Мојсеј
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Мојсеј (Иврит: מֹשֶׁה, Арабски موسى) е легендарен еврејски ослободител, водач, создавач на закони, пророк и историчар. Син на Аврам и неговата жена Јошабед.
Живеал од прилика околу 13 и 18 век пред новата ера. Четириесет години живеел во Египет на дворецот на Фараонот; четириесет години живел како пастир во созерцание на Бога и на светот; а последните четириесет години го водел народот низ пустината во Ветената Земја, којашто ја виде, но не влезе во неа, бидејќи во едно Му згреши на Бога (4 Мојсеева 20, 12). Се упокои во сто и дваесеттата година од својот живот. Како чудотворец, според зборовите на Свети Василиј Велики, Мојсеј бил предобраз на Христос. Се јавил на гората Тавор при Преображението на Господ.
Мојсеј е една од најважните личности во еврејската историја.Според еврејските свети книги, Мојсеј ги изнесел евреите од Египет. Негова најголема заслуга е создавањето на Десетте Божји заповеди, кој ги напишал на “табла“ дадена од Господ. Како пророк е признат од јудеизмот, христијанството и исламот.