Руска државна библиотека

Координати: 55°45′07″N 37°36′35″E / 55.75194° СГШ; 37.60972° ИГД / 55.75194; 37.60972
Од Википедија — слободната енциклопедија
Не е исто што и Руска национална библиотека
Руска државна библиотека
Российская государственная библиотека
Поглед на библиотеката
Карта
Основана1862[1]
МестоМосква, Русија
Ограноци3
Фонд
Обем44.800.000 (2012)
Пристап и употреба
Опслужува93.100 (2012)
Други информации
Буџет1.740.000.000 RUB (2012)
ДиректорАлександар Вислиј (ген. дир.),
Владимир Гнездилов (изв. дир.),
Виктор Фјодоров (претседател) [1]
Кадар1830 (2012)
Службена страницаhttp://www.rsl.ru
Карта

Руска државна библиотека (руски: Российская государственная библиотека) — национална библиотека на Русија, сместена во Москва. Ова е најголема библиотека во земјата и четврта по големина во светот, со фонд од 17,5 милиони книги.[2] Од 1925 до 1992 г. го носела името Државна библиотека на СССР „В. И. Ленин“ (Государственная библиотека СССР имени В. И. Ленина).

Библиотеката има повеќе од 275 км полици со преку 43 милиони единици,[1] од кои 17 милиони книги, 13 милиони периодика, 350.000 партитури и звучни записи, 150.000 карти и друг материјал. Опфатени се вкупно 247 јазици, што изнесува 29% од збирката.

Помеѓу 1922 и 1991 г. во неа е поднесен барем еден примерок од секоја книга издадена во СССР, и оваа депозитна практика продолжува до денес.

Историја[уреди | уреди извор]

Библиотеката е основана на 1 јули 1862 г. како првата бесплатна библиотека во Москва, под името „Библиотека на јавниот Румјанцевски музеј“ или „Румјанцевска библиотека“. Румјанцевскиот музеј бил првиот јавен музеј во Москва и ја содржел збирката на грофот Николај Румјанцев отворена за јавноста како подарок за народот. Опфаќала бројни стари ракописи и многу нумизматички и етнографски предмети, 200 уметнички слики, преку 20.000 гравури, избрани и пренесени од Ермитаж во Санкт Петербург и изложени во дворецот Пашков дом недалеку од Кремљ). На денот на отворањето, царот Александар II ја подарил сликата Јавлението Христово пред народот од Александар Иванов.

Пашковиот дом — стариот објект на библиотеката

Со текот на годините, збирката се зголемувала со нови подароци од финансиски средства и предмети, од кои многу слики, старини и икони. Фондот толку се зголемил, што на почетокот на XX век е изградена посебна зграда до Пашковиот дом, во која се сместени сликите.

По Октомвриската револуција, музејот ги збогатил содржините во голема мера и се соочил недостаток на простор и финансии, бидејќи сега средствата оделе во Пушкинскиот музеј, кој ја презел неговата улога. Во 1925 г. е одлучено да се распушти Румјанцевиот музеј и неговите збирки да се распоредат по разни установи во земјата. Западноевропските уметнички дела и старини се пренесени во Пушкинскиот музеј, а Пашковиот дом бил преименуван во „Стара зграда на Руската државна библиотека“ и во неа се сместени исклучиво библиотечни материјали.

Поради потребата од многу поголема зграда, во 1930 г. започнала изградбата на новото здание на библиотеката — дело на архитектите Владимир Шчуко и Владимир Гелфрејх, кои ја проектирале неколку години пред тоа.[3] ПРвата фаза е завршена во 1941 г., во „модернизиран неокласичен стил“, кој значајно се разликувал од строгиот модернизам на изворниот проект од 1927 г.[4] Читалницата за 250 луѓе е довршена и отворена во 1945 г., а другите надополнувања продолжиле сè до 1960 г.[5] Во 1968 г., зградата повторно се преполнила, поради што почнала изградба на склад во Химки, каде се префрлени весниците, научните трудови и помалку бараните книги. Првата фаза на складот е завршена во 1975 г.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Руска државна библиотека“. Посетено на 20 ноември 2010.
  2. http://leninka.ru/index.php?doc=2661
  3. „Историја на Руската државна библиотека. 1917–1941, стр. 4“. Посетено на 2008-12-10. (руски)
  4. Иконников, А.В. (1984). Архитектура Москвы, XX век. Московский рабочий. стр. 98–99.
  5. 5,0 5,1 „Историја на Руската државна библиотека. 1945–1992, стр. 1“. Посетено на 2008-12-10. (руски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

55°45′07″N 37°36′35″E / 55.75194° СГШ; 37.60972° ИГД / 55.75194; 37.60972