Десет Божји заповеди

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дел од серијалот
Христијанство

Христијански крст

Историја на христијанството
Исус од Назарет
Раѓање · Крстење
Распнување· Воскреснување
Велигден

Рано христијанство
Апостолите
Милански едикт · Екуменски совет

Среден век
Голема шизма
Крстоносни војни
Реформација

Свето Тројство
Господ-Отецот
Христос-Синот
Светиот Дух

Христијанска теологија
Црква
Христијанско богослужение
Божествена благодат · Спасение
Проповед на планината
Десет Божји заповеди

Библијата
Стар Завет
Нов Завет
Апокрифи

Христијански звања

Католицизам
Римокатолицизам · Англикализам
Независни· Стар католизам

Источно христијанство
Православие · Древноисточни цркви
Асириска црква

Протестантство
Лутеранство · Калвинизам · Методизам
Анабаптизам · Баптизам · Адвентизам
Евангелизам · Свето движење
Пентекостализам

Антитринитаризам
Јеховини сведоци
Движење за подоцнежните светци
Унитаријанизам
Христоделфијани
Единствен Пентекостализам


Десетте Божји заповеди, или Декалогот, се религиски и морални закони кои, според Библијата, се напишани од Бог и му се дадени на Мојсеј на планината Синај во вид на две камени табли. Играат голема улога во јудаизмот и христијанството. Фразата "Десет заповеди" во основа се однесува на сличниот текст од Книгата Излез [1] и од Второзаконие [2].

Текст на заповедите[уреди]

Во книгата Излез[уреди]

Овој пергамент од 1768 година (612x502 mm) на Јекутил Софер е имитација на Декалогот од 1675 година [3].

Преводот од хебрејски на македонски, пренесен од втората книга во Библијата - Излез гласи вака:

1 Тогаш Бог ги изговори сите овие зборови:

2 „Јас Сум Господ, твој Бог, Кој те изведе од Египетската Земја, од куќата на ропството.

3 Не ќе имаш никакви други богови покрај Мене.

4 Не ќе си правиш врезан лик, ниту некаква слика на она што е горе во небото, или долу на земјата, или во водата под земја.

5 Не ќе им се поклонуваш ниту ќе им служиш, зашто Јас, Господ, твојот Бог, Сум ревнив Бог. Ја посетувам неправдата на татковците - на оние кои Ме мразат - на децата до третото и четвртото поколение,

6 а покажувам милости на илјадници, кои Ме љубат и ги пазат Моите заповеди.

7 Не ќе го изговараш напразно името на Господа, твојот Бог, зашто Господ не ќе го остави неказнет оној кој го зема напразно Неговото име.

8 Помни го саботниот ден, за да го осветуваш.

9 Шест дена ќе работиш и ќе ги вршиш сите свои работи.

10 А седмиот ден е сабота Господова, на твојот Бог. Тогаш никаква работа не ќе работиш: ни ти, ниту твојот син, ниту твојата ќерка, ни твојот слуга, ниту твојата слугинка, ниту твојот добиток, ниту странецот што е внатре во твоите порти.

11 Зашто во шест денови Господ ги направи небото и земјата, морето и си што е во нив, а на седмиот ден се одмори. Затоа Господ го благослови и го освети саботниот ден.

12 Почитувај ги твојот татко и твојата мајка, за да ти се продолжат дните на земјата, која ти ја дава Господ, твојот Бог.

13 Не ќе убиваш!

14 Не ќе прељубодејствуваш!

15 Не ќе крадеш!

16 Не ќе сведочиш лажно против твојот ближен!

17 Не ќе го посакуваш домот на твојот ближен! Не ќе ги посакуваш: жената на твојот ближен, ни неговиот слуга, ниту неговата слугинка, ни неговиот вол, ниту неговото осле, ни што и да е што му припаѓа на твојот ближен!”

Во книгата Второзаконие[уреди]

Десетте Божји заповеди на хебрејски на папирус од втор век.

Извадокот во кој се опишуваат Божјите заповеди сместен во петтото поглавје на Петтата Мојсеева Книга Второзаконие:

6 „Јас Сум Господ, твој Бог, Кој те изведе од Египетската Земја, од домот на ропството.

7 Да немаш други богови покрај Мене!

8 Не прави си резан лик ни некаква слика на што и да е горе во небото или долу на земјата, или во водите под земјата.

9 Не клањај им се ниту им служи. Зашто Јас, Господ, твојот Бог, Сум ревнив Бог. Ги казнувам гревовите на татковците - на оние кои Ме мразат - на децата, на внучињата и на правнучињата,

10 а им искажувам милост на илјадници, кои Ме љубат и ги пазат Моите заповеди.

11 Не земај го напразно името на Господа, својот Бог, зашто Господ не ќе го остави неказнет оној, кој го зема напразно Неговото име.

12 Одржувај го саботниот ден за да го осветуваш, како што ти заповеда Господ, твојот Бог.

13 Шест дни работи и извршувај ги сите свои работи.

14 А седмиот ден е ден на Господа, твојот Бог; не врши во него никаква работа, ни ти, ни твојот син, ни твојата ќерка, ни твојот слуга, ни твојата слугинка, ни твојот вол, ни твоето осле, ниту некое твое добиче, ниту придојденикот, кој е во твоите градови; така што може да се одмори и твојот слуга, и твојата слугинка како и ти.

15 Спомни си дека и ти беше роб во Египетската Земја и дека оттаму те избави Господ, твојот Бог, со силна рака и со испружена мишка. Затоа ти заповеда Господ, твојот Бог, да го пазиш саботниот ден.

16 Почитувај ги татка си и мајка си, како што Господ, твојот Бог, ти заповеда, за да живееш долго и за да ти биде добро на земјата, што Господ, твојот Бог, ти ја дава.

17 Не убивај!

18 Не прељубодејствувај!

19 Не кради!

20 Не сведочи лажно против својот ближен!

21 Не посакувај ја жената на својот ближен! Не лакоми за куќата на својот ближен, за неговата нива, за неговиот слуга, за неговата слугинка, за неговиот вол, за неговото осле, ниту за нешто што е на твојот ближен.’”

Разлики[уреди]

Во извадокот од Излез се забележуваат повеќе од десет заповеди, можеби 14 или 15. Како и да е, Библијата ги ограничува на бројот "10", според хебрејската фраза ʻaseret had'varim— која може да се преведе како десетте зборови, искази или нешта.[4] Различни религии различно ги делат заповедите. Табелата ги прикажува основните разлики.

Заповед Еврејска Православна Римо-католичка, Лутеранска Англиска, Реформирана и други форми на Протестантска
Јас сум Господ, твојот Бог! 1 1 1 -
Да немаш други богови покрај Мене! 2 1
Не почитувај никакви идоли! 2 2
Не употребувај го напразно името Господово! 3 3 2 3
Не врши никаква работа во сабота! 4 4 3 4
Почитувај ги својот татко и мајка! 5 5 4 5
Не убивај! 6 6 5 6
Не врши прељуба! 7 7 6 7
Не кради! 8 8 7 8
Не сведочи лажно! 9 9 8 9
Не лакоми за куќата на својот ближен! 10 10 9 10
Не посакувај ја жената на својот ближен! 10

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]