиот Вселенски собор. Оваа црква се потпира на решенијата од првите три Вселенски собори и ја подржува христологијата на Свети Кирил Александриски. Веќе на Четвртиот Вселенски собор, ерменската апостолска црква не учествувала и не ги подржала односно признала решенијата од тој собор. Во периодот од 491 до 536 година конечно се оделила од Византија. Црквата има седум таинства, ја почитува Пресвета Богородица. Во нејзин склоп опстојуваат пет епархии во Америка, Европа, Азија и Австралија.

Рана историја и основање[уреди]

Историјата односно изворите кои се однесуваат на најраниот период од историјата на ерменската апостолска црква се неразјаснети. Како главна причина за тоа е фактот што ерменската писменост била формирана дури во 5 век. Историјата од првите векови на постоењето на Ерменската црква се пренесувале усно од генерација на генерација и дури во 5 век била запишана во историографската и црковната литература. Многу историски сведоштва (на ерменски, сириски, грчки и латински јазик) потврдуваат дека христијанството се развило од ерменските земји преку проповедта на светите апостоли Тадеи и Вартоломеј, кои во исто време се сметаат ѝ за основачи на Црквата во Ерменија.

Според Светото предание на Ерменската црква, по воскресението на Исус Христос, еден од Неговите ученици, Апостол Тадеи, отишол во Едеса, каде што го излечил од лепра царот Осроени Авгар, и по ова се упатил кон Голема Ерменија, како што проповедало Словото Божјо. Помеѓу многуте негови следбеници, кои го прифатиле христијанството, била и ќерката на ерменскиот цар Санатрук Сандухт. Поради својата христијанска вера, апостол Тадеј заедно со царската ќерка и други свои следбеници, ја прифатиле измачувачката смрт. Неколку години подоцна, на 29 годишнината од владеењето на Санатрук, апостол Вартоломеј отишол во Ерменија по неколкугодишните проповеди во Персија. Тој убедил многу свои следбеници да го прифатат христијанството, меѓу кои била и сестрата на царот, а исто така и многу аристократи. По наредба на царот Санутрак апостол Тадеи го прифатил мачењето до смрт во градот Аребанос, кој е сместен меѓу езерата Ван и Урмија. Денеска постои фрагмент кој го опишува мачењето на првите христијани во Ерменија, на крајот на 1 век и почетокот на 2 век. По подолги воени капмањи на Исток, царот Арташес ги замолил своите проповедници повторно да дојдат во дворецот и да продолжат да проповедат за Христос. Во отсуство на царот, ерменските христијани покрстиле некои од дворските помошнички на царица Сатеник. Поради тоа, тие биле осудени на смрт од синовите на царот. Новите христијани се населиле на падините на планината Џрабашх, каде што живееле во текот на 44 години, по што по наредба на аланскиот цар истите биле судени на смрт.

Во текот на 1 век, за ширењето на христијанството во Ерменија придонеле голем број надворешни и внатрешни фактори. Така на пример, во тоа време христијанство било широко распространето во соседните држави на Ерменија: Кападокија, Осроени и Адиабене. Трговијата, политичките и културните врски со тие земји создале поволни услови за ширењето на христијанството во Ерменија. Покрај тоа, во текот на првите три века од новата ера, Мала Ерменија била дел од римската провинција Кападокија, и по сосема лесен пат христијанството можело да се прошири преку Мала Ерменија во Велика Ерменија. Важен предуслов за ширењето на христијанството било постоењето во Ерменија на еврејски колонии. Како што е познато, првите христијански проповедници обично ги започнувале своите проповеднички активности имено во овие места, во кои се наоѓале еврејските општини. Така Апостол Тадеј, додека бил во Едеса, отседнал во домот на еврејскиот велмож Тубиј. Еврејски општини во тоа време постоеле во главните градови на Ерменија: Тигранакерт, Арташат, Вагаршапат и други.

Тертулијан во книгата "Против евреите", напишана во 197 година ги посочил народите, кои го прифатиле христијанството: партијци, лидијци, фригијци, кападокијци, споменувајќи ги ѝ Ерменците. Кон крајот на 2 и почетокот на 3 век христијаните во Ерменија биле прогонувани од страна на царот Вагарш II (186-196), Хосров I (196-216) и нивните наследници. Овие прогони ги опишал епископот Кападокиски и Кесариски Фирмилијан (230-268) во неговата книга "Историја и прогонствата на Црквата". Евсевиј Кесариски напишал писмо до Дионисиј Александриски "за покајание на браќата во Ерменија, каде што епископот бил Меружан". Писмото датира од 251-255 година. Така кон средината на 3 век во Ерменија постои организирана и призната од Вселенската Црква христијанска општина.


Во 301 царот Тиридат III го прогласил христијанството за државна религија. На овој начин ерменскиот цар го направил религиозното ограничување на Ерменија од Иран, кој се стреми да подчини соседна Ерменија. Најголема улога во покрстувањето на Ерменците имал Свети Григориј Просветител. Во 303 година била изградена црквата во Ечмиадзин (во близина на Ереван), која се претвора во религиозен центар за сите Ерменци. По името на првиот католикос Григориј, Ерменската Апостолска Црква понекогаш се нарекува и грегоријанска црква.

Особености на црквата[уреди]

Догматическото богословие на Ерменската Црква се базира на учењето на големите отци на Црквата од 4 век и 5 век: Свети Атанасиј Александриски († 370), Свети Василиј Велики († 379). Свети Григорииј Богослов († 390), Свети Григорииј Ниски († 394), Свети Кирил Александриски († 444) и други, како и на решенијата, усвоени на Првиот Вселенски собор во Никеја (325 година), Вториот Вселенски собор одржан во Константинопол (381 година ) и Третиот вселенски собр одржан во Ефес (431 година). Покрај христологичното прашање за двете природи на Христос - божествена и човечка, останатото решенија на Ерменската Црква целосно одговара на учењето на Православната црква.

Состојбите по 451 година во Халкидона на Четвртиот вселенски собор довеле до раскол во Христовата Црква. Како последица од овој раскол Ерменската апостолска црква, која до тогаш била во многу блиски односи до Византија, се оделила од т.н. Голема Црква. Православните цркви од своја страна ја обвинуваат Ерменската црква за ерес на монофизитството. Во Новиот Завет се зборува дека божествениот Логос, се родил од Пресвета Богородица, имајќи ја човечката природа.

Понова историја[уреди]

Откако Ерменија ка изгубила својата државност во 14 век, Ерменската Апостолска црква останува централизирана национална отганизација. Во 1441 година Ечмиадзин повторно станал резиденција на Ерменската Апостолски црква. Во периодот од 17 век и 18 век се зацврстиле врските на Ерменците со Руската Империја, преку која врска тие очекувале помош околу нивната борба против Османлиската и Иранската империја. Во 1828 година Ерменија станала дел од православната Руска империја. Како и другите цркви, така и Ерменската Апостолска црква била негативно настроена кон Октомвриската социјалистичка револуција. По формирањето на Првата Ерменска Република (1918-1920) Ерменската Апостолска црква ја поддржувала нејзината влада и и помагала при реконструкцијата на ерменската држанвност. По воспоставувањето на советската власт во Ерменија (1920) црквата зазела лојален став кон Советскиот сојуз.

Најнова историја[уреди]

Денес Карекин II Нерсисјан е врховен Патријарх на Ерменската црква во Ечмиадзин - Католикос на сите Ерменци. Денес Католикосати има во Ечмиадзин и Киликија (денешен Либан) кои се духовни центри на Ерменската црква. Ерменската црква е благословена со уште два Патријаршиски престоли, од кои едниот во Ерусалим, а другиот - во Константинопол. Ерменскиот патријарх во Ерусалим Негово Блаженство Торком Манугјан е чувар на црковните права во Светата земја, а патриархот во Константинопол Негово Блаженство Месроб Мутафјан го претставува ерменскиот народ пред Владата на Турција.

Видете исто[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Портал „Armenia
Портал „Oriental Orthodoxy